Македонски фудбалски приказни

  • Креатор на темата Креатор на темата џимеј
  • Време на започнување Време на започнување
10 минути пауза за жолт картон во амтерскиот фудбал во Холандија


Денес дознав за еден интересен податок и многу се насмеав - во општинска лига кај нас, ако добијаш жолт картон ти плаќаш казна 150 денари, а ако добијаш црвен 200. :pos:Немав појма дека било така. Во случај да не ги платиш овие пари нема да можеш да играш на следниот натпревар. Скоро сите натпревари поради ова завршувале без картон. :pos:
не бе кое плаќање...
во општинската лига трошоците за судиите се плаќат пред почетокот на полусезоната, ми се чини по 1000 евра се плаќа од полусезона
а со жолтите се прават многу заебанции..на пример добива број 10 жолт и после кога се прави записникот тренерите најчесто кажуваат некој друг број на дрес на друг послаб играч
инаку со 5 по ред се паузира..ама многу ретко ...можи некогаш по договор со судиите и тренрерите да не се напишат картоните во записник и слично
а дека некое бате ќе ти плати 2 стотки...тешко
 
не бе кое плаќање...
во општинската лига трошоците за судиите се плаќат пред почетокот на полусезоната, ми се чини по 1000 евра се плаќа од полусезона
а со жолтите се прават многу заебанции..на пример добива број 10 жолт и после кога се прави записникот тренерите најчесто кажуваат некој друг број на дрес на друг послаб играч
инаку со 5 по ред се паузира..ама многу ретко ...можи некогаш по договор со судиите и тренрерите да не се напишат картоните во записник и слично
а дека некое бате ќе ти плати 2 стотки...тешко

Во Битола судиите со 2400 секој натпревар, за црвен мислам се плаќа 500 денари а за жолт не.
 
Оломнани ми се чини пред почетокот се плаќаше за да нема такви проблеми...ете сменале

Во Битола целовкупната партиципација се плаќа од почеток на полусезоната..порано беше така пред утамкица инаку сега парите од сите клубови се на сметката на ОФС Битола
 
Во самата котизација која се плаќа на почетокот од сезоната спаѓаат и судиските трошоци. Тие пари одат во општинските сојузи и после овие ги исплаќаат судиите. Само доста заебанции им прават бар во трета север, се жалат бајаги судииве дека не ги добиваат парите.
 
Денеска бев за градското дерби Ф.К Победа - Ф.К Корзо.

Куриозитет е што физиотерапевтот на Ф.К Корзо по професија е ветеринар, специјалност крупна стока, мислам буквално. :D
 
Екипите во пониските лиги мака мачат да најдат капитенска лента, и најчесто врзуваат некои крпи :D
Како ФК Сопиште го решија тој проблем?:D
Направија еден дрес дизајниран така што на ракавот има црвена линија која ја преставува капитенската лента. Па така тој што е капитен го носи тој дрес :ROFLMAO:
 
Екипите во пониските лиги мака мачат да најдат капитенска лента, и најчесто врзуваат некои крпи :D
Како ФК Сопиште го решија тој проблем?:D
Направија еден дрес дизајниран така што на ракавот има црвена линија која ја преставува капитенската лента. Па така тој што е капитен го носи тој дрес :ROFLMAO:
Преку глава им дошло на дечките од крпи и разно разни шамивчиња да врзуваат. :P
 
Да ја заживееме малце темава :)

Четврта лига ОФС Кисела Вода, Славија-Титан.

1.Гостите играа во дресови на Цементарница од времето кога овие играа во Интертото куп (кој патем веќе не постои), против екипата на Хафнарфјордур. А можеби и од порано :icon_mrgr:

2.Пошто носеа различни типови на дресови, во составот имаа двајца играчи со број 6 :icon_mrgr: Им фалеше уште еден за да го комплетираат ѓаволското 666 :icon_lol:

3.Немаше втор помошник, па еден другар се симна од трибина за да биде линиски судија :)

4.Линиите беа нацртани од деца од маалото :D Од крива покрива, но мора да се издвои шеснаесетникот:
DSC00480.JPG
Удрете го фокусот на полукругот шот треба да биде на работ од шеснаесетникот :D Моментот е што шеснаесетникот е скратен за минимум два метра, пошто пеналот се изведува од онаму каде што има дупка, а шеснаесетникот е нацртан одма над пеналот :D

5. Една од посмешните ситуации што сум ја видел. Позади стадионот има куќа во која чуваат едни вучјаци, ама расни се како лавови :D И често им бегаат од дома и влагаат на стадионот. Така еден од нив денеска си одмори сред терен. Не се најде маж што ќе го избрка :pos: Цело второ полувреме си трчаше низ наша половина. Имаше едно шише во уста и го играше. Среќа гостиве беа хаварија и скоро и да не влегоа во наша половина, иначе смеење ќе беше :D Нека смее некој гол да ни даде да го видам :D
DSC00499.JPGDSC00498.JPG
Добар беше коментарот на нашиот голман. Кучево е единственото нешто што ми влезе во шеснаесетник денеска :D Пукна од досада пустиот, ги молеше овие да шутнат барем од далеку.
 
Вчера дерби во втора лига Победа-Силекс 1-1
Беше суден фаул за Победа,и му оди тој беко од силекс на судијата и разговорот беше вака
Бекот:Шо свириш фаул бе жената да ти ја ебам
Судијава:E добро бе шо се лутиш нака шутнат и тие да не не сетат :pos:(а се беше очигледно)
Бекот:Че видиш ти од газда ѕинго пари договорени за утакмицава на ку*о :pos:
И нормално после опомената судијава се отепа фаули свирење за силекс.Чак и аутите шо беа за Победа ги свиреше за силекс
 
http://www.mkd.mk/sport/fudbal/gazd...ri-zashto-ne-mu-ja-dodavale-topkata-na-sin-mu

МЕЈД ИН МАКЕДОНИЈА
Газдата на Миравци ги тепал своите фудбалери зашто не му ја додавале топката на – син му!
Кога човек ќе помисли дека македонскиот фудбал веќе го допре дното и дека не може полошо од ова, секогаш е тука некој од нашите фудбалски „газди“ за да нѐ демантира во тоа. Од гевгелискиот регион ни доаѓа помалку неверојатна вест дека Васе Штерјов, сопственикот на второлигашот Миравци, го удрил својот фудбалер Томче Мижоров, зашто овој не му ја додавал топката на неговиот син, Дарко Штерјов!?
mkd-79933.jpg
Оваа неверојатна случка ја открива сега веќе поранешниот тренер на македонскиот второлигаш, Зоран Штерјовски, кој го водеше тимот на дуелот со Локомотива. Претходно, од клубот дојде информација дека му врачиле отказ на Штерјовски, поради нарушени односи на релација тренер – играчи.
Она што го тврди Васе Штерјов за односот со дел од играчите во клубот воопшто не е точно бидејќи јас како тренер на екипата со играчите сум во супер релација, но, тоа воопшто не е проблемот што го наведува сопственикот на Миравци. Јавно истакнувам дека без да ме смени јас ќе си заминев од клубот бидејќи на средбата со Локомотива на која не успеавме да победиме во текот на целиот меч вулгарно ги пцуеше играчите и на крајот од самиот натпревар дојде и го го удри Томче Мижоров . Причина - затоа што не проигрувал со неговиот син Дарко Штерјов. Со ова тотално ја наруши атмосферата во екипата и тоа е единствената причина за недоразбирањето и што јас си заминувам од клубот", вели за „Спортефе" Штерјовски.
 
@Windfucker ме потсети на темава.
Сеоски фудбал има многу повеќе материјал, ама имаме и ние :D

Еве ја клупата на ФК Лешани
1919013_100754813284136_1799479_n.jpg


Лешанци ја слават победата
1919013_100756586617292_7935916_n.jpg


И не запираат
10391823_101333553226262_4438790_n.jpg


Фудбалер и фан
32503_101329856559965_8216936_n.jpg


Ги откорнавме патлиџаните
25917_106554096037541_5466668_n.jpg


Доџи ми вечерас
62093_161764053849878_1128412_n.jpg
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom