Е па вака, некое време се мислев да започнам со гледање некоја нова добра серија. Следејќи тука на форумот и општо на интернетот, видов дека ептен популарни, ама онака култно популарни се Breaking Bad (Б.Б) и Game of Thrones. И си викам ај ќе го симнам пилотот од двете ќе ги изгледам и ќе се одлучам. И прв беше пилотот на Б.Б. И толку, ене го пилотот на Троновите така ќе стое уште некое време неизгледан.
Ги изгледав првите две сезони и ја почнав третата за неполни три дена, а земете го во обзир тоа дека половина ден сум на работа, така да... а знам дека најдоброто тек следи, судејќи по коментарите што тука ги видов ( читајќи ја темава последниве два дена, но внимателно да не си откирјам повеќе од што сакам).
Што и да напишам повеќе ќе биде џабе, на овие 62 страни кажани се сите добри работи, едноставно оваа серија е нешто посебно, нешто друго.
Само мислам дека треба да го намалам малце ритмот на гледање, колку да можам да ги спастрам впечатоците, да не ми се случи сега како што иде викенд и неработен ден во вторник, до другата среда да чекам до 2013 за последните 8 епизоди

(ама голема е веројатноста тоа да се случи нели?)