Derby d'Italia, Juventus - Inter, 03.11.2012

Прогноза за натпреварот


  • Вкупно гласачи
    180
Статус
Затворена за нови мислења.

Leo Bonnie

Кад се врате скитнице
Член од
20 декември 2008
Мислења
4.444
Поени од реакции
5.441
Дерби на Италија, Јувентус - Интер

Оваа сабота во Торино се игра првото сезонава Дерби на Италија. Актуелниот шампион Јувентус и лидер на табелета против второпласираниот тим и смртен непријател Интер. Сезонава за прв во последните 4-5 сезони свете екипи се наоѓаат на врвот од табелата. Во овој натпревар нема фаворит, ако можеше Чиро да го победи Мурињо, можи и сега се да се случи.

Јувентус доаѓа од контроверзна недела после победата на гости кај Катаниа и победата со Болоња во 94 минута и има серија од 49 натпревари без пораз, додека Страмачиони полека го враќа Интер на победничките патеки и има 6 победи едно по друго и максимален ефект на гостински терен во 5те натпревари на кои има примено само еден гол. Едно е сигурна, нечија серија ќе биде прекината.

Јувентус го има цел состав на располагање, предводени од бившиот интерист Пирло, додека Страмачони е енигма за противникот и секој натпревар вади различен состав. Сепак, главна цел на Јувентус ќе биде да се запри Милито додека Интер по враќањето на Самуел игра многу подобро во одбраната и не очекувам да имаат многу проблеми од напаѓачите на Јувентус и најголемата опасност по нивниот гол ќе доаѓа од прекини и преку крилните играчи Асамоа и Лихштајнер.

Е сега мое лично мислење за натпреварот е дека ќе заврши 0-0 и 1-1 од проста причина шо многу е рано во сезоната за ризикување на ваков натпревар и двете екипи би биле задоволни од бод, Јувентус го очекува многу важен меч од лигата на шампиони додека на Интер бодот добро би му дошол во зачувување на втората позиција на табелата но и добро би влијаел врз мотивацијата на играчите.

Толку од мене, се надевам на добар и отворен фудбал од двете страни и по можност судијата да не ја упропасти утакмицата.
 

Бавча

идол на младите
Член од
25 декември 2007
Мислења
11.606
Поени од реакции
10.846
Се знае оваа сезона кој е шампион така да нема ни потреба да се коментира. Јуве ол д веј.
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
42.811
Поени од реакции
83.991
Не ми се верува Јуве сега да изгуби.
 

Me2

интериста
Член од
21 ноември 2009
Мислења
5.205
Поени од реакции
2.199
Реално ќе биде нерешено, но сепак се надевам на победа на Интер како навивачки тип :)
 

Marquess

Ербап
Член од
20 јули 2009
Мислења
6.039
Поени од реакции
12.463
Zadovolen i so bod,tezok natprevar ,so mnogu taktiziranje,taka da moj tip 0-2 gola.neka pobedi podobriot!
 

Syn

^ Фабричка грешка
Член од
23 декември 2007
Мислења
29.146
Поени од реакции
40.870
Додадов опција Нерешено, не за друго, така и мислам дека ќе заврши.
Што се однесува за моево мислење за мечов, тука до некаде го кажав мојот став.
Немојте само да ја труете темава еј.
 

Daniel.

Juventino per sempre
Член од
18 август 2009
Мислења
620
Поени од реакции
356
Подобар роденденски подарок од победа против Интер, тешко дека ќе се најде. ;)
А сега, од фудбалска гледна точка, оваа утакмица може да тргне во секој правец. Нема фаворит, како и секогаш, на ваквите дерби натпревари. Моја лична желба е да победи Јуве, и мислам дека можеме до победа. Имаме одморени играчи после утакмицата со Болоња, така да може да излеземе со цел состав. Но, од друга страна, по лошата сезона, Интер се враќа. Играат добро, и реално, изненаден сум од ваквото брзо враќање. Не дека немаат играчи, напротив, ги имаат и повеќе од доволно, но мислев дека ќе им треба повеќе време да се вратат.
Сепак, еве ги Интер, против Јувентус, на Јуве арената, со надеж за победа. Но и Јувентус е исто толку мотивиран и не смее да дозволи да изгуби. Ќе биде интересно во секој случај.
X е и најреално предвидување, но мислам дека Јувентус ќе успее да дојде до минимална победа. Сепак, ќе видиме.
Нека победи подобриот :)
Forza Juve
 

@Lbaneso

Лаеш НЕ касаш !
Член од
19 ноември 2009
Мислења
2.425
Поени од реакции
798
Тепаме 2-0

Не знам како викате реално нерешено гледајќи по табелата да може да се рече АМА Јувентус има поквалитетен ТИМ и секако се игра на домашен терен сума сумарум има да ве :drk:
 

Џони Вајсмилер

Don't share my food
Член од
15 февруари 2010
Мислења
15.489
Поени од реакции
15.506
Конечен резултат или 1-0 или 1-1

За Јувентус голот ќе го постигни или Видал или Маркизио...а аз Интер Паласио....mark my words:D
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom