Фан клуб: МЗТ Скопје

  • Креатор на темата Креатор на темата arap
  • Време на започнување Време на започнување
како прво!!! СТРАНЦИТЕ МОРА СИТЕ ДО ЕДЕН ДА ЛЕТААТ, освен дејвис!!!
инаку, многу поголема шанса треба да добијат македонските играчи, особено горјан и кире. се ми се чини дека и попоски потпиша за вас, ама оти не игра, не знам???
нишо поарни не се странциве, а од то шо нашите играчи би играле, бенефит би имал и МАКЕДОНСКАТА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА!!!
а дали не можи сега на сред сезона, да се донесат некои нови, македонски играчи од другите клубови на позајмица???
 
Може, само кажи ми ти кои се тие играчи од македонските клубови кои вредат за јадранска лига и кои тимовите без проблем би ги пуштиле на заем?
 
Aruna_Kone: апсолутно си во право за Далман, ама уште повеќе нервира што ни по првава утакмица со Пипан, гледам дека и он не го игра воопшто ... па кај кур гледаше Ацо кога носеше центар од 2 метра бе ... или во штикли да не му бил Далман тогаш?
 
Се што може да се прочита овде е чудо:facepalm:Па дали сте свесни колку пари се 500,000?Илиевски нема повеќе од 200,000 у Цедевита,па Бо Мек Кејлеб играше у Паризан за 220 или 250,000,а Влатко е веќе во години и нема толку голема плата.
Иначе јас сум повеќе за Бакиќ отколку за Мијајловиќ,затоа што Бакиќ уште не е вклопен во системот на МЗТ и као друго Бакиќ не е класичен плејмејкер туку е бек-шутер.Ноа Далман нема квалитет за Јадранската Лига и неговото заминување до некаде е и оправдано.
 
Може, само кажи ми ти кои се тие играчи од македонските клубови кои вредат за јадранска лига и кои тимовите без проблем би ги пуштиле на заем?
сите млади играчи кои се дел од македонија У21, наместо да потпишуваат за други клубови, можеа комотно да дојдат во мзт. овие странциве не се нишо поарни! шо му фалеше на бојан крстевски. не е добар за во мзт, а добар е за во кавала???
и дај некој нека пиши ако знај за попоски!!!
 
Да, не е добар за МЗТ, ама добар е за у Кавала. Затоа што Кавала се просечен клуб кој моментално е последен во грција со скор од 0 - 3. Кои се тие У21 репрезентативци кои имаат квалитет за јадранска лига? Па ти си видел ли каде ни заврши У21 репрезентацијата летово? А странците се сите утка освен Дејвис. Ако успее Николиќ да си ја врати формата и самодовербата од припремите ќе биде скроз друга работа. Истото важи и за Мијајловиќ, ако ја врати формата од лани ќе биде добро, ама сепак мислам дека ќе се посере и на крај ќе лета. Затоа на овие двајца би им дал шанса до полу сезона. За Бакиќ не ни мора да се збори, се гледа на терен и во статистиките за него... Далман иако има одлични квалитети, сепак физички не е дораснат за оваа лига.
 
Не викам дека сите треба да се избркаат, делеку од тоа. Сигурно дека има квалитет во тие играчи, ама недозволиво е на еден натпревар од АБА лига да се прават толку многу грешки. Им испаѓа топка од раце, центрите место под кош маваат тројки, тие што треба да ја размрдаат играта стојат под кош, и да не набројувам уште...Треба еднаш да добијат по уши и да сфатат некои работи. Јас не сум некој експерт по кошарка ама се нервирам кога гледам што праат.

Ако нема плејови кои можат да им ја дадат топката под кош немаш многу опции.Нашиве плејови најблиску што им ја даваат е на слободна или на тројка.Од тројка до под кош центар не може да се пробие ( барем не повеќе од еднаш).

Плеј е најважна позиција во еден тим,ти ако сакаш Шек и Хауард имај ги под кош ако примаат топка на слободни нема да можат нешто многу да направат.

.
--- надополнето: 2 ноември 2012 во 18:26 ---
сите млади играчи кои се дел од македонија У21, наместо да потпишуваат за други клубови, можеа комотно да дојдат во мзт. овие странциве не се нишо поарни! шо му фалеше на бојан крстевски. не е добар за во мзт, а добар е за во кавала???
и дај некој нека пиши ако знај за попоски!!!

Бојан Крстевски не е на ниво за во АБА.Следната сезона ако се покаже во Кавала би можело да се размисли.Ова што го покажува монетално е незадоволително.Треба секој натпревар да има дабл,дабл за да има надеж дека би можел да се носи во АБА.

Останатите се недопирливи Николов и тој другиот што имаа по 25 поени по натпревар имаат договори со тимови во Турција и Србија и еден е на колеџ во САД.Да се вратат да играат за МЗТ би требало да се луди.

Може следната сезона некој од Вардар младинциве ако ептен се покаже,или Костоски ако продолжи вака со Куманово до крај на сезона и со репрезентација ако покаже нешто али тоа е тоа,со најголема надеж би имало едно 1-2 играча млади во Македонија кои следната година би можеле да играат за МЗТ.

.
 
Добро прво полувреме,одлична одбрана. Иначе само јас ли приметив дечко со зелена мајца Чкембари во публика? :)
 
СТАНКОООО!!! :vozbud: Каква игра човече... Директен виновник што најдобриот нивни играч е надвор 15 минути. Браво. Одма му ги простувам 2та бунари. Ете го и Дамјан распали. Башка и како игра во одбрана, воопшто не ме чуди што не излезе од игра. Србите стандард лоши али очигледно Пипан малце ги построил. Дејвис исто изигра топ. Кире и Гече исто. Едино Огнен почна лошо али се опраи после. Браво, само нека продолжат вака. Идеме на победа!
 
За 2 минути - 3 петти лични грешки.Судиите стандард во елемент.Добро шо ја промашија тројкава.

НЕНОРМАЛНА РАБОТА :нинџ:

Дејвис златен џокер последни два напади!
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom