Breaking Bad

  • Креатор на темата Креатор на темата Psyside
  • Време на започнување Време на започнување
Eden muabet mi nema napraeno za BB.

Во првата сезона знаеш што ми вика: е што, овие прават мет, Хајзенберг главна улога нема шанси да го фатат и тоа е тоа. Сега ми изгледа заинтересирана, се прашувам вистински или ради мене :D
 
Е па вака, некое време се мислев да започнам со гледање некоја нова добра серија. Следејќи тука на форумот и општо на интернетот, видов дека ептен популарни, ама онака култно популарни се Breaking Bad (Б.Б) и Game of Thrones. И си викам ај ќе го симнам пилотот од двете ќе ги изгледам и ќе се одлучам. И прв беше пилотот на Б.Б. И толку, ене го пилотот на Троновите така ќе стое уште некое време неизгледан.

Ги изгледав првите две сезони и ја почнав третата за неполни три дена, а земете го во обзир тоа дека половина ден сум на работа, така да... а знам дека најдоброто тек следи, судејќи по коментарите што тука ги видов ( читајќи ја темава последниве два дена, но внимателно да не си откирјам повеќе од што сакам).

Што и да напишам повеќе ќе биде џабе, на овие 62 страни кажани се сите добри работи, едноставно оваа серија е нешто посебно, нешто друго.

Само мислам дека треба да го намалам малце ритмот на гледање, колку да можам да ги спастрам впечатоците, да не ми се случи сега како што иде викенд и неработен ден во вторник, до другата среда да чекам до 2013 за последните 8 епизоди ;) (ама голема е веројатноста тоа да се случи нели?)
 
^tl;dr

превод за тие шо ги мрзи да читаат:
ми се свиѓа серијава
 
ај доста со тие пародии се нервирам веќе... разбирам шега две што се навистина смешни а ова испаѓа како ББ да е дебилна смешна серија па им се мава ремет
 
ај доста со тие пародии се нервирам веќе... разбирам шега две што се навистина смешни а ова испаѓа како ББ да е дебилна смешна серија па им се мава ремет
Џеко сине полека бе смири се.
На се што е добро се прави пародија, а ретко кога голем број на пародии се смешни.
Ова Breaking Swift ме изнасмеа прееска поштено, е сега имаше и неколку пародии ставени тука шо беа малку изгубени во времето и просторот ама добро.
 
Така де, зошто тогаш пиша дека на се што е добро се прави пародија? :D
Абе не те знаев дека си оволку голем буквалист :)
Плус никаде не реков дека на тоа што е лошо не се прави пародија....јас само нагласив дека тоа што е добро е исмејувано не реков дека лошото не е.
 
Отиде и трета сезона, за само ден и половина, можеби ќе ми беше изгледана и пола четврта да не го гледав мојот Арсенал како се мачи денеска. Од досегашните три сезони што мене ми се гледани, епизодата со мувате ми е телевизиска класика.
 
“I won.“

Четврта сезона-done!

Последните три епизоди од четврата сезона ми беа ептен емоционални.

Ама приметив, Волт има нова кола во последните епизоди, а не се сеќавам дека прикажаа дека купил нова кола. (нели со старата намерно се удари во камионот)

Убаво си кажав јас дека до среда ќе немам веќе B.B за гледање :(

Како што приметив на темава, за 8 епизоди од петта сезона се дискутирално многу повеќе од претходно сите сезони заедно? Дали тоа значи дека она што сега ме очекува, (петта сезона) е најдоброто од Б.Б досега?
 
Да, секоја епизода е подобра од претходната, секоја сезона е потобра од таа пред неа. :P

А кола купи откако ја искрши оваа старата со Хенк кога се возеа. Купи кола и за него и за Џуниор.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom