NBA Сезона 2012/2013

  • Креатор на темата Креатор на темата #LakersMK
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
хммм, да не а та екипата 0-8 шо заврши предсезонава против чкарт екипи како шо вика другаро над мене? или предсезона е не се рачуна? си кулираа а?

Ахем... ти со колегата погоре сте како тие “чкарт„ екипи (што се летаат во подготвителните натрепевари како во плеј оф да се игра). Нив и ги разбирам пошто против Лејкерси да тепаш е сепак нешто....
Нарадувајте се сега пошто после за плачење ќе биде работата.

Нема да влегувам сега во филм да објаснувам како пола екипа е повредена (или се опоравува од повреди). Мене лично ме интересира моите ЛА да дојдат во плејоф здрави и уиграни како тим... па макар биле и 8ми во конференцијата.
 
29052897.jpg


posts*
 
Ахем... ти со колегата погоре сте како тие “чкарт„ екипи (што се летаат во подготвителните натрепевари како во плеј оф да се игра). Нив и ги разбирам пошто против Лејкерси да тепаш е сепак нешто....
Нарадувајте се сега пошто после за плачење ќе биде работата.

Нема да влегувам сега во филм да објаснувам како пола екипа е повредена (или се опоравува од повреди). Мене лично ме интересира моите ЛА да дојдат во плејоф здрави и уиграни како тим... па макар биле и 8ми во конференцијата.
Незнам кој се лета. Прочитај си го претходниот пост кај шо викаш Лејкерси се лекот за Мајами и Клиперси во конференција со ОКЦ и Лејкерс тешко дека нешто ќе направеле.
И лани истиот муабет беше ( мајами пак нема да освој, клиперси ќе бидат згазнати од мемфис во прва рунда... ) па ај ќе видиме во мај кој ќе биди во право пак.
 
Мајами што си изиграа, си изграа. Честитките беа упатени.
А дека минатиов плејоф имаа среќа, имаа. И против Индијана и со тоа што во финале им дојде екипа без класичен офанзивен центар (дап, ОКЛ го чува Перкинс само и исклучиво за да ги чува центрите на противничките екипи).

Лејкерси ако дојдат до финале па уште и ако испадне тоа да биде против Мајами, сметам дека го завршиле потешкиот дел од патот кон 18-тиот прстен (здраво Селтикси). Дури и какви што беа лани, неспоредливо повеќе им лежеше противник како Мајами или Спарс одколку една Оклахома.


Клипси се ОК, ама додека не се докажат во плејоф не се на исто ниво со Лејкерси, Тандер и Спарси. Лејкерси и Спарси имаат освојувано титули а ОКЛ играше во финалето годинава.
Што направија Клиперс?
Прва победа во плејоф серија е важен чекор и навистина имаат длабока и добра екипа, ама дека со тренер како ДелНегро годинава ќе играат во финале?
Реалноста е дека не можат да ги поминат ни ЛА ни ОКЛ а најверојатно ни СА. Ма како што стојат работите и Денвер годинава ќе бидат заебан противник за сите во лигата.
 
Очекувам реприза на минатогодишното финале и секако одбрана на титулата за Мајами(y)
 
Мислам дека Мајами најмногу ќе губи под кошевите. Бидејки немат класичен центар, според мене треба Бош да ја подобри играта под обрачите, а не да се извлекува на шут од дистанца и да игра 5ка а Џејмс да игра на четворка.

Мајами паметно увидеа дека, каква што им е екипата (читај немаат центар), најмногу им лежи смал-бал концепција. Игра каде некои од играчите се префрлаат на едно позиција погоре: Бош од крило на центар, ЛеБрон од ниско на виско крило, Вејд стадардно шутинг гард. Така (рачунајќи го и плејмејкерот) во комбинација можат да бираат дали ќе игра Батије, Хаслим или Милер - во зависност од тоа што им треба во моментот.

И пошто нема центар и сите се брзи, концептот на играта е постојано трчање, контри - полуконтри - итн итн.


Е сега нормално смал-бал концептот си има и проблеми, особено кога противничкиот тим не им дава можности за контри, преку внимателна игра без многу грешки и брзо враќање во одбрана. И високи екипи со класични центри.

Сетете се на плејоф серијата со Индијана. Рој Хиберт имаше учинок над неговиот просек а да имаа Индијана малку поголемо искуство и уште еден go to момак освен Грејнџер...
Таа шестата утакмица Индијана ја изгуби со 20те грешки. По 20 грешки следат барем 40 поени од контра, плус лични грешки, плус додатна фрустрација и деконцентрација...


Башка на истокот сега и Филаделфија многу се појача со Бајнам (плус други)... они исто некако немаа go to човек за во финишот на утакмиците и многу ме интересира како ќе се покажат годинава со добар класичен центар со одлична офанзивна игра, како Бајнам. Филаделфија за Мајами може да бидат една од поголемите пречки на патот до финалето баш заради Бајнам.
 
од толку шо се големи фанови на лејкерс, незнаат колку титули освоиле :pos::pos::pos:
 
Клиперси многу тешко до финале, да не речам невозможно, не дека имаат слаба екипа, далеку од тоа, туку најголем проблем им е Вини Дел Негро. Тој тренер е пропаст, за мене еден од послабите тренери во НБА лигата. Истиот проблем може да го има Лејкерс на клучните утакмици, Мајк Браун ме плаши многу, но од друга страна ги имаме Неш, Коби, Гасол, Хауард и Мета, целата прва стартна петорка која има еден тон искуство, да не набројувам сеа кој што има поминато во текот на својата кариера, се знае веќе тоа. Исто така ме радува ангажирањето на Еди Џордан, ќе се игра Принцетон/Принцтон кошарка, кој знае знае да не цртам што е и како е, битно Неш и Хауард се измислени за таквиот стил на игра, додавајќи ги и Гасол и Коби нормално. Уште една работа треба да се забележи, а тоа е дека оваа сезона Мета и Ибенкс ќе имаат поголем процент на упатени удари за три за разлика од претходните сезони, причина за ова е нормално Хауард кој ќе биде удвојуван и утројуван.

Мајами ќе биде појак оваа година, затоа и беа донесени Реј Реј и Луис, они ја играат таа смал бал кошарка, а шутери како овие двајца се добредојдени во екипата. Леброн и Вејд ќе отвараат многу простор, а со тоа ќе има и доста отворени шутеви за гореспоменатите двајца. Мајами може да има проблем против екипи кои играат “зона“. Намерно е во наводници бидејќи во Америка нема класична одбрана зона, туку само се импровизира таквата одбрана, т.е. бара многу движење поради дефанзивните три секунди. Таква одбрана на пример понекогаш играат Бостон, Спарс, а особено Далас знае да ја практикува таа одбрана. На времето Феникс најдобро ја имплементираа зоната во НБА, со Неш, Барбоса, Мерион и Стадемаер, многу подвижна петорка имаа и супер функционираше.
Исто така очекувам добри резултати и од Филаделфија, Денвер, Индијана, Портланд и Детроит (од послабиве екипи зборам, фаворитите се знае кои се).
 
Мајами ќе биде појак оваа година, затоа и беа донесени Реј Реј и Луис, они ја играат таа смал бал кошарка, а шутери како овие двајца се добредојдени во екипата. Леброн и Вејд ќе отвараат многу простор, а со тоа ќе има и доста отворени шутеви за гореспоменатите двајца.
Mајами е прилично засилен но на страна тоа, титула не се добива само со шут од надвор. Во нападот, играта под кош на Мајами се заснова на контри и влезови на крилата/бековите. Ако противничкиот тим не прави многу грешки нема да има ни лесни поени од противнапади. А ако противникот има добра одбрана ни со влезови не оди лесно. Финалето Далас-Мајами не беше толку одамна за да заборавиме.

Оклахома изгуби зошто зошто нема офанзивно телентирани центри и беше приморана да прифати смол-бол игра за да парира офанзивно. Но затоа го изеде на другата страна од теренот. Еден Колисон имаше голема минутажа заради фактот дека подобро играше во напад од Перкинс и Ибака ама во дефанзивните задачи потфрлаше.

Слабостите на Мајами остануваат истите.
Кога еден Бош/Хаслим ќе чуваат цела утакмица центар како Бајнам/Хауард тогаш ќе почнат проблемите во одбраната и проблемите со лични грешки. Гледавте сите како им беше со Хиберт и Индијана.
 
абе за овај лига пасов да се користит до 7 морат да се внесит и борј од кредитна?
 
вини ова вини она... мајк браун да не е поарен?
главна причина шо џејмс ништо не освој со кливленд
до крајот на сезоната мислам дека и двата тренери ќе одат у курац
 
вини ова вини она... мајк браун да не е поарен?
главна причина шо џејмс ништо не освој со кливленд
до крајот на сезоната мислам дека и двата тренери ќе одат у курац
Барем во нешто се согласуваме. (не, не за Џејмс)

Иако пак од друга страна количината на талентот во Лејкерси е толкава да и еден Браун ќе му биде тешко да заебе работа, посебно сега кога Еди Џордан е задолжен за нападот. Кога типот едни Нетси со Кид и Џеферсон ги донесе во финале, каде ќе му биде крајот со екипа во која се Коби Брајант, Двајт Хауард, Стив Неш, По Гасол...

Делнегро иначе нема шанси да го отпуштат. Единствена причина зошто Клипси го потпишаа на нов договор, (покрај тренери како еден Рик Аделман кој и Лејкерси не смееа да го пропуштат) е што Делнегро беше убедливо најевтина опција на пазарот. Во тој поглед ништо не е сменето.
 
Ајде кај и да е го очекувамо да се јави,стручњакот:unsure: со 4,5 јузера:D,и одма да ни каже дека лал годинава са катстрофа,и нормално дека бес помош на судиете ништо нема да земат:rolleyes:.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom