Најекономично греење и ладење

  • Креатор на темата Креатор на темата Dr Zmigo
  • Време на започнување Време на започнување
Вакво нешто, ама во црна боја нуди SET-kompjuteri, сега ребрендиран како SETEC (демек се од техника)...http://www.set.com.mk/Proizvod.php?vrednost=10&grupa=78&si=64835
hit.jpg

Камин на цврсто гориво Hit Боја Црна, Моќност од 11KW, загревње на површина до 143м3, Големина на ложиште: В:Ш:Д: 270:280:300mm, одвод f120mm, Степен на искористеност 82 %, Гориво: Дрво и дрвени брикети, Тежина: 60кг, Димензии: В:Ш:Д: 850:500:440mm
За некои 40-50 квадрати!
Цена 12,200,-
 
Со сета почит за познавањето, ама овој модел
345_sulusobaprityfgw15_1238879684.jpg

е ист со К1 моделот, со таа разлика што има рерна... а во Британија е оценет прилично добро! Еве и во Чешка република саде 5-ки за прити К1 моделот! http://krbova-kamna.heureka.cz/prity-k1-cp/... Колку што се секавам, погоре малку и ти се изрази позитивно генерално за Прити камините!?
Е сега има подобри модели од овој! Има, ама колку чинат!? Овие два посочени си се ОК за парите!
Колку чинат хрватските Амити Френклин.... модели што ги посочи и ако имаш линк од истите каде може да се набават!? Или од овде http://www.najevtino.mk/s/cn/камини-и-шпорети/c/595#cn/камини-и-шпорети/c/595/page/1/resultsperpage/32/orderby/priceasc нешто издвои како квалитетно, гледам дека си познавач... ама немој со цена до небо!:)
Да де исти се ..... во бојата:)
Двата се црни.
Ај сега вака загледај се во вратничките и ке забележиш дека на едниот вратничките му се заоблени додека на другиот не се. Тоа е затоа што на тој со заоблени вратнички има стаклена плетенка, додека другиот нема. Ете само од таму можеме да почнеме за да видиме дека едниот со другиот нема врска.
А ако каминот не дихтува што значи не можеш да го контролираш согорувањето ништо не си направил.
Сега што пишувале во Чешка незнам но не наседнувај на рекламите. Таму ке напишат се што сакаш да слушниш и да видиш.
И реков дека се прити убави но има прити и прити, а разликата е во неколу 1000 денари за иста снага на камин од една класа погоре. Ако овај бил 9000 другиот би бил максимум 4000 денари плус.
Јас лично со прити се немам расправано но ја знам цела нивна историја. Тие произлегоја кога дел од менаџментот на фабриката за камини во бугарија складова техника ( http://www.st-bg.com/) се одели и го формира прити. Моделите им се скоро исти малце фризирани и со послаб лим, но во глобала ако ги копирале точно од нив тогаш се солидни.
Ако баш толку сте запнале од нив ги копираја и металец битола, па ако ги загледате нивните модели ке видите дека се како јајце на јаце слични, со таа разлика што овие нашите виделе не разбрале и квалиетет им е катастрофа. Затоа само во албанија и косово извезуваат.
Погоре кажав што е битно кај некој камин па кој сака нека го прозиведува. Тие се неколку работи кои треба да се гледаат при купување на камин, пошто не се купува за една сезона туку за подолг преиод.
Од линкот кој ми го даде претежно се претставени на прити и на алфа врање програмата и цените некако не се како што треба, но ете колку за пример
овој модел
http://www.najevtino.mk/p/камин-аfa-plam-ориент-к/120184
само без тие украсни плочки од страна се најдува за 13000 денари од складова техника под име галант 11, арамис , один. Со снага од 6 до 7 кв или по наши за 40 м2( можете да го видете во каталогот на страната од складова техника).
Искрено сега појма немам колку е точна цената на франклин, упланд и амити, Амитито треба да биди над 20000 , упландот некаде максимум до кај 17000 за франклинот и беспари да ми го даваат не го земам,а ги има скоро во сите продавници тука во Битола. Исто ги има и од алфа врање , складова техника, од прити од металец и господ знај веке од каде.
 
Би го купил веднаш... само да има претставништво/достава до Струмица... како што гледам Култ е со продавница во Куманово....
Баш пред една недела ги гледав во Штип го има истото е 8000 ден има и едно слично 7000 и нешто е. Со твоја кола би те фатило + 600 ден за бензин.
--- надополнето: 26 октомври 2012 во 01:42 ---
Прити мене лично не ми се допаѓа поради изработката внатре и лимот од надворешните страни но кога се нема пари и тоа е супер за 250 евра со рерна и 150 евра само ќумбе.
Подобро Пламен тренк или упланд целиот гусен отколку прити без рерна 150-180 евра.

Пример јас кога би немал пари за нов би зел на старо неколку сезони користен Амити, Рустикал за 200 евра отколку нов Прети. Сеедно дали е стар секако пепел ќе се направи одвнатре а однадвор еден спреј и како нов е.
Баба ми сакаше да земе прити со рерна која и е многу потребна, но кога ги видов тулите внатре како мрдаат и викам остај земи си Алфа од оние белите + 70 евра барем бегај од ова.

15 год користам Рустикал 14 kw како нов е и да го продадам нема да изгуби цена под 250 евра нема шанси. Не ми смета лимот според мене му дава подобар изглед како капак му доаѓа на него може да се сушат алишта :pos:а на оноа долниот лим чорапи :pos::icon_lol:
Франклин се многу големи посебно оној со двете врати топлат многу и бараат многу дрва, но не се имам запознаено со проблемите при палењето.

Амити е многу добар камин посебно оној без стакло. Еден другар одозгора кога фрли цел труп во него абе без страв дека ќе се скрши стакло.Сега ги нема старите модели.
Држи жар дури и по 8 часа.
Негативно е тоа што немаат пепелара па мораа да му прават дупки одоздола и да закачат пепелара што е полесно за чистење.

Прити пробуваат нешто да копираат но колку им се кавилтетни не знам а посебно кога ќе погледам што имаат внатре мислам дека во секој момент ќе се распаднат.

Упланд 13.000
Амити 21.000 со стакло, обичните порано беа 18.000
Франклин 24.000 ден
Рустикал 23.000 ден колку им е оригинален моделот не знам затоа што пред 1-2 год беше 29.000 ден.
 
Најдов каталог на лиена печка Арина
http://pecguca.blogspot.com/

Дали некој има искуство со ваква печка?

Што е подобро, според Вашето мислење и искуство?:
1.печката да е целата лиена
2. Да е од лим , а само вратите лиени
3. само од лим
 
Да де исти се ..... во бојата:)
Двата се црни.
Ај сега вака загледај се во вратничките и ке забележиш дека на едниот вратничките му се заоблени додека на другиот не се. Тоа е затоа што на тој со заоблени вратнички има стаклена плетенка, додека другиот нема. Ете само од таму можеме да почнеме за да видиме дека едниот со другиот нема врска.
А ако каминот не дихтува што значи не можеш да го контролираш согорувањето ништо не си направил.
Сега што пишувале во Чешка незнам но не наседнувај на рекламите. Таму ке напишат се што сакаш да слушниш и да видиш.
И реков дека се прити убави но има прити и прити, а разликата е во неколу 1000 денари за иста снага на камин од една класа погоре. Ако овај бил 9000 другиот би бил максимум 4000 денари плус.
Јас лично со прити се немам расправано но ја знам цела нивна историја. Тие произлегоја кога дел од менаџментот на фабриката за камини во бугарија складова техника ( http://www.st-bg.com/) се одели и го формира прити. Моделите им се скоро исти малце фризирани и со послаб лим, но во глобала ако ги копирале точно од нив тогаш се солидни.
Ако баш толку сте запнале од нив ги копираја и металец битола, па ако ги загледате нивните модели ке видите дека се како јајце на јаце слични, со таа разлика што овие нашите виделе не разбрале и квалиетет им е катастрофа. Затоа само во албанија и косово извезуваат.
Погоре кажав што е битно кај некој камин па кој сака нека го прозиведува. Тие се неколку работи кои треба да се гледаат при купување на камин, пошто не се купува за една сезона туку за подолг преиод.
Од линкот кој ми го даде претежно се претставени на прити и на алфа врање програмата и цените некако не се како што треба, но ете колку за пример
овој модел
http://www.najevtino.mk/p/камин-аfa-plam-ориент-к/120184
само без тие украсни плочки од страна се најдува за 13000 денари од складова техника под име галант 11, арамис , один. Со снага од 6 до 7 кв или по наши за 40 м2( можете да го видете во каталогот на страната од складова техника).
Искрено сега појма немам колку е точна цената на франклин, упланд и амити, Амитито треба да биди над 20000 , упландот некаде максимум до кај 17000 за франклинот и беспари да ми го даваат не го земам,а ги има скоро во сите продавници тука во Битола. Исто ги има и од алфа врање , складова техника, од прити од металец и господ знај веке од каде.

Прифаќам сугестии! Фала на одговорот.... и на предлогот за камин
 
Најдов каталог на лиена печка Арина
http://pecguca.blogspot.com/

Дали некој има искуство со ваква печка?

Што е подобро, според Вашето мислење и искуство?:
1.печката да е целата лиена
2. Да е од лим , а само вратите лиени
3. само од лим
Вака сега.
И гусените камини и од лим имаат свои предности и мани, така да зависи што бараш од каминот или печката.
Јас искрено предностите кои ги имаат гусените камини мислам ни оддалеку не ги оправдуваат недостатоците кои ги имаат.
За предности ете ке речиме дека подолго време зрачат топлина, но од друга страна подолго време им треба да се загреат, што значи и не е некоја предност.
За искористеноста нема ни што да зборуваме , никогаш нема ни да се приближат до лимените од проста причина што начинот на производство им е поинаков. Гледам по рекламите се перчат со некои 80 % искористливост што е научна фантастика за нив. Ако се доближат и до 40% треба да бидете среќни. Па лимените камини со ЕПА 2 стандарди се мачат да стигнат над 50 % искористливост не пак гусените кои се технички векови зад нив.
После друга работа која никој не ја зема во предвид. Прво гусот како гус не е лиено железо туку појма немам ни јас што е. Ама знам дека ако е загреано и наеднаш го оладите ке пукни. А ако пукни толку од него, тешко дека ке го заварите а и ако успеете со специјални гусени електроди никогаш нема да биди како ново. Друго механички се оштетуваат пошто гусот не е еластичен и знае да пукни.
После тие се составувани не се заварувани, а спојовите им се намачкани претежно со кит за да дихтуваат. Е тој кит со тек на време ке падни па ке ви туши од сите страни, што значи ке имате ептен неконтролирано горење. Далеку од 80% искористливост.
После се тешки еден тон, да треба да го преместиш крв ке проплукаш.
Ајде да речиме како некја предност само ке го спомнам старинскиот изглед кој асоцира на квалитет , на нешто масивно. И многу битен фактор е народот. Едноставно мислат дека гусените камини се супериорни аи самите не знаат зошто. Прво што ке ви спомнат дека багји време топлина зрачеле и дека жар имало до сабајле. И што со тоа ??
Тешко ви е да го запалите каминот другиот ден??
Сепак се работи за вкус а за вкусови не се расправа.
 
Баталете шпорети камини трајно-жаречи,еве ви една направија што има 100,3% ефикаснот и искористливост на енергија.
220px-Pleven-Museum-AlexanderII-brazier.jpg
Стариот добар мангал :)
Здруженијата за заштита на непушачите инфаркт ке ги фати.
 
Стариот добар мангал :)
Здруженијата за заштита на непушачите инфаркт ке ги фати.
Небитно , битно е што е нај ефикасниот изум за искористување на топлинска енергија, само треба квалитетен ќумур :)
Башка и личи во собата, а и богами капитал е количеството бакар :pos:
 
Небитно , битно е што е нај ефикасниот изум за искористување на топлинска енергија, само треба квалитетен ќумур :)
Башка и личи во собата, а и богами капитал е количеството бакар :pos:
Мангалот и дрвениот ќумур беа речиси единствен начин на затоплување на градовите се до 20. век. Пред да се појават камионите, многу малку дрво можеше да се донесе до повеќето градови, а нешто пред тоа, со развојот ма железницата можеше да се донесе јаглен од рудниците. Дрвениот ќумур беше и главно гориво за подготвување на јадење и во металургијата. Се до крајот на 19 век за добивање на челик воглавно се користеше дрвен јаглен, дури подоцна почна да се користи кокс. Коксот позначајно се користи во високите печки од 1885 ( Пенсилванија )
Штета што кај не се нудат други горива освен огревното дрво
 
Би сакал да чујам ваше мислење дали е изводливо т.е какво затоплување ке добијам.

Значи сакам да поставам парно е сега проблемот е што котелот (Алфа плам камин) е во едната куќа, а радијаторите ке се наоѓаат во друга. Одалеченоста е некаде околу 30 метри. Радијаторите треба да греат површина од околу 50-60 м2. Дали би добил некакво затоплување со оглед дека растојанието е поголемо ?
 
Изводливо со добра изолација на цевките, но и така, сметам дека многу енергија ќе губиш! Не си ти ‘‘топлификација‘‘....тоа е мое мислење, но сепак најубав одговор ќе добиеш од Онак.... можеш и директно на пп кај него, ќе ти одговори најстручно!
 
Би сакал да чујам ваше мислење дали е изводливо т.е какво затоплување ке добијам.

Значи сакам да поставам парно е сега проблемот е што котелот (Алфа плам камин) е во едната куќа, а радијаторите ке се наоѓаат во друга. Одалеченоста е некаде околу 30 метри. Радијаторите треба да греат површина од околу 50-60 м2. Дали би добил некакво затоплување со оглед дека растојанието е поголемо ?
Немај гајле.... 30 метри не е никакво посебно растојание, ниту е големо - ништо
 
Postojat li posebni pecki za na metan kako sto se ovie na plin ili se isti? I soodvetni boci za punenje? Kobajagi so cena od 62 den za kg se faka upola poeftino negoli klasičniot plin LPG(propan/butan). Ima li nekoj nekoe info za ova?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom