Добро иди пријави се за гатачка. Ќе те има на телевизија и ќе заработуваш пари , од твоите пророчки спосовности.
Не е различно рачунањето, друго е проблемот, проблемот е што многу компании Мајки од своите фирми ќерки од Македонија кон странство им префрлаат пари зошто нивните Мајки фирми во странство се сочуваат со проблеми па повлекуват пари од своите фирми ќерки. Зошто на СДИ вложени во Македонија се одземаат парите изнесени од Македонија кој странство и на крај се добива СДИ. А оваа година тоа е многу повеќе изразено , ама тоа ти е твојата експертска држужина од Кајгана кај може тој податок да го знаете.
Објавено 01 ноември 2012, 16:20,
ГРЧКИТЕ КОМПАНИИ ИЗНЕЛЕ 70 МИЛИОНИ ЕВРА ОД МАКЕДОНИЈА!
http://www.kapital.com.mk/mk/makedo...ii_iznele_70_milioni_evra_od_makedonija!.aspx
Сега рачунај чим Грците само 70 мил евра , изнеле од државата колку и други држави извадиле и пак сме во плус со СДИ. Ама пред вака да изиграваш паметен научи нешто по основи на економија како се рачуна СДИ по која методологија итн, па после продавај мозок а не да ми лепиш етикети.
Ајде и ти назад на факултет прва година да учиш методологија за рачунање СДИ.
Ем шуто ем боде , викааат некој и јас не знам со кој памет немаат ни основни познавања по економија ниту знаат методологија на рачунање СДИ, а само нешто мрчат .Инаку добар податок им извади , како ги ошамара ќе боли ова, ме мрзеше да барам податоци , инаку и јас ќе објавев но за секој што ќе напише две реченици глупост да морам да му вадам податоци ни 24 саати на ден немаше да ми стигнат само податоци да вадам а камоли да се објаснувам.
Го прикажуваат како одлив не како негативна странска инвестиција. Имаше еден месец оваа година каде што СДИ беа во минус.Значи можно е.
Сега следи едно кратко
ШТО?
Како сте ме испуштиле бе од ваков сеир срам да ви е! Во СДИ си пресметуваат одлив на профитот

Ем од кај незнаат како се пресметува СДИ ем сксперти ви изиграваат на темава, демек СДИ се намалиле оти добивката си ја пренеле во мајката компанија
Ајде лавче врати се во факултет правец да си ја научиш лекцијата. Уствари еве јас ќе зборувам, а ти слушај внимателно:
СДИ се пресметува како:
- сопственички капитал и реинвестирана добивка
- побарувања од поврзаните претпријатија во странство (фирма мајка и сестрински фирми)
- обврски кон овие „фамилијарни фирми“
Реинвестираната добивка се смета:
- вложена во капитал
- во резерво
-покривање на загуби
-нераспределна добивка
- непокриени загуби
Бидејќи тешко ти одат термините да ти објаснам што е добивка. Добивка е после сметководствениот период од една година, она што ќе остане после измирени обврски кон комитенти, плати и обврски кон државата вклучувајќи го и данокот на добивка. Нели со данок на добивка имаме бруто и нето добивка. Чисто да ти дефинирам, бидејќи незнаеш.
Значи во СДИ се брои РЕИНВЕСТИРАНАТА ДОБИВКА! прво.
Прост пример за да ме сфатиш. Ти си енглез и идеш во Македонија отвараш трафика. За да ја отвориш вложуваш 5 денари. Тие 5 денари се запишуваат во СДИ денот кога си ги вложил, месецот и годината. Толку. Следна година остваруваш добивка 2 денари. НБРМ зема еден лист и вели види енглезов 2 денари оствари профит пиши му во СДИ во месецов и годинава 2 денари. Енглезов следна година нула добивка, НБРМ на китапот пишува енглезов го нема овој месец и оваа година. И последната година енглезов вика ова ти е луда држава ја продава трафиката, му останале вкупно од неа 3 денари ги зема и заминува. НБРМ вика арно му текна пиши таму минус 3 деанри оваа година и овој месец.
Второ побарувањата од фамилијарните фирми се запишуваат во посебна ставка, тоа се средства ненаплатени за извршени услуги. Едно пенкало да им земеле од странство, тие мора да им го вратат или платат на фирмава во Македонија. Бидејќи повеќето се производствени, тогаш едната произведува и откупува од другата, работат како засебни фирми.
И трето обврски она што треба да им платат за извршени услуги.
Ете таке.
Значи Грчките компании од Македонија изнеле 70 милиони добивка која не ја реинвестирале во земјава! Тие пари кои не ги реинвестираат, не се бројат во пресметка на СДИ.
А СДИ може да се прикаже во минус тогаш кога странската инвестиција должи повеќе одколку што побарува кон фамилијарните фирми или го изнесе почетниот сопствен капитал која си го донела при упис! Значи да ти појаснам, џабе е СДИ кога работи со загуба, односно во превод ПЕРЕ ПАРИ.