Зонско-револтирани граѓани (ваши искуства со Зонското паркирање)

Член од
23 јуни 2007
Мислења
368
Поени од реакции
333
Скандал!Скандал!Скандал!
Во Вечер е објавена вест дека Полио Плус соработувало со ЈП Паркинзи на Општина центар. ЈП ќе ги казнувало граѓаните со 6000 денари, па ќе простувало половина од казната и ќе ги упатувало на некаква „ обука “ во Поли Плус.
http://vecer.com.mk/?ItemID=BBDDD280DA41D04684DF152FD37D237F
Ако имате некој познат во Полио Плус, известете го за ова вест, дека некој неодговорен ја компромитирал Организацијата, за да ја демантираат оваа очигледна лага.
Кој морон треба да си да паркираш на место за инвалиди? И 6000 се малку за такви идиоти.
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Веднаш на Полио Плус упатив протесно писмо:
polioplus@polioplus.org.mk
Вечерва во Весниците, Вечер, Дневник и Утрински весник е објавена вест за некаква соработка помеѓу Вашата Организација и ЈП Парконзи на Општина Центар.
Еве што за тоа пишува во Вечер, а што можете да го прочитате на:
http://vecer.com.mk/?ItemID=BBDDD280DA41D04684DF152FD37D237F
„ Јавното претпријатие Паркинзи Центар и организацијата Полио плус, вчера потпишаа договор за соработка со кој ќе реализираат низа активности за унапредување на пристапноста во движењето на лицата со хендикеп. На прес-конференцијата, двете страни презентираа дел од активностите со кои ќе се заложат за подобрување и олеснување на движењето на хендикепираните лица. Тие предвидуваат обезбедување на нови сервиси за оваа загрозена група, тактилна патека за слепи лица, како и едукација и подигање на јавната свест преку телевизиски и аудио-спотови. Како една од најновите и најригорозни мерки која е дел од овие заеднички активности е казната за паркирање на местото за инвалиди. Таа ќе биде дури 100 евра, а од Паркинзи Центар велат дека е толку висока за граѓаните конечно да се одвикнат од навиката да ги користат и тие паркинг-места.
- Казната за оние несовесни граѓани кои паркираат и на местата наменети за лицата со хендикеп, намерно ја поставивме да биде повисока со цел да делуваме таа негативна пракса целосно да се искорени. Доколку граѓаните не сакаат парично да ја платат целата казна од 6000 денари, тие ќе имаат можност да платат половина од сумата, но ќе мораат да се пријават во Полио Плус центарот каде што ќе бидат запознаени и ќе поминат една обука со која ќе се запознаат со тешкотиите и предизвиците со кои секојдневно се соочуваат овие загрозени групи кога се движат - објаснува директорката на Паркинзи Центар, Маргарита Бакев.“


Не знам што ве навело да соработувате со ова омразено ЈП. Но, треба да знаете дека такво казнување, со 6000 денари и пријавување „ во Полио Плус центарот каде што ќе бидат запознаени и ќе поминат една обука со која ќе се запознаат со тешкотиите и предизвиците со кои секојдневно се соочуваат овие загрозени групи кога се движат“
не е предвидено во ниту еден Закон. Република Македонија е Правна држава а член 14 одУставот гласи: Никој не може да биде казнет за дело кое пред да биде сторено не било утврдено со закон или со друг пропис како казниво дело и за кое не била предвидена казна.

Тоа ЈП, не врши казнување, затоа што мисли на било чие добро, па и Ваше добро, туку затоа што на тој начин заработува или како што тие велат „ стопанисува и поштено заработува “ со цел да директорите примаат огромни плати
И двете ЈП вршат срамна дискриминација. Јас кој живеам во Центар, не плаќам ништо за паркирање, а моите сограѓани кој живеат во други делови на Скопје, за истото тоа,
плаќаат 40 - 50 денара за саат паркирање и се изложени на незаконско казнување со блокатори на тркала - лисици и пајак - возила, само зато што живеат во Драчево, Ѓорче, Радишани или било која друга населба или друго место во Македонија.

Бидејќи го познавам угледот на Вашата Организација, се сомневам дека оваа вест е точна (дека на овој начин соработувате со ова омразено ЈП ) и би бил среќен ако ја демантирате.

Ако сепак, оваа вест е точна и ако вистина сте одлучиле да соработувате со ова омразено ЈП на овој начин, Ви искажувам протест и огорчување поради таквата Ваша постапка.

Со почит
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.023
Поени од реакции
83.446
За еден час паркинг во центар платил 1.200 денари

На 18. 10. 2012 година поради извршување занаетчиски работи, се имав паркирано зад Соборната црква во Скопје, на делот на гаражите од станбените зграда (место кое не во надлежност на ЈП „Паркинзи“ на Општина Центар) од 8 до 9 часот. Kога излегов да си одам, на мојот автомобил имаше закачено дневна паркинг-карта од страна на ЈП „Паркинзи“ на Општина Центар, која гласеше на 1.200 денари, иако времетраењето на паркингот траеше само еден час.

Збунет почнав да се распрашувам кој ја издал дневната паркинг-карта, го побарав овластеното лице на ЈП „Паркинзи“, кое работи на овој реон и кое ја издало картата, и откако го најдов, побарав да ми ја покаже легитимацијата, но ми кажа дека с` уште нема легитимации (значи, картата ја издало неовластено лице, со што се злоупотребила јавната функција што ја вршат). Тогаш на помош му притрча друго лице вработено во ЈП „Паркинзи“, кое рече „остајте го него, еве ви ја мојата легитимација“. Со оглед дека сфатив оти нешто не е во ред, а со цел да докажам дека автомобилот не е на паркингот цел ден за што ми е издадена дневна карта и е на место што не е во нивна надлежност, со мобилниот сликав дека автомобилот е отстранет во 9 часот.

Овие лица за кои сега и не знам дали се овластени, ме упатија рекламација да дадам во нивното седиште во ЈП „Паркинзи“ на Општина Центар. Се упатив таму и побарав одговорно лице за да разговарам со цел да укажам дека не се работи за паркирање на паркинг-простор што го одржува ова претпријатие, а особено дека не се работи за паркирање автомобил цел ден за што се бара наплата на 1.200 денари, туку за 1 час.

За дубиозата да продолжи понатаму, како шеф се престави едно лице, за кое по расправија дознав дека и не е шеф (повторно неовластено преставување, злоупотребувајќи ги јавните овластувања што им се дадени) и по мојата упорност на крајот од канцеларијата излезе раководителот, на кој почнав да му објаснувам дека се работи за место што не е во надлежност на „Паркинзи“ за да се издаде воопшто карта за наплата на оваа услуга, а уште потрагично е дека за 1 час паркинг е издавена дневна карта (повторно злоупотреба на јавните овластувања).

Раководителот ми потврди дека тоа не е место означено од ЈП „Паркинзи“ и ме убедуваше дека тие „така прават“ и дека издаваат дневна карта со цел да ги казнат граѓаните (истите не се овластени да изрекуваат казна).

Доколку сум се паркирал на место што не е дозволено, по правило се вика пајак - и тоа е санкција, но од овластени лица, но издавање дневна карта од 1.200 денари за паркирање возило на место што не е во надлежност на „Паркинзи“ не може да биде казна или санкција. Дотолку повеќе, што со фактот дека не е во нивна надлежност, по истото не може да издадат ниту карата ниту да викнат пајак.

Бидејќи не наидов на разбирање, но на арогантен и монополски однос од вработените, самоуверено да ја прикријат грешката, се вратив повторно на местото на настанот и повикавме контролор од нивната фирма да дојде да изврши увид. Kога му кажавме за кое место се работи, тој не сакаше да излезе на терен укажувајќи дека тоа место не е во надлежност на ЈП „Паркинзи“.

За дубиозата да биде поголема, на ова место јас се паркирам веќе еден месец и никогаш не ми е наплатено. Уште потрагично е да кога почнав првпат да се паркирам, првин ги побарав овластените лица на реонот (како што е редот) да кажам дека во една од зградите ќе изведувам занаетчиски работи за да го регулирам прашењето со паркирање и дали треба да платам, но истите ми укажуваа дека местото накај гаражите не е во нивна надлежност и доколку станарите не негодуваат, можам слободно да се паркирам. И така јас слободно се паркирам с` до критичниот ден.

Уште да предочам дека за истото паркинг-место, на истиот критичен ден по нашата реакција во седиштето на фирмата, за неполни 10 минути ваква карта му издадоа на уште еден граѓанин кој тука паркира со години со оглед дека има деловен простор, а на кој никогаш не му е наплатено, убедуван од овластените лица дека ова место не е во нивна надлежност.

Во однос на изјавите на овластените лица на овој реон дека ова место не е во нивна надлежност и дека самите тие дозволуваат паркирање на ова место имам многубројни сведоци и решен сум оваа работа да ја терам до крај. Бидејќи на критичниот ден се искажаа толку невистини и се утврдија толку неправилности од страна на вработените во ЈП „Паркинзи“, истите потрчаа веднаш наредниот ден да одјават статија во дневниот весник „Вечер“ за да ја прикријат целата вистина.

Револтиран од ваквиот однос на „Паркинзи“, решив да ви се обратам со цел да се дознае за самоволието што го врши оваа фирма. Имено, се работи за место што не е во надлежност на ЈП „Паркинзи“.
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Вечерва околу 21 часот, кај слаткарницата „ Апче “, видов едно пајак возило на Општина Центар како „ стопанисува “
Очигледно и општинсите зонаши научиле каде се парите..., па работат и тие во три смени.
 
C

cige

Гостин
Мене убаво ме изгореа во близина на Ленинова, спроти претседателската палата (или како се вика). Се паркиравме за да ручаме во локалните ресторани, и кога се враќаме двајца мајсторисуваат нешто на колата, кога се доближивме гледаме дека местат некое железо на тркалото. Ги прашуваме шо праат, викаат дека сме немале платено паркинг. И ги прашуваме а како да сме дознале дека тука паркингот се наплаќа, и ни покажува тој едниот со раката, ене онде (на 30-40 метри) во гранкине има еден знак и на него пишува како со СМС да платите, и ајде 1100 денари казна си плативме. Од кај да знаеме ние што не сме од Скопје дека таму се плаќало со СМС? И тоа знакот барем да го качеле погоре во лисјата, ако верувате воопшто не се гледаше никаков знак, само држачот.
 
Член од
10 февруари 2006
Мислења
385
Поени од реакции
90
Мене убаво ме изгореа во близина на Ленинова, спроти претседателската палата (или како се вика). Се паркиравме за да ручаме во локалните ресторани, и кога се враќаме двајца мајсторисуваат нешто на колата, кога се доближивме гледаме дека местат некое железо на тркалото. Ги прашуваме шо праат, викаат дека сме немале платено паркинг. И ги прашуваме а како да сме дознале дека тука паркингот се наплаќа, и ни покажува тој едниот со раката, ене онде (на 30-40 метри) во гранкине има еден знак и на него пишува како со СМС да платите, и ајде 1100 денари казна си плативме. Од кај да знаеме ние што не сме од Скопје дека таму се плаќало со СМС? И тоа знакот барем да го качеле погоре во лисјата, ако верувате воопшто не се гледаше никаков знак, само држачот.
Па ти ако си ги видел дека веке местат тргни ги од колата или запали и помести ја колата, што си им дозволил..
 
C

cige

Гостин
Па ти ако си ги видел дека веке местат тргни ги од колата или запали и помести ја колата, што си им дозволил..
Абе брат тоа веќе беше наместено, ни рекоа дека чекале пајакот да дојде. За неколку минути сме спасиле повисока казна.
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
За следната среда, Уставниот суд ќе рагледа нешто што нас не интересира:
4. - Одлука за утврдување на Ценовникот на услугите на ЈП „Градски паркинг“ – Скопје, бр.02-1181/8, донесена од Управниот одбор на ЈП „Градски паркинг“ – Скопје на 17 декември 2009 година;
- Одлука за давање согласност на Одлуката за утврдување на Ценовникот на услугите на ЈП „Градски паркинг“ – Скопје, бр.07-5109/1, донесена од Советот на град Скопје на 29 и 30 декември 2009 година.
Реферат У.бр.54/2011
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.721
Поени од реакции
33.967

Kajgana Shop

На врв Bottom