Derby d'Italia, Juventus - Inter, 03.11.2012

  • Креатор на темата Креатор на темата Leo Bonnie
  • Време на започнување Време на започнување

Прогноза за натпреварот


  • Вкупно гласачи
    180
Статус
Затворена за нови мислења.
Сакам, си се надевам и по малку очекувам и победа.
Одморени доаѓаат Марк и Видал, средината ќе си биде комплетна. Одбраната исто, а нападот ваљда како и секогаш различен. Уиграни си се, би требало да се извојува една победа.

Ако се случи „чудо“ Јуве да изгуби, подобро тоа да биде од ваква екипа, него ли од некоја боса.
 
Не ми се верува Јуве сега да изгуби.
Пази што пишуваш на Филм и ТВ во следниве 4 дена :sneaky:

Од аспект на двата тима важно е да не се загуби. Јувентус сака да ја продолжи серијата и да ја зачува предноста, Интер не смее да дозволи да падне на -7. Сепак, дерби е и кој ќе добие шанса ќе даде се од себе да ја искористи. Предност му давам на тимот што ќе постигне прв гол затоа што на вакви натпревари не е лесно да се вратиш во игра. Се надевам дека ќе ги плеснеме.
 
Ќе биде тежок меч. На сеуште неосвоената тврдина ( Јувентус Арена ) доаѓа Интер, кој има 6 победи по ред. Јувентус во последните 6 натпревари има 1 нерешен резултат и 5 победи.
Јувентус го има најдобриот напад ( ако може така да се каже :facepalm: ) заедно со Рома со постигнати 22 гола, и ја има најдобрата моментално одбрана со 5 примени голови. Интер сега за сега се заслужено на 2 позиција на табелата.
Сите знаеме со што тим ќе излезе Конте/Алесио, но енигмата е со кои единаесетмина ќе излезе Страмачиони, дека често прави ротации во составот. Навивачки сакам да победи Јуве ( и гласав за победа на Јуве ), ама се ми изгледа како нерешено дека ќе испадне. Дајбоже Интер да се отворат, како што Рома го направи тоа :icon_lol: Ако победи, или одигра нерешено Јуве, тоа ќе биде 50 натпревар без пораз во Серија А :cuc:

 
Дербито на Италија.Нај долго очекуван меч ми е.Најмногу сакам да ги гледам овие две екипи кога се среќаваат.Каков и да прикажат фудбал на теренот за мене имаат чиста 10ка.За прогноза се разбира дека највеќе влече накај нерешено со што нема да бидат незадоволни и двете екипи,но од друга страна им давам мала предност на Јуве затоа што играат на домашен терен и дека на дерби натпреварите знаат да одиграат навистина квалитетно.Но имам голем респект за составот на Интер сезонава и можам да кажам дека досега се единствениот тим кој што реално може да се носи со Јувентус.Нека победи подобриот и се надевам на навистина фер судење со што помалку грешки и на едната и на другата страна.Форца Јуве.
 
Од навивачки аспект, а секако и од реален, типувам на Јувентус. Поодморени и посвежи = победа.
 
Подобар роденденски подарок од победа против Интер, тешко дека ќе се најде. ;)
А сега, од фудбалска гледна точка, оваа утакмица може да тргне во секој правец. Нема фаворит, како и секогаш, на ваквите дерби натпревари. Моја лична желба е да победи Јуве, и мислам дека можеме до победа. Имаме одморени играчи после утакмицата со Болоња, така да може да излеземе со цел состав. Но, од друга страна, по лошата сезона, Интер се враќа. Играат добро, и реално, изненаден сум од ваквото брзо враќање. Не дека немаат играчи, напротив, ги имаат и повеќе од доволно, но мислев дека ќе им треба повеќе време да се вратат.
Сепак, еве ги Интер, против Јувентус, на Јуве арената, со надеж за победа. Но и Јувентус е исто толку мотивиран и не смее да дозволи да изгуби. Ќе биде интересно во секој случај.
X е и најреално предвидување, но мислам дека Јувентус ќе успее да дојде до минимална победа. Сепак, ќе видиме.
Нека победи подобриот :)
Forza Juve

Побрзо татко ти точак со 21 брзина ќе ти купи одколку јуве да победи ;)
 
292702_382708418470205_334219798_n.jpg
 
Побрзо татко ти точак со 21 брзина ќе ти купи одколку јуве да победи ;)
Ај ај што толку сигурни сте дека нема да изгубите почекајте до сабота, после ќе лафиме тука :sneaky:
 
Ке биде тежок натпревар,ова се двете најквалитетни екипи во првенството,очекувам Јуве конечно да доживее пораз и да дојдеме до -1 и уште поинтересна трка до скудетото.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom