Македонска берза

Stefus Corp.

Рационална Коза
Член од
22 август 2012
Мислења
2.097
Поени од реакции
1.821
АЛК и МТУР се држат добро ама и цената на акцијата се држи добро.
Од друга страна TNB има подобри перформанси и од лани за првите 9 месеци, а акцијата останува со отепана цена
http://www.sec.gov.mk/regassociations/ad_poi/default.aspx?item=devetmesecno_izv&subitem=fin_inst&type=uspeh&itemid=19542
TNB e многу интересна акција има профит/цена сооднос од само 2.4 а сметководствна вредност/цена од 0.3. Изгледа многу тепано... ќе биде интересно ако продолжат вака. ТНБ има исто зголемени загуби од лоши кредити ама не колку КМБ а остатокот од приходите им е зголемен плус оперативни расходи им се намалени. Сега за сега одлично се држи...Мене ТНБ ми се допаѓа една од омилените акции ми е...
Инаку се очекува Сенди да го бутне БДП на САД во последниот квартал но затоа може да има добар рибоунд следната година кога ќе има обнова...Исто се случи во Јапонија после земјотресот. Иако Сенди неможе да се споредува со Јапонската катастрофа.
 
Член од
15 февруари 2012
Мислења
435
Поени од реакции
537

TNB го има тој проблем што Словенците на мала врата почнаа да испумпуваат пари.
 
Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.091
Поени од реакции
11.496
TNB го има тој проблем што Словенците на мала врата почнаа да испумпуваат пари.
Можеби има и такво нешто, но досега не видов во извештаите испумпување. Ако ти си забележал тогаш посочи ни под која ставка се водат, за да реагираме со време.
 
Член од
15 февруари 2012
Мислења
435
Поени од реакции
537
Можеби има и такво нешто, но досега не видов во извештаите испумпување. Ако ти си забележал тогаш посочи ни под која ставка се водат, за да реагираме со време.
Мислев на купувањето на сопствената зграда од НЛБ лизинг во вредност на добивката од последните две години
 
Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.091
Поени од реакции
11.496
Мислев на купувањето на сопствената зграда од НЛБ лизинг во вредност на добивката од последните две години
Да, ама тоа купување мора да го има во извештајот како некаков трошок од над милијарда денари. Јас такво нешто не најдов.
 
Член од
15 февруари 2012
Мислења
435
Поени од реакции
537
Да, ама тоа купување мора да го има во извештајот како некаков трошок од над милијарда денари. Јас такво нешто не најдов.[/quote

Ако го нема во извештај не значи дека не се случило :)
 
Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.091
Поени од реакции
11.496
Ако го нема во извештај не значи дека не се случило :)
Види, ова е банка, не е маалско гранапче.
Кај нив бројките за приходи, расходи и профит мора да се прикажат и да се поклопуваат, во спротивно некој ќе оди апсаана.
Доколку сакале да прикријат нешто ќе го ставеле под ставка Други трошоци (или нешто слично), така ќе бидат чисти пред ревизорот и УЈП. Такво нешто нема во извештајот.
 
Stefus Corp.

Рационална Коза
Член од
22 август 2012
Мислења
2.097
Поени од реакции
1.821
Да, ама тоа купување мора да го има во извештајот како некаков трошок од над милијарда денари. Јас такво нешто не најдов.
Може го нема во биланс на успех но би требало да се појави во биланс на состојба и паричен тек. Тие извештаи се прават годишно а не квартално.
Инаку излез извештај и од Топлификација АД http://www.seinet.com.mk/Default.aspx?lang=MK&docID=31047 имаат зголемено загуба во однос на лани сега е 70 милиони денари за последните 9 месеци. Но чудно е што ниво на Групација Топлификација не се така лоши... а пишува дека АД Топлификација Скопје е матично друштво на Групацијата не ми е баш јасно како функционира ова.
 
ceasar

надеж, страв и алчност
Член од
2 април 2009
Мислења
1.133
Поени од реакции
574
Decki dali imate info sigurno dali podelija ili treba da podelat dividenda toplifikacija, makpetrol i makstil?
 
Stefus Corp.

Рационална Коза
Член од
22 август 2012
Мислења
2.097
Поени од реакции
1.821
Гранит излезе со добра добивка повеќе од лани 261 милион денари за последните 9 месеци наспроти 233 од лани.
http://www.seinet.com.mk/Default.aspx?lang=MK&docID=31058
Исто и Бетон не е лош...
Чудно ама градежниве фирми се држат ОК...
--- надополнето: 1 ноември 2012 во 22:42 ---
Зголемена добивката на „Гранит“ и „Бетон“ во првите девет месеци од годинава

Наспроти општиот пад на индустриските показатели и намалениот обем на работа на фирмите во земјава, нема криза за големите македонски градежни компании. „Гранит“ и „Бетон“ – двата македонски гиганти во градежниот сектор денеска ги објавија финансиските извештаи за работењето во првите девет месеци од 2012 година, при што и двете компании се пофалија со зголемување на добивката од извршените градежни активности. „Гранит“ заклучно со 30 септември оствари добивка од редовното работење пред оданочување во износ од 261.457.000 денари, што претставува зголемување од 12% во споредба со истиот период од 2011 година. Во официјалното соопштение на компанијата се наведува дека оперативната добивка е поголема за 4% во однос на минатата година, што се должи на поекономичното работење преку намалување на оперативните расходи.

Идентично како и „Гранит“, скопски „Бетон“ во својот извештај бележи дека во периодот од 1 јануари до 30 септември остварил добивка од 36.218.000 денари, што е за 9,15% повеќе во споредба со истиот период лани. Вкупните приходи на претпријатието изнесуваат 1.676.953.000 денари и бележат пад од 6,94% во однос на остварените приходи заклучно со 30.09.2011 година, додека вкупните расходи се заокружени на 1.639.736.000 денари и се намалени за 7,24% во однос на истиот период од минатата година. Компанијата „Бетон“ во денешното соопштение напоменува и дека склучила уште еден дополнителен договор со македонската влада за изградба на нова административна зграда за државни институции на улицата „Македонија“ во Скопје, чија вкупна вредност изнесува 834.555.000 денари.

Инаку Бетон се тргува на само 11% од сметководствена вредност...Интересно:)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom