Смртта - крај или нов почеток?

  • Креатор на темата Креатор на темата OSHO-Lover
  • Време на започнување Време на започнување
Повеќе верувам во реинкарнација отколку во крајот.
 
Да не забегаме ептен во тоа дали има крај или не, реинкарнација, рај или пекол... бла бла бла... Да се соочиме со смртта оти може ептен да ни помогне... еве еден пример...
Доколку ти преостанува уште да речеме приближно еден ден живот... и знаеш дека после тоа смртта е неизбежна... што би се променило во тебе...?(јас мислам многу нешта, дали ќе се замараш со нештата кои пред тоа си ги земал здраво за готов како нешто пресериозно и многу страшен и голем проблем, што и да е, јок... туку тој останат ден ќе го живееш тотално и ќе сакаш да го исцедиш секој момент до последен... Ќе живееш за прв пат... а има само еден начина да се живее и да се соочи со смртта човекот, а тоа е да се живее во моментот...:)
Што мислите вие што би се променило во вашиот живот...?
 
живот смрт, смрт живот, ние сме мртви од моментот кога сме се родиле, само имаме едно тело што го храниме и чуваме, малце месо и крв, додека да станат неупотребливи.
 
Не се плашам од смрта.Барем не од својата смрт.
Ме плаши смрта на мојте ближни.
Мртвите не се тие кој плачат на својот погреб,плачат живите.

А за да го надминете стравот од смрт...најдете си занимација преку денот...работете,шетајте....исполнете си го денот.
 
Не сум психолог ама ова ја би го нарекол фобија. Сериозно, треба да разговараш со психолог. Не верувам дека одење на погреб или на гробишта ќе го реши проблемот....

Интересен е начинот на кој што го замислуваш своето постоење после смртта на телото и човек добива впечаток дека причината за стравот е тоа што ги губиш најблиските и не можеш да оствариш контакт со нив. Секако тука е самиот факт што егзистираш во некоја друга димензија, ако може да така да се изразам, каде си сама и се ти е непознато.

Можеби ако ја смениш перспективата за животот после смртта нема да имаш ваков проблем.
Јас смртта ја замислувам како... исто како кога спиеш, ама не сонуваш. Не си свесен за ништо... не постои мисла, не постои сензација.... ништо...
Оттука, јасно е дека нема да можам да ги видам моите најблиски и да сватам дека никогаш повеќе нема да можам да ги прегрнам и слично.

btw, еве зошто никогаш нема да го учам моето дете/деца да биде верник. Колку само штетна може да биде идејата дека свеста продолжува да егзистира после смртта на телото....
Btw ќе ти дадам еден добронамерен совет. Пред да формираш ваков „воспитен“ став, треба малку да се информираш за состојбата на свеста после смртта на телото.
 
Btw ќе ти дадам еден добронамерен совет. Пред да формираш ваков „воспитен“ став, треба малку да се информираш за состојбата на свеста после смртта на телото.
Информирај ме.
Имплицираш дека постои свест после смртта на телото?
 
Имплицирав, но тоа е мое лично убедување, не вавлегувам во туѓото.
Сакав да ја рачистиме дилемата за свесноста после физичката смрт. Душата ги задржува својствата што ги стекнала за време на земското постоење, но суштествува во сосема нов амбиент во кој не ја пренесува свесноста од земскиот живот во буквална смисла, односно достигнува друго ниво на свест.
 
Информирај ме.
Имплицираш дека постои свест после смртта на телото?

Објасни го феноменот како некој се гледа себе си надвор од своето тело и забележува работи кои подоцна се покажани како точни, ако си скептик.
 
Се разединува со што?
Свеста е последица на уникатна комбинација на атоми. Истите атоми што го сочинуваат физичкото тело. Кога ќе се распадне телото, се разединуваат и атомите, па и свеста престанува да постои. Нормално, можно е дел од тие атоми повторно да се најдат заедно во друго физичко тело па да формираат нова свест со плус некои нови атоми кои доаѓаат од скроз трета творба.
 
Далеко си од Вистината.
 
the-end.jpg
 
Објасни го феноменот како некој се гледа себе си надвор од своето тело и забележува работи кои подоцна се покажани како точни, ако си скептик.
Скептик сум по природа :)
Во случајов, скептик сум дека свестта/умот на индивидуата продолжува по смртта на телото. Тоа е затоа што умот и свеста ги гледам како производ на работата на мозокот, што ако не се лажам, е и генерално прифатениот став на научната заедница.

Во примеров што го даде (out of body experience) човекот што го напуштил своето тело е сеуште жив така?
Така да, тоа не е во контрадикција со моето тврдење дека кога телото умира, умира и свеста/умот (не сакам да речам душата, зошто носи религиозна конотација).
Имплицирав, но тоа е мое лично убедување, не вавлегувам во туѓото.
Сакав да ја рачистиме дилемата за свесноста после физичката смрт. Душата ги задржува својствата што ги стекнала за време на земското постоење, но суштествува во сосема нов амбиент во кој не ја пренесува свесноста од земскиот живот во буквална смисла, односно достигнува друго ниво на свест.
Имаш нешто што би ја поткрепило твојава хипотеза (освен религиозни текстови се разбира).
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom