Лига на Шампиони 2012/2013

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
26 август 2009
Мислења
1.880
Поени од реакции
2.258
И до толку ли нема бе некој од Реал од младинците да игра бек, што мајка бара Есиен таму кога типот е десен бек по потреба, не лев? Знам јас дека се изгорени по ЛШ годинава ама подобро некој со помалку искуство да игра на својата позиција на важен натпревар (Алаба ениуан?) отколку рандом играч што не играл таму да го правиш лев бек.
Нема ништо саглам. Може некој ќе спречеше 2-3 топки повише од Есиен ама исти курац ќе беше. Алаба не е играч што излегува од фудбалските школи секој ден, остај ти таа споредба.
Единствено нешто што можда можеше да направи повеќе, игра за Леверкузен на позајмица.

Искрено не верувам дека Мурињо направил нешто повеќе спремање на екипата за овој меч. Секој фан што малце разбира од фудбал знае дека Дормунд ги притиска крилата и бековите, а другите играчи се закриени. Едноставно мораше некој побрз играч да игра на таа позиција, а Есиен мораше да биде на средината. Појачана средина со 1 копач повеќе беше клучно за оваа утакмица, али Моу изгледа се имаше понесено од успехот против Селта со син му како лев бек.
Не сакам ни да помислам на тоа, ама изгледа го губи допирот...

Оуу и да, не паднаа головите од акција на Дортмунд туку по грешка на одбраната, пофалби до Пепе - хи ис бек на старите патеки. Па уште и кога рече некој Рамос бил добар десен бек, фак ит , добар одбранбен играч. :pos:
 

GTFO

Pushing the button
Член од
3 април 2009
Мислења
5.654
Поени од реакции
4.579
Деновиве подобро не ја отварајте темава зошто "германциве" цитрони ке ни ги направат како Бундес била најдобра во свет..
 

ЧЕНТО

Претседник
Член од
27 јануари 2007
Мислења
8.239
Поени од реакции
4.839
Деновиве подобро не ја отварајте темава зошто "германциве" цитрони ке ни ги направат како Бундес била најдобра во свет..
Не го тупи,никој озбилно нема да ти каже дека е најдобра во светот...

Такви ко тебе цитрони ни ги напраија со муабетите за мизерните екипи од Бундес...А сеа неможеш да си објасниш како тоа ги здрвије големите Арсенал и Реал.
 
M

Mario Gómez

Гостин
Деновиве подобро не ја отварајте темава зошто "германциве" цитрони ке ни ги направат како Бундес била најдобра во свет..
на секој саат ќе си праам потсетник на мобилниот да не забораам да пишам. :D
 
Член од
12 декември 2010
Мислења
10.327
Поени од реакции
11.166
Ајде експерти светски белосветски и вселенски,мајстори најголеми на фудбалската игра....Ајде пак дека Бундес била составена од мизерни екипи....ајде пукајте.

Не Арсенал е јак ебате,шупки едни смрдени,од фудбал плејстејшн знаат само.

За Реал имам респект ама и они опасно го изедоа денес!
ништо посебно, само една добра недела на германските екипи у Европа.
се дешава јбг. се деси и шалке до полуфинале да гази па налета на јунајтед :)
башка и уште се играат групите каде има тактизирање и ротирање на фудбалерите, рано е да се даде акцент само на лш ;)
 

GTFO

Pushing the button
Член од
3 април 2009
Мислења
5.654
Поени од реакции
4.579
Не го .... никој озбилно нема да ти каже дека е најдобра во светот...

Такви ко тебе цитрони ни ги напраија со муабетите за екипи од Бундес...А сеа неможеш да си објасниш како тоа ги здрвије големите Арсенал и Реал.
Па никој не рекол дека Бундес има очајни екипи,само што после секоја победа на повеќе тимови од иста лига се јавуваат овие исти дискусии и коментари. Пр. лани после победите на Наполи и Милан во првите натпревари од 1/8 финале vs Челзи и Арсенал на темата за ЛШ имаше 1000 мислења како тоа Серија А била јака лига,тимовите од Италија ги убиле англиските,ПЛ не вредела па после вторите натпревари сите ги однема одеднаш. Немој да не биде исто со германскиве тимови сезонава,одлични од старт,а после 1/8 финале сите по дома..
 

Chains

империја
Член од
15 август 2006
Мислења
761
Поени од реакции
678
Деновиве подобро не ја отварајте темава зошто "германциве" цитрони ке ни ги направат како Бундес била најдобра во свет..
Да ти кажам право, јас во Берлин во кафич ги следев утакмициве, и германците поштено за реал и за арсенал си навиваа. Али мака имаат луѓето Херта е во втората лига:)
 

ЧЕНТО

Претседник
Член од
27 јануари 2007
Мислења
8.239
Поени од реакции
4.839
ништо посебно, само една добра недела на германските екипи у Европа.
се дешава јбг. се деси и шалке до полуфинале да гази па налета на јунајтед :)
башка и уште се играат групите каде има тактизирање и ротирање на фудбалерите, рано е да се даде акцент само на лш ;)
Се согласувам....

Ама е факт дека претставува тренд во нагорна линија и нешто што е последица на процес кој се одвиваше во германскиот фудбал.

Поентата ми беше дека не отупеа со непознавање на состојбите во бундес и германските екипи,а сега наеднаш сите се ситат на Реал на пример и ги знаат сите играчи на Дортмунд!
 

Staufer

Драган Богдановски
Член од
17 јануари 2008
Мислења
16.477
Поени од реакции
22.085
Да ти кажам право, јас во Берлин во кафич ги следев утакмициве, и германците поштено за реал и за арсенал си навиваа. Али мака имаат луѓето Херта е во втората лига:)
Јас па во Штутгарт во спортсбар до Мерцедес Бенц арената гледав па сите за Германците беа ;)
Зависит кој гледа, Германците сигурно си навиваат за Германските екипи, Не-германците највероватно не.
 

Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
29.797
Поени од реакции
44.293
1. За Реал, ништо трагично, само човек што не прати немачко првенство и не ги глеал Дортмунд со Клоп може сеир да им тера, за другиве никакво изненадување не е ова, без разлика што сезонава не се тоа тоа во Германија, иако табелата лаже но тоа е фудбалот.
2. Уште една дешавка even if I lose, I win за Мур зашто Сити го лапнаа немиен што апла им ги искомплицира работите бидејќи мораа 2 победи да имаат со Ајакс, убеден сум дека дома Реал ги победува Дортмунд и тоа е тоа за нив зашто играат и со Ајакс дома во последно коло а тоа е меч кој под дифолт го добиваат, со Сити сеедно што направат, наредно коло само да победат и тоа е тоа за нив у групава.
3. За разлика од точка 2, кај Дортмунд сеуште е деликатна состојбава без разлика што сега се први, 7 бода имаат но со евентуален пораз од Реал, ќе бидат на 3 повеќе од Сити кои такоџе, дома ги земаат Ајакс сигурно, без разлика на ова од денес.

Аналагодно на 3ве точки, иако одам на хипотетички ситуации кои убеден сум дека ќе се десат ( не треба многу за да Ајакс падне и кај Реал гости и кај Сити а и Дортмунд да падне во Мадрид ), пак Реал се во подобра состојба, Сити се во најлоша нормално зашто мора да ги добијат сите натпревари до крајот што за нив ќе значи пласман понатаму ко второпласирана екипа, Реал ќе се први. Дортмунд од друга страна ќе треба повеќе да се мачи од Реал, но не и од Сити, за Ајакс гости после ова денес можно е да имаат проблеми, но и нерешена ќе им одговара тука ако Сити изгубат дома од Реал, со бод на Сити тука а Дортмунд да победи во Амстердам, све е готово, останатите варијанти велат '' финале '' во Дортмунд, меч кој многу неутралци би сакале да го гледаат, каде Сити ќе мора да оди на победа.

* паѓаат во вода математикиве ако Дортмунд извлече добар резултат во Мадрид ( од овие мои ако муабети, овој има најголема шанса да се деси, иако и таа шанса за мене е мала ), нерешено или победа, но ко што реков, мали шанси им давам за тоа без разлика што се одлична екипа иако сезонава имаат огромни проблеми, 3 бода од двомечот со Реал за нив како и да е супер ( поготово по поразот на Сити денес ), а и Мур ко Мур со оглед на фактот што тие 3 бода под дифолт ќе значат и пласман даље, не верувам дека ќе си ја прокоцка таа шанса. За уште еден кикс на Сити не ни помислувам, немаат таков капацитет Ајакс за гостински терен, освен Манчини пак ако не се победи самиот.

п.с. Клоп царе ! :cuc:
 

ЧЕНТО

Претседник
Член од
27 јануари 2007
Мислења
8.239
Поени од реакции
4.839
Па никој не рекол дека Бундес има очајни екипи,само што после секоја победа на повеќе тимови од иста лига се јавуваат овие исти дискусии и коментари. Пр. лани после победите на Наполи и Милан во првите натпревари од 1/8 финале vs Челзи и Арсенал на темата за ЛШ имаше 1000 мислења како тоа Серија А била јака лига,тимовите од Италија ги убиле англиските,ПЛ не вредела па после вторите натпревари сите ги однема одеднаш. Немој да не биде исто со германскиве тимови сезонава,одлични од старт,а после 1/8 финале сите по дома..
Се согласувам со тебе дека не е ова никакво достигнување,не е титула...Но е резултат на процес кој се одвиваше изминативе години во Германија а кој многу малку го пратеа...

И сега наеднаш сите ги знаат играчите на Дортмунд и Шалке на пример.И ругаат италијанско не биле више за глеање,празни биле стадионите,а до вчера ги ќењаа сите бундес екипи.

Арсенал против Шалке е најдобар пример...Незнам уопште дали имаше некој пред утакмица што ќе речеше дека Арсенал ко магариња ќе изгубат од Шалке на домашен.Па се деси тоа,и не е ништо чудно пошто од Арсенал е само името останато.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom