џимеј
џимилино
- Член од
- 4 март 2007
- Мислења
- 10.401
- Поени од реакции
- 25.262
Сигурен сум дека голем дел од нас љубителите на фудбалот сме слушнале или сме биле сведоци на многу интересни случки во нашава државичка - лулката на фудбалот, местенките и ќотекот. Да не должам многу, кратко и едноставно, еве некои прикаски што сум ги слушнал од постариве и дел на кои сум присуствувал, нормално сите овие се во охридско струшкиов регион и славна Дебарца.
Првото име на ФК Велмеј било ФК Пеле затоа што Велмешани мислеле ако го крстат така тимот, Пеле ќе слушне за нив и ќе донира пари за тимот.
ФК Велмеј, гигантот од Дебарца, легендарен тим кој не можел да приреди досаден натпревар. Кај нив ако гостуваш дур не изгубиш не си одиш. Кољо професор по историја (Охриѓани го паметат) Бог да го прости, на времето бил голман во Велмеј. Требало да мести утакмица против некое друго село. 90та минута пенал за противнициве. Кољо се договара со напаѓачов на другиот фк и му рекол - ти ќе шутираш десно, јас ќе скокнам лево.
Ама прости луѓе, не сфатиле дека од Кољо лево е десно од напаѓачов. Шутирање топката и Кољо на несакање ја одбранил и завршило нерешено па јадел ќотек. (Кољо сам си се договарал со противнициве да им попушта голови во замена за ручеци, вечери по ресторани)
На натпревар на Охрид во трета лига на нашиов капитен судијата (помлад судија од 25-6 години) му дава жолт картон, овој го зеде картонот и му го искина.
Или, на решавачки натпревар за влез во втора лига, т.е. последно коло играа Охрид - Фљамуртари, на Охрид му требаше победа, на полувреме беше 7-0, напаѓачот на ФК Фљамуртари немаше што да прави цел натпревар и второ полувреме си запали цигарче пошо немаше ни еден контакт со топка, фљамуртарци центар не поминаа.
Во Велешта и Делогожда судијата прво го седнувале на маса и вака одел муабетот:
- Ти шо сакаш за вечера, ќотек или плескавица?
- Плескавица.
- Аа браво, умен тој види го...
Магистерот (неопеан херој, позната "фаца" во Охрид) има забрана за влез во скоро сите кладилници во Охрид затоа што им тера малер на сите што уплатиле ливче. Фудбалски судија е, повеќе несуден судија отколку фудбалски.
Ја делел "правдата" на третолигашки натпревар во Албанија, и домашните му рекле - дур не победиме не свириш крај. И Магистеров ни пет ни шест, свирење крај, сите играчи и цел стадион го бркале. Се враќал по нелегални премини во Македонија и спасил живот.
Истиот тој, најтазе - лани, судеше на ФК Оровник - ФК Воска. Досуди пенал за ФК Воска и на овие пак уште малку им беше му се фрлија да го тепаат. Магистеров викна полиција и таман спушти му го зедоа мобилниот и му го фрлија в лозје и ја прекинаа утакмицата. Локалните мештани цел ноќ поминаа в лозје да му го бараат мобилниот.
А ете што се случуваше во меѓувреме во таборот на ФК Оровник.
Или пак, натпреварот што ги однесе Охриѓани во гинис, и ден денес се зборува за него. Каков мастермајнд треба да бидеш за да осмислиш нешто вакво.
http://www.velgosti.com/sport/fudbal/ginis.html
Ајде бујрумте, сигурно има многу случки од другите регионални лиги, а знам има многу форумџии кои редовно следат натпревари од домашниве "лиги". Somnitelno Lice* сигурно ќе надополни пошо многу заборавив да напишам, а има. Коњаникот Сабја, Комита Ултрас и останатите @навивачи сигурно имаат по нешто, Џони Вајсмилер ко судија или искуства од колегите нешто?