Еееее сине мој, сине мој. Лажу, лажу ме, да време лечи све, можда сиду и туморе, ал људи никад не. Дванаесет години ќе останат непребол. Да ти кажам како јас гледам. Не е Никотина само завист. Никотина е страст, пасија, опсесија, фаталност, кортекс, хипоталамус и хепар. Можеш ли туку така да се откажеш од твојот сон, од жената на твојот живот, од литар крви и обе руке? Мислиш дека кукла на дување може да замени крв и месо, или оние пластичните патлиџани што ги служат во Скандинавија се вкусни колку нашите Струмички? And did they get you to trade, your heroes for ghosts, hot ashes for trees, hot air for the cool breeze? Зарем мислиш дека ова е трик, илузија, Крис факинг Ејнџел и Дејвид Копефилд, пар огледала, завеси и дублери? Зарем мислиш дека Никотина е заменлива, дека можеш да ја превариш, излажеш, заобиколиш без последици? Зарем не знаеш дека на сите почесни стрелби од 18, 19 и ран 20-ти век, последната почит изразена кон оној кој набргу требало да биде усмртен било со чаша алкохол и последен бакнеж од Никотина. Што се Леми, Том Вејтс, Коен, Тома, Аца па и Ферид Мухич без неа? Не, не, ти не си спремен за оваа голгота, сеуште. Дури и симпатично е колку наивно, простодушно и лекомислено пробуваш да влезеш во едно патешествие кое наложува Сизифовски труд, Кафкански лавиринт, Камиевска парадоксалност.
Прв пат стапив во контакт со неа некаде од прилика кога ти си се родил, меѓутоа активно почнавме да комуницираме 5 години подоцна, 1999-та. Со неа прв пат си ги разочарав родителите, без неа немаше да дипломирам, со неа полесно ми беше ебано се, без неа чинам ќе потонев илјада пати до сега. Моментот кога ја вадиш од табакерата ја потчукнуваш 2-3 пати од самата табакера од страната на филтерот за тутунот внатре да се компресира односно да не биде раслоен, ја ставаш на усни, вадиш зипото го правиш тој неодолив метален звук на отварање на капачето кое делува толку моќно, маскулинесто, победоносно, се осеќаш како Џејмс Дин после најслатките фантазии со да речеме Натали Вуд. Нити една чашка шток, нити една конзумација на жена, нити пак моите каскадерски младолачки глупирања во потрага на адреналин преку рипање од стрмни 25 метарски карпи во море или скоро 40 метраски слободен пад врзан од кран со 9.81м/с2 немаше да бидат комплетни без Никотина. Толку многу ноќи биртијашки и непроспиени заедно кога вечерта си одбил дури и жена само за да бидеш со Никотина, ракијата, кириличната балканска музика која единствено те носи во некои димензии во кои не можат ни Пинк Флојд, ни Ентерпрајз било со Вилијам Шетнер, Жан Лук Пикард, овие поновиве и да не ги спомнувам, и секако друштовото и атмосферата. Да се заљубиш, да излезеш во бурата, и едноставно да бидеш king of the hill. Колку само работите добиваа смисла, колку само надежта цутеше, колку само оптимизмот преовладаше. Влегува во тебе, и едноставно ништо после тоа не е толку невозможно, се може да се направи, да се изведе, да се преброди. И ти мислиш дека тоа исчезнува преку ноќ, дека туку така можеш да ја викнеш Шер да ти го врати времето назад? Ја сонувам секој 4-5 вечер, како сме пак заедно, како приказната е сосем друга, каде што јас сум посреќен. Тоа е таа моја фаталистичка посветеност кога за нешто ќе се приврзам. Ме прогонува дури и во сон. Знаеш ли некогаш колку само малку фали да срушам се, како оние будистите на Тибет кои прават мозаици од зрнца песок дури и по десет, дваесет години за откога ќе ги завршат со еден потег на раката уништуваат се'? Знаеш ли колку смртта станува толку нерелевантна, тривијална, небитна декадентност пред една таква величина? Не ти е гајле дали ќе биде утре или по 100 години се додека ја имаш Никотина, не ти е гајле ништо.
Нареден понеделник правам 8 месеци. И 12 март беше понеделник. Не сум ја откажал. А и нема никогаш, огромна е таа моќ а јас не сум толку силен. Знаеш кога ќе ја откажеш? Кога ќе можеш да запалиш кога сакаш. Денес една две, тек после месец дена една со друштво, тек после тоа два месеца две оти на брат ти му се родило дете. Јас тоа не го можам, или ќе ја конзумирам колку сакам или никако, средина нема, намалување денес помалце утре уште помалце нема. Едноставно ја гледаш судбината во голи очи, свинско печење после цел ден глад, туш и кревет после 48 саата возење со автобус Скопје-Београд-Беч и даље на запад где нас судбина понесе, Мила Кунис и Џесика Алба голи пред тебе во сатенска постела во куќарка на Бора Бора со стаклен под, под кој пливаат ајкули те повикуваат со показалецот а ти треба да кажеш категорично-НЕ! Ќе можеш ли? Јас не можам. Јас само се мачам, што ако не сум со неа. Сега да ми соопшти некој дека за 10 минути ќе умрам турам од 20 годишниот шток дома и палам Малборо лајт, или ако најдам Парламент. Ете ми ја и табакерата и зипото на 3 метри воздушна линија од кај што сум сега во моментов, за 10 секунди може да биде готово се. Единствена бариера помеѓу мене и неа сум единствено јас и мојот вонсериски инат на кој му должам скоро се. А стравот е уште сеприсутен, моќен скоро колку и првиот ден. И се додека е тој тука јас не сум ја добил битката. Туку едноставно сум во една за сега добро обезбедена тврдина која е од 4 страни под опсада. Што би му рекол Ежен де Растињак на градот Париз на крајот-А сега да се пробаме јас и ти, чија мајка црну вуну преде.