Љубовен Каскадер
fekalija
- Член од
- 28 декември 2011
- Мислења
- 4.371
- Поени од реакции
- 6.209
Имаш книги for dummies итн. Секој може да ги чита истите.Под „полесно„ подразбирам „прифатливо„: прифатливо толкување за луѓе, кои се неупатени во одредена проблематика, а имаат интерес кон истата.
Ај еве сеа ќе споделам нешто интересно со тебе. Сфати го како сакаш. Ова е фундамент во теорија на грешки.(При мерење.)Под поимот „прифаливо„ не секогаш подразбирам и „точно„ или „вистинито„.
Има три термини што се користат за опис на работата односно мерењето. Точност, прецизност и правилност.
Точност претставува совпаѓање на резултатите од мерењето со вистинската вредност на мерената должина. Бидејќи во реалноста не можеме да одредиме вистинска вредност се служиме со аритметичката средина како најверојатна вредност.
Прецизност претставува согласност меѓу резултатите од мерењата. Дали има абнормални отскокнување итн. Пример во нашиов случај би било доколку од одредена група на фосили од ист вид измериме дека должината на рбетот варира од 30 до 45 центиметри и одеднаш имаш мерење од 90 центиметри. Ваквите случаи најчесто се
случуваат поради превид итн. Фактори за грешка има милијарда.
Правилност претставува согласноста на аритметичката средина на мерењата и вистинската вредност. Ова фактички и не можеме да го оценуваме од причини спомнати кај точноста.
Поентата ми е дека прифатливо објаснување е она кое се потпира на евиденција која ги задоволува стандардите за точност и прецизност.
За сите....за кого-како, нели...
Од сите денес познати цивилизации, кои имат зад себе запишана историја, немаме запис дека било кој и било кога во минатото, забележал еволутивни процеси....
Се‘ до Дарвина, на кого еволуцијата му станала очигледна, веројатно само во неговата фантазија.
Се до грците, на кои формата на земјата им станала очигледна, веројатно само во нивната фантазија. Ме сфаќаш што сакам да кажам, така?