Најдобар тренер за 2012 година

  • Креатор на темата Креатор на темата Mario Gómez
  • Време на започнување Време на започнување

Кој е најдобар тренер за 2012 година?

  • Дел Боске

    Гласови: 24 11,0%
  • Ди Матео

    Гласови: 57 26,1%
  • Прандели

    Гласови: 4 1,8%
  • Фергусон

    Гласови: 15 6,9%
  • Мурињо

    Гласови: 27 12,4%
  • Клоп

    Гласови: 66 30,3%
  • Хајнкес

    Гласови: 8 3,7%
  • Гвардиола

    Гласови: 14 6,4%
  • Манчини

    Гласови: 3 1,4%
  • Лев

    Гласови: 0 0,0%

  • Вкупно гласачи
    218
Клоп не начека растурен тим туку никаков и го направи шампионски па дури и ги надигрува сега тимови како Реал и Ман.Сити кои фрлаат секое лето по милиони
Изминатата сезона или претходната?
get your facts straight!
 
Јоаким Лев е вишок во овој избор, а и сите останати 2-3 години уназад. Нема направено ништо позначајно со Германија, за да заслужува да се најде во овој избор.
Финале 2008ма, трето место 2010, полуфинале 2012, и 3тото место 2006та како "помошник" на Клинси беше скроз негова заслуга. 15 победи по ред на официјални натпревари, ниедна репрезентација го нема направено тоа. 22 победи и три нерешени низ квалификациите додека е он тренер. Заслужува да се најде тука, но е далеку од најдобар тренер. Има големи недостатоци, незнае да се брани и малце се фокусира на одбраната, форсира глупи играчи ко Подолски во репрезентацијата и ред други работи. Но јас сум задоволен од него, тешко е да се стане шампион и тешко е да се победат жабарите. :D
--- надополнето: 29 октомври 2012 во 22:08 ---
Изминатата сезона или претходната?
get your facts straight!
и ти исто get your facts straight! Збориме за 2012 година, и како тоа Клоп не наследил растурен тим.:confused: Клоп наследи се, а не тим. А Ди Матео ги имаше играчите, и заслужено се наоѓа на листава а и у топ 3 би бил заслужено.
 
Фан сум на Барселона Гвардиола и Дел Боске не би сакал да освојат бидеќи им е сервирана работата исто е и со Моу и Манчини , Ди Матео е утка во овој бизнис ама си го следи среќна ѕвезда.Така да би гласал за Клоп , за релативно брзо време успеа да направи страшно добар тим со многу добра игра. Пронајде неверојатни таленти, добро продава и купува играчи го држи нивото на тимот, знае да направи добра измена во добро време со еден збор - комплетен.
Исто многу ми се свиѓа неговиот однос на теренот прав џентламен знае како со играчите, како со публиката , како со противниците , тоа треба да се награди :)
 
Финале 2008ма, трето место 2010, полуфинале 2012, и 3тото место 2006та како "помошник" на Клинси беше скроз негова заслуга. 15 победи по ред на официјални натпревари, ниедна репрезентација го нема направено тоа. 22 победи и три нерешени низ квалификациите додека е он тренер. Заслужува да се најде тука, но е далеку од најдобар тренер. Има големи недостатоци, незнае да се брани и малце се фокусира на одбраната, форсира глупи играчи ко Подолски во репрезентацијата и ред други работи. Но јас сум задоволен од него, тешко е да се стане шампион и тешко е да се победат жабарите. :D
Не ме терај да ги користам зборовите на Мурињо.
 
Изедначено е засега, по 25 гласа и Клоп и Ди Матео :icon_lol:
 
Клоп направи револуција во Дортмунд, наследи тим кој беше просечен во Германија без финансии и плус во долгови. Страшен осет за купување таленти и голем тактичар. Плус последната сезона беше маестрална за Дормунд. Две години по ред шампион на Германија во конкуренција на Баерн.
Одличен тренер со почит кон противниците кој не се крева во облаци и не започнува глупи и непотребни провокации и медиумски војни со други. Од почетокот до сега не потроши големи суми на играчи(освен оваа сезона за Ројс) за разлика од други. Мислам заради него и Дортмунд, Бундеслигата многу го подигна квалитетот и ја помина италијанската Сериа А.
 
Кога веќе се споредуваат Ди Матео и Клоп, да дадам и свое мислење.

Ди Матео е некако најголемото изненадување. Од тотално расуло, кога веќе сите мислеа дека Челзи ќе испадне, успеа да ги дигне, и на крај ја освои ЛШ. Али, Ди Матео имаше „готов“ тим, одлични играчи на кои им требаше само тренер кој ќе успее да ги укомпонира, нешто што не му успеа на АВБ.

За разлика од него, Клоп кој наследи никаков тим, успеа од Дортмунд да направи екипа која е тврд орев за сите, екипа која освои две титули едноподруго и куп т.е екипа која има резултати во континуитет. Исто така, Клоп има одличен „њух“ за играчи, купува ефтино, за да потоа од истите играчи за кои фрлил на пример, 300-400к прави светски ѕвезди со милионска вредност. На пример, кој знаеше за Кагава, Сахин, Геце, Суботиќ, Левандовски пред да дојдат во Дортмунд ?

Мојот глас иде кај Клоп, затоа што веќе се докажа, а Ди Матео треба тек да се докаже.
 
Челзи
дојдени
- Давид Луиз 26
- Фернандо Торес 50
- Оскар 25
- Рамиреш 18
- Давиља 2
- Куртоис 6
- Лукаку 20
- Меирелеш 12
- Ромеу 4.5
- Мата 23
- Азпилкуета 7
- Хазард ??

заминати
- Рајкович 2
- Манчиене 3
- Корк 1.2
- Ди Санто 2
- Сточ 2.5
- Карваљо 7

Борусија
дојдени
- Ројс 15
- Шиебер 4.8
- Леонардо 2.3
- Кирч 300К
- Гундоган 4.8
- Перишич 4.8
- Левандовски 4.1
- Лејтер 700К
- Фреј 3.7
- Ленгерак 440К
- Кагава 300К

заминати
- Рангелов 260К
- Кагава 14
- Сахин 8.8
- Бариос 7.4
- Валдез 3
- Хумелс 3.6
- Бариош 3.6
- Зидан 350К
- Хајнал 900К
- И уште 12тина играчи по 150К просек


Само некои од трансферите од 2009 па наваму слободно дополнете ме.. И после кажувате кој што наследил и колку потрошил за тимовите, за мене Клоп е ѕвер ипол со волку пари што направил ваков тим! Не мислам дека Ди Матео е лош да се разбереме, сигурно е еден од најдобрите тренери а и најдобро изненадување во последно време ама мислам Клоп тука заслужува да биде прогласен за најдобар тренер.
 
Не можам да сфатам како го токмите Ди матео пред Моу .. едноставно човекот го начека тимот таков каков што беше скоцкан целиот само го подигна моралот и со голема среќа освои ЛШ .
 
Ди Матео, пошто наследи растурен тим, никој не веруваше во него, и сите го потценија, а дечкото освои ЛШ.
Клоп е втор, ама клоп се посра у лш, а и тимот го гради подолго време, не начека растурен тим како Ди Матео.

Начека растурен клуб ;) Ама и ја тоа го викам, ако се земе Клоп тоа нема да биде само за сегашнава година, треба процесот од последните 3 години да се награди.
 
Мојот глас оди за Ди Матео.
Значи ќе се избира најдобар тренер за 2012 година, а не за тоа кој какви способности има. Ако гледаме така тогаш Фергусон, Гвардиола, Мурињо и др. би биле главни претенденти.

Клоп напарави одлична работа, но сепак имаше бледо издание во ЛШ, одиграа под очекувањата.
Дел Боске го освои ЕП, но сепак ги имаше најдобрите играчи.
Ди Матео ја освои ЛШ, имаше тим кој беше при крај на една генерација, играа лошо а тој ги консолидира, во полуфиналето ја елиминираа Барселона, а во финалето се вратија од мртвите. Во ПЛ немаше време да направи нешто повеќе. Некој ќе каже дека имаше среќа, но на крај се гледа резултатот така да според мене Ди Матео направи повеќе од другите за 2012 година.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom