Македонски фудбалски приказни

Толстој

екс Бомбастичен
Член од
28 септември 2012
Мислења
11.920
Поени од реакции
11.945
Па ајде и јас малку да напишам нешто интересно.

Пред 6 години игравме (Негорци ФК) општинска лига и отидовме во едно село заборајв како се вика и игравме со дупена топка и тоа беше единствениот резултат 0:0 таа година во општинска лига, па топката не одеше бе.

Еднаш игравме со Кожуф младинци дома и немаше кој да ни го искоси игралиштето па игравме на трева до колена. Таа утакмица (ние навикнати на таква трева) ги победивме 1:0.

А паметам еднаш игравме в Струмица закажавме и ние на терен веќе спремни секој на своја позиција дојде еден будала и почна со бензин да истура по тревата и таа почна да гори ебаго, одма на бегање сите и никогаш повторно не се вративме таму.

Му дадоа на најдобриот играч во тимот црвен коа му се фрливме на судијата му се изнатепавме и им дадоа службена на противниците. Потоа сакаше да не тужи ама собравме пари и му дадовме нешто.

После едно коло пак тој ни суди и за инает ни даде два црвени знаејќи дека ништо не му можеме ама вечерта го начекавме на одење го испретепавме. И пред 1 година отидов во кафана во Гевгелија и тој келнер таму ме препозна и вели: „Ти да не играше во Негорци ФК едно време?“ и ја му велам „Не, имам брат близнак можно е тој да е“ а ја никад не сум имал брат близнак а ни брат воопшто.

Игравме еднаш и во Боговиње јас бев на клупа и судијата вели не давајте гол и јас ќе умрам и вие ќе умрете, ми падна жал за него влагам у игра и два автогола си давам.


Има уште многу да се раскажува, но тоа друг пат.
 

Џони Вајсмилер

Don't share my food
Член од
15 февруари 2010
Мислења
15.489
Поени од реакции
15.506
Март 2011 мислам беше ама не се сеќавам најдобро..одиме да судиме во Ресен и Преспа играат против едно село од Крушево мислам беше не се сеќавам..и утакмицата почнува во 15 часот тие идење во 15 и 45 со 8 играчи без тренер без ништо а шофеорт голман...причината никој не ја знае ниту домашните и полека пополека се слекваме..и 10 минута 0-1 за гостите:pos:..јас бев тогаш втор помошник ии кај мене напаѓаа домашните дури три офсајди му кренав до 20 минута бидејќи си седена внатре напаѓачите уште кафенце и весник да си земеа..и некаде 38 минута на брзина 3 голови дадоа и на гостите му се скурче падна еден на сред терен и почна да вика како улав''ааааааааа немом појќе умрев'' и судијата колегата му вика''абе брат да не немаш јадено од сабаље'':pos::pos::pos: сите присутни се помочавме од смеа и батето излезе и со 7 души неможи да се игра и нормално утакмицата се прекинува 3-0 службена..и кога колегата се упати кон соблекувалната во 39 минута јас еден од играчите ги прашав што е работата зошто со 8 играчи??..тој ми вика''другар во Скопје денес е митингот на СДСМ мора да се оди дури од сега имаме маици спремано'':pos::pos::pos:..и ги гледаме едно време од соблекувалните со сините маици излегваат:pos::pos:..

од судиска перспектива имало многу глупости и циркузи во ваквите натпревари ама повеќето кон негативна насока сега сигурно нема да ви пишам како ме имаат бркано и слично..:D
 

џимеј

џимилино
Член од
4 март 2007
Мислења
10.401
Поени од реакции
25.262
И се пренесваја утакмиците од страна на сер Славчо на локална телевизија . И сеа тој коментираше се само то шо се случваше на теренот не коментирашe.
Ко спомна коментатор, го барав и го најдов конечно видеово. Охрид лани кога играше во прва лига, се пренесуваа натпревари на телевизија, имаше новинари кои пишуваа за спортефе и слични сајтови, значи имаше заинтересираност. Михајло такозвани Миколи ги коментираше натпреварите и сите клипови со хајлајти беа кој од кој.
Еве еден од нив, т.е. најдобриот.

Значи колку беше возбуден, гласот го изгуби дури од викање, ко Охрид да освоил Лига на Шампиони :pos:
Има уште неколку само да ги најдам...

еден спрема НУЛАААААААААаааааааааааааААААААААА :pos:

И овде исто е добар
 

ADP

Член од
5 јули 2012
Мислења
3.495
Поени од реакции
2.305
Од прва лига нема да најдеш многу вакви приказни, ама затоа од третите и општинските лиги може цела книга да се напише :)

Од каде да почнам... :icon_mrgr:
Гледајќи трета лига веќе 14 години сум доживеал се и сешто, мада приказниве се воглавно за црна хроника... :icon_mrgr:

Судиите сешто имаат доживеано во третиве лиги, несакам да сум во нивна кожа.
Од кај да почнам. Прв пат ме носат на гостување во 99 година во Пирок, на Пирок-ЈСП.
ЈСП поведе и овие влегоа на терен сакаа да му пикнат цигара во уво на судијата. Нормално упатија закани ако не победат нема живи да излземе...
Стандардна процедура беше тоа секаде, ако не ја дадеме утакмицата нема излегување.
Колку утакмици до сега сум проследил а судијата да не свири крај се дури домашниот тим не даде гол. :D
:pos: Jas sum imal togash 7 godini , prvo odelenie :гик: i ne pamtam ama bash nishto :D osven slikite shto gi gledam sekojdnevno od minatoto :icon_mrgr:

Kako taka od Skopje ekipi da igraat na Zapadot , ili kako odelo toa ?

Kazhi podetalno za ovoj mec :pos: , sea koj e podobar pobeduva 0-2 , 0-3 i caoo prijatno , ne e kako porano Konjaniku :свиркам:
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
31.029
Поени од реакции
74.430
:pos: Jas sum imal togash 7 godini , prvo odelenie :гик: i ne pamtam ama bash nishto :D osven slikite shto gi gledam sekojdnevno od minatoto :icon_mrgr:

Kako taka od Skopje ekipi da igraat na Zapadot , ili kako odelo toa ?

Kazhi podetalno za ovoj mec :pos: , sea koj e podobar pobeduva 0-2 , 0-3 i caoo prijatno , ne e kako porano Konjaniku :свиркам:
Епа лигата се викаше Трета лига Полошки регион, учествуваа екипи од Кумановско, Скопско, Тетовско и Гостиварско :icon_mrgr:
Во лигата тие години беа Дрита, Пирок, Камењане, Арсими, Фљамуртари, Љуботен, Гостивар, Кадино, ЈСП, Скопје, Илинден, Металург, Локомотива, Шкумбини, Бистрица Шупли Камен, Речица (Кумановско, екипата беше со Српски играчи), Бутел, Јуниор Доброшане, Куманово после некоја сезона паднаа, Балкан, Бриони, Гоце Делчев од Скопска Црна Гора, Беса Слупчане, Фортуна Синѓелиќ итн :D

Нема што многу да се каже за мечот, и мене ми е во бледо сеќавање. Водевме 0-1, се случи тоа со судијата, го измалтретиравте и класика после тоа ви досуди некои слободни и тепавте 2-1...
 
Член од
13 март 2009
Мислења
1.968
Поени од реакции
1.868
Играв некој период во Еурофудбал и во Фк Охрид младинските категории и игравме во регионална лига против Кораб од Дебар и на сред натпреват си помина едно типче со точак на сред терен, ние викаме се буниме, домаќиниве и судииве мртви ладни ко секој натпревар да се случувет вакви работи. После помина типчево уште неколку пати ама видовме и ние дека џабе се буниме па не го регистриравме. Ние фудбал игравме, тој си се возеше по теренот :pos:
 
Член од
27 април 2009
Мислења
2.482
Поени од реакции
1.669
Велешта, струшко албанско село (ваму ако сака и Барса нека игра, не зема бодови ако не им платиш). Играа против Велмеј(Илинден мислам се викаа), полувреме нерешено беше и еден така мртов ладен му оди на линискиот судија, му ваѓа пиштол, му вика нешто (сигурно не го има прашано дал е јаден :D), се враќа, седна "гледачот", почнува натпреваров и овие само си чекаа до голманон топки, ни офсајд, ни ништо немаше, си даваа голови од офсајд ко Милан на времето. :D

3 или 4 - 0 заврши .
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.166
Поени од реакции
18.212
еден од играчите ги прашав што е работата зошто со 8 играчи??..тој ми вика''другар во Скопје денес е митингот на СДСМ мора да се оди дури од сега имаме маици спремано'':pos::pos::pos:..и ги гледаме едно време од соблекувалните со сините маици излегваат:pos::pos:..
Бранко е крив :pos:
 

Џони Вајсмилер

Don't share my food
Член од
15 февруари 2010
Мислења
15.489
Поени од реакции
15.506
Велешта Струга дефинитивно најдобриот домашен фудбалски клуб на сите времиња...не Барселона ако сакаат и ал-стар тим да се направи во Европа нема да победи таму...најжешкиот терен во светот..Бомбоњера,стадионот на Бешикташ,Галатсарај..на Билбао..на Осасуна..сите овие лајна да јадат..Велешта си е Велешта таму нема лабаво:D
 
Член од
13 јануари 2009
Мислења
1.311
Поени од реакции
749
Играме против Текстилец претходната сезона на домашен терен,на 1-1 судијата не им свирна пенал на нив и овие кога почнаа да плачат и ни викат нас дај бе да го истепаме овој да го изнесат од терен на носилки па ние да си играме на раат без судии :pos: и си земаа парталите и си отидоа и службена за нас.И ние после меѓу себе си ја продолживме утакмицата.
А пред неколку години кога тренирав генерација 94 играме против Бутел на нивни терен кога ни дадоа еден фудбал мал издишан како да играме маалски фудбал,поведоа од слободен со 1-0 и за на крај да заврши во наша полза со 1-2 и си се поздравивме поштено и коа влегоа играчите на Бутел во соблекувална кога почна да се дере тренерот нивни мајки шајки мавање шамари клочи,изгледа овој рањо бил вие што го фалите многу :icon_lol:
 
Член од
13 март 2009
Мислења
1.968
Поени од реакции
1.868
Велешта Струга дефинитивно најдобриот домашен фудбалски клуб на сите времиња...не Барселона ако сакаат и ал-стар тим да се направи во Европа нема да победи таму...најжешкиот терен во светот..Бомбоњера,стадионот на Бешикташ,Галатсарај..на Билбао..на Осасуна..сите овие лајна да јадат..Велешта си е Велешта таму нема лабаво:D
Таму прво фино лепо ги прашвет судиине "Сакаш амбургер или ќотеќ" , ако судиш убо ќе добијаш "амбургер", ако не ќотеќ :D
 

џимеј

џимилино
Член од
4 март 2007
Мислења
10.401
Поени од реакции
25.262

Како бе го заборавив ова во воведниот пост :pos:
Да се врзиш за местово.... така рече бек че играш?
 

Prime

Оптимус
Член од
4 јули 2010
Мислења
6.141
Поени од реакции
8.101

Како бе го заборавив ова во воведниот пост :pos:
Да се врзиш за местово.... така рече бек че играш?
уште појако е на почетокот... од Сиљановци викно го то будалото..Дејан Дејан да се врзиш
:pos:
 

Tomasino

За својот народ и за тебе, морав јас да робувам.
Член од
19 март 2009
Мислења
9.252
Поени од реакции
19.549
Ко прајме муабет за Велешта....
На времето,легендата на Кајгана Бошето...:D(го знаат редовните на Кајгана):ROFLMAO: ,играл фудбал во трета лига,е сеа за која екипа не знам,дали за Младост Горно Оризари,или пак за Светлост од Кукуречани не сум сигурен,знам дека беше една од овие две екипи...
И шо се случува?На Велешта им треба утакмицата ептен..(и да не им треба на скеој меч на свое буниште играат како финале на ЛШ да е):D
Гостите пред влезот во Велешта нормално се предупредени дека ако не изгубат ќе биди лошо(по нивното здравје)...
Арно ама,не ја сватиле сериозно заканата,изглеа не гостувале порано во Велешта и си играат фудбал,трчаат,а реално биле многу подобри од Велешта,имаа силни тимови на времето третолигашите од Битола....
И оп,0-1...
Овие од Велешта си викаат има време,ќе се опаметат овие...белким не се толку улави да јадат ќотек....
И поминува време,никако да израмнат.....:eek:дојде полувреме...
И шо прават?одма притисок,вербални закани,мавтање со огннено оружје...и упали кецот.....ги наполнаа гаќите гостите...сите освен еден.....:гик:најважниот голманот...
Дечкото инает,вика НЕ ПУШТАМ ПА ШО САКА НЕКА БИДИ...овие другите грачи го молат,АМАН БАТО,ЌЕ НЕ ОТЕПААТ ОВДЕ,ВРАЗУМИ СЕ...:eek:
Овај пет пари не дава....ќе бранам и то е...:D
И шо се случва?
Гостите ги оставаат играчите на Велешта,си се шетаатдо гол,арно ама овие од Велешта биле тешки дрва...па никако не можеле да дадат гол,а и овај голманот се повампирил..се фатил,небаре Касиљас на гол,идат сами од 10 метра овај живи топки фаќа...:pos:
И иди крај на утакмицата....резултатот уште 0-1...:eek:домаќините почнува паника да ги фаќа...:pos:
И виделе не виделе овие гостите сами си бапнале автогол.:LOL: .некаде 90 мин...арно ама џабе е со нула,треба победа...
И напаѓаат пак браќата од Велешта:D,врви време...судијата не смее ни да помисли да сврини крај,зошто ЧЕ ГО ПУКААТ.... :eek:
Се играло најмалку 20 минути екстра време,никако гол да дадат,и видел не видел еден играч на Велешта сам се спружил внатре во шеснаесетник,ни дуел ни ништо,паднал едноставно....и одма за гуша судијата го фатиле сите играчи на Велешта,и судијата донесол рационална одлука,покажал пенал....:)
Ај шо покажал,пак домаќините ги фатило страв,си викаат овај голманот не е салам,бетер од Касиљас,вапмир,да не го фати и пеналот?:eek:
И се консултираат,и носат СОЛОМОНСКО РЕШЕНИЕ....:)Какво?
Двајца играчи одат кон голманот,го фаќаат за двете раце,едниот од една страна,другиот од друга....го држат голманот на средина од голот да не смее да мрдни(заложник):D,и изведувачот на пеналот има задача само да го погоди оквирот на голот(освен на средина нормално),ништо друго,се е средено...:pipi:
И шутнал батето по долга концентрација(небаре одлучувачки пенал во пенал серија на финале на ЛШ изведува):cool: во аголот од голот,и ГОООООЉЉЉЉЉ...:vozbud:
Судијата одвај чекал,крај,победа за домаќините,радост во селото,небаре титула освоиле....
И така се спасија Бошето и другарите од линч во Велешта....:DСите среќни,3те бода за Велешта,и главите на рамо на гостите и судијата...happy end...:pipi:
 

Mr. Mojo Risin'

Porka de Majorka
Член од
14 септември 2008
Мислења
3.518
Поени од реакции
4.402
Фк Бутел рулз кој играл знае :pos:
--- надополнето: 31 октомври 2012 во 00:44 ---
Ајде уште нешто од блиско минато :icon_mrgr:
Лани при крај на сезона (уствари како и во секоја сезона) неможеме да собереме ни екипа, па за да нема казни се збираат луѓе од улица колку да се отиде на гостувањето и се губи службено (со тактиката одат 7 играчи, еден паѓа и губат службено). Доаѓа на ред гостување во Арачиново, нормално и тие што останаа во клубот се пичкаат да одат таму. Кој болен, кој имал испит, трет требало да оди на свадба итн.
Доаѓаме во ситуација има само 5 играчи, а ни требаат уште 2-ца. Оди синот на газдата и зема уште еден негов другар, ама на типов не му кажуваат каде гостуваме пошто се знаеше дека ќе одбие ако слушне Арачиново.
Реакцијата кога насетува дека одиме некаде надвор од Скопје.
-А каде гостуваме?
-Во Арачиново
Неговата реакција:

Излегуваат само 6 души на терен, фаќа паника кај е седмиот?
Тренерот го вика кабињерот да влезе во игра, пошто фали играч. А кабињеров вика абе еве го играчот, СЕРЕЕЕЕЕЕЕЕЕ СЕГА ЌЕ ДОЈДЕ :pos::pos::pos:
Овие се паѓаа од смеа, не поминавме центар цела утакмица, се изиграа некои 40 минути по договор и изгубивме 4-0 ми се чини.

Годинава во Марино водиме 0-2 во 5-та минута пошто овие беа со 9 играчи. Негде во 10-та минута директива од кафана им доаѓаат двајцата најдобри :icon_mrgr: Ни извадија 2-2 на крај ,резилаци најслаба екипа се во лигата :tapp:

Али сепак ова неможе да се мери со една сезона (не сум сигурен која, ама мислам некаде 2007/08 беше) останавме апла без состав. Газдата собра едни што беа сместени во Пелагонија, воглавно беа Струмичани :icon_mrgr:
Абе такви камења човече не сум видел, среќа што имавме некоја залиха на бодови од претходно, мада и во ваква ситуација незнам како се спасивме од испаѓање :eek:
Играа само последните мечеви од прва полусезона и втора полусезона (ме мрзи да ги барам резултатите ама ги имам ставено некаде по темиве) и губеа по 10-0 во просек...
Победивме само две екипи и две ни ја пуштија, пресметано беше ако ги тепаме тие две сигурно се спасуваме. Беса ни ја пуштаат овие крелињава ни на празен гол неможеа да погодат, стативи гаѓаа :pos:
Мораше да ги добиеме Нова Колонија и Демир Импекс од Ваксинце.
Со Нова колонија игравме на домашен во последните кола од есенската полусезона.
Беше -100 степени ми се чини...
Само јас и другар бевме на трибини, ништо не осеќав од своето тело иако носев сто јакни на мене.
Тепавме 2-1 :pos:
Благодарение на судијата, кој изгледа се замрзна од ладното во моментот кога го имаше дигнато знамето за офсајд и така стоеше цел меч :pos:
На крај кога му се сипаа да го тепаат. Имаа еден голман ист во фацата како Енди од Како ќе каже Џим, кога се зегна да се тепа, едвај го сопреа :icon_mrgr:
Таму мислам дека изгубивме едно 15-0 :icon_mrgr:
Во втора полусезона дербито и решавачкиот меч за испаѓање со Демир Импекс :D
Какви камења беа ти па хахаха
Значи со оваа никаква екипа ги водевме 4-1, и тоа нашиот тренер којиграше на овој меч им даде едно голче со волеј, се напали и покажуваше со рацете на бројката од позади на дресот хаха
Али се изморија нашиве и овие кога навалија, 2 гола за 5 минути дадоа.
Беше некаде 70-та минута а овие ненормално напаѓаа, а нас ни одговараше само победа, ако примевме гол готови бевме.
Даваат гол, судијава го поништува ради фаул.
Негде 75-та минута даваат гол по нафрлање од корнер, а судијава пак го поништи ради наводен фаул, иако немаше никаков контакт :pos:
Артан се викаше судијата. Е тој каков ќотек што изеде, одамна немам видено така. Им го поништува голот, и само слушаш ОЈ АРТАНИ ТА ЧИФШАТА НОНА,. го бркаа по цел терен, полицајциве едвај се поместија за да реагираат. Го собра еден со клизач и убаво го изрогаа. Нормално тепавме и се спасивме :icon_mrgr:
Артан трипче..Нема кој не го знае низ Чаир има јадено ќутек на скоро секој стадион хахах.
--- надополнето: 31 октомври 2012 во 00:54 ---
Мислам дека го викаат Црна, на еден другар што заврши со мене средно му е татко, од Чаир е.

Инаку тоа со докторите е најјако, ако добиеш вода е премија, а ако те прсне со спрејче е тогаш се осеќаш како играч на Реал :D
Водата е нешто као Лековита за се ја користевме Сркршени ребра дај му вода ќе му помине итн итн :D
 

Kajgana Shop

На врв Bottom