- Член од
- 17 октомври 2011
- Мислења
- 14.855
- Поени од реакции
- 36.921
Дефинитивно серијава како да ја загуби насоката. Ужасната глума на Ана Торв нема да ја коментирам, тоа може било кој да го забележи, а и мене искрено ме изненадува Џошуа Џексон во петтава сезона. И не ми е многу забегано се со Опсерверите (Набљудувачите - по македонски ) само некако како да ја изгубија насоката во целата приказна. Нели „не учеа“ дека тие можат да бидат во секое време и на секое место секогаш, поради нивната поразлична перцепција на просторно-временскиот континуум од нашата? Па ако е така, уште одма можат да ги скинат и Оливија, и Питер, и Волтер, и Астерикс ( ), а не како што е прикажано, дури и да не можат да ги лоцираат каде се. Друго - ако они веќе го доживеале откровението (апокалипсата, doomsday-от), тогаш по некоја логика, пак се движат кон тоа, зошто нели не смееја да интервенираат во текот на нештата (или сега им е дозволено???). Трето - и јас сум уверен дека Питер е Септември, затоа и интервенираше за да го спаси по пукањето на ледот кога тој беше дете, со образложение дека бил важен. Но се сеќавате ли на Опсерверот во... не знам која сезона беше... што интервенираше за да ја спаси таа девојката во која беше заљубен? И зошто интервенираше? Затоа што имаше некаква емоционална врска со неа. Епа еве ја уште еднаш емоционалната врска - Септември кон Питер, т.е. кон самиот себеси.