Како да се откажете од цигарите?

  • Креатор на темата Креатор на темата *princess*
  • Време на започнување Време на започнување
Дали некој знае ефтини па и скоро бесплатни начини на кои би се откажал од пушење? знам дека постои никотин фластер и електронски цигари ама многу се скапи тие...
Некои други трикови?
 
ќе се поправиш едно 10тина кг ама ако си упорен (барем дур си помлад) ќе успееш. Ќе си речеш не пушам и готово.
или можеш постепено: утре две да запалиш, задутре една и позадутре веќе да немаш ниедна цигара во близина. (y)
 
само волја. На неколку теми имам пишано па може некој ќе помисли дека се фалам ама пред година и нешто ги остајв цигарите и ослабев 28 кила само со волја и ништо друго. Се е можно само треба да се решиш. Ти посакувам успех.
 
Немојте со темава:cautious:

Никако да се решам да ги оставам, а веќе 2 години одложувам.

Инаку да ви раскажам една случка на бензиска. Пумпашов човек во години, се знаемо од точење на точење. Случајно запраевмо муабет за откажување на цигари, он вика дека ги откажал пред десетина години, а ми раскажуваше како ги откажувал цигарите. Вика ќе дојдем у 2 навечер дома од бифе предозиран од цигари и ќе речем: готово, више не пушим и ќе ги фрлим позади регал. Сабајлето жената напраела кафе, абе ќе го окршим регалот дур ги докачим.
Сум умрел од смеење:)
 
Дали некој знае ефтини па и скоро бесплатни начини на кои би се откажал од пушење? знам дека постои никотин фластер и електронски цигари ама многу се скапи тие...
Некои други трикови?
Едноставно прекини.Толку.Кризата е минлива, ништо страшно.Биди карактер :D
 
За некој не успева тоа едноставно да прекине и да има цврст став со тоа бидејки сигурно постојано е опкружен со пушачи, досадно му е па пуши, со кафето запали другар му и не се издржува така
 
Дај си наградата нешто што го сакаш а го немаш доколку не пушиш една недела/месец а ако издржиш толку после е полесно :)
 
Прашај во аптека за Табекс таблетки, околу 60-70денари е лента, во неа имаш 20 (цело паковање не ти треба многу се) знам дека делуваат и тоа за кратко време, само треба да си решен дека сакаш да ги откажеш. Малце ќе иде тешко на почетокот посебно коа пиеш кафе, па гледај барем и кафето намали го додека ти се навикне организмот. Пробај, и биди упорен. Ајде, маж ли си што ли си :icon_lol:
 
Ај прекинете со советите "едноставно прекини". Многу е лесно да се каже тоа особено кога си непушач. Заборавате дека е тоа зависност.... некои другари дури и ми го рамнеле со оргазам, понекогаш. Да, "едноставно прекини" може да проработи кај 1 од 100.

Моите совети се слични како кај сите зависности. Само што од оваа зависност бенефитите се најголеми, односно подобро здравје и треба да е помотивирачки. Не пробувајте наеднаш, туку постепено намалување на бројот на испушени цигари во еден ден. Константно потсетувајте се за бенефитите што ќе ги добите: побели заби, помалце кашлање, overall подобро здравје, не ги загадувате вашите блиски, повеќе пари за други работи. Можеби ќе звучи како некое докторско клише али пробајте нешто друго за замена за цигара, како на пример каснете јаболко :)

Значи, пушењето е поврзано со тоооооооолку многу болести што навистина не знам што повеќе ви треба. Си се вадите, мислите гледате стари баби/дедовци што пушат со децении а вам ви изгледа дека они се сосема здрави па и на вас нема да ви биде ништо? Се лажете. Ќе се најде еден ваму таму здрав ама не вреди ризикот. Плус не заборавајте дека имаат живеено в село...

За крај една слика што ми клечи на фејсбук 2 години.

P.S. Пушачите отсекогаш сум ги сметал за слабаци.

3MRVY.jpg
 
небива,криза фаќа...би сакал совети од некој што го успеал тоа...
Не е тешко. Треба да го репрограмираш умот, да го насочиш у друг правец. Тебе ти е филм да пушиш и не можеш да се замислиш без цигара у рука, таа е дел од твојот идентитет. Смени го филмот, прекини со цигарите после последната од кутијата и почни да вежбаш секој ден било да се стомачни, кардио вежби или др., храни се здраво, мисли здраво, постапувај здраво, кога некој ќе ти понуди цигаре одбиј со гадење и презир ма колку и да ти се пали у моментот, натерај го умот да створи одбивност кон тоа ѓубре. Репрограмирај се. Вчера направив пет месеци од ко непушам и топ ми е. Имам две запалено у овие пет месеци, но не ми ја повратија волјата за пушење.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom