Клиперси многу тешко до финале, да не речам невозможно, не дека имаат слаба екипа, далеку од тоа, туку најголем проблем им е Вини Дел Негро. Тој тренер е пропаст, за мене еден од послабите тренери во НБА лигата. Истиот проблем може да го има Лејкерс на клучните утакмици, Мајк Браун ме плаши многу, но од друга страна ги имаме Неш, Коби, Гасол, Хауард и Мета, целата прва стартна петорка која има еден тон искуство, да не набројувам сеа кој што има поминато во текот на својата кариера, се знае веќе тоа. Исто така ме радува ангажирањето на Еди Џордан, ќе се игра Принцетон/Принцтон кошарка, кој знае знае да не цртам што е и како е, битно Неш и Хауард се измислени за таквиот стил на игра, додавајќи ги и Гасол и Коби нормално. Уште една работа треба да се забележи, а тоа е дека оваа сезона Мета и Ибенкс ќе имаат поголем процент на упатени удари за три за разлика од претходните сезони, причина за ова е нормално Хауард кој ќе биде удвојуван и утројуван.
Мајами ќе биде појак оваа година, затоа и беа донесени Реј Реј и Луис, они ја играат таа смал бал кошарка, а шутери како овие двајца се добредојдени во екипата. Леброн и Вејд ќе отвараат многу простор, а со тоа ќе има и доста отворени шутеви за гореспоменатите двајца. Мајами може да има проблем против екипи кои играат “зона“. Намерно е во наводници бидејќи во Америка нема класична одбрана зона, туку само се импровизира таквата одбрана, т.е. бара многу движење поради дефанзивните три секунди. Таква одбрана на пример понекогаш играат Бостон, Спарс, а особено Далас знае да ја практикува таа одбрана. На времето Феникс најдобро ја имплементираа зоната во НБА, со Неш, Барбоса, Мерион и Стадемаер, многу подвижна петорка имаа и супер функционираше.
Исто така очекувам добри резултати и од Филаделфија, Денвер, Индијана, Портланд и Детроит (од послабиве екипи зборам, фаворитите се знае кои се).