Кампања за купување на Македонски производи

Член од
24 ноември 2009
Мислења
4.959
Поени од реакции
4.882

Имаме дури 6 рафинерии за масло, или нешто плус.Сигурен сум дека и во Гостивар имаше една фирма, ама не памтам име...битно користиме српско/хрватско масло за 2-3-4 денари поефтино или унгарско Флориол поскапо од нашите.

Малку за нашиве рафинерии
Прво најголемата, најстара и со најголема традиција
Благој Ѓорев АД - Велес (основана во 1923 година) / Кристал (170 вработени)

http://www.kristal.com.mk/


Настрана од нормалното рафинирано сончогледово масло почнале и со производство на ладно цедено масло (нешто како поздрава верзија на рафинираното) и сусамово масло.Само последниве две слабо по маркети.Изгледа дека не се странски...Работат и оцет, маргарини,алва, локум, желе бонбони, зачин Кристал, соја производи, нишесте, какао, кокос, шеќер во прав, џем, слатко итн.Дури и еден период почнаа и со Капучино и добро им беше на вкус, ама го снема набрзина :confused:


Млин Стојчев АД - Битола (1990 год., 120 вработени) / Битолско Масло
http://www.bitolskomaslo.mk/
Основна (или сега веќе почетна) дејност е леб и пекарски производи, од пред 2-3 години и со фабрика за (Битолско) масло, веројатно со најновата технологија од сите (од германско потекло).


Брилијант ДОО - Штип (1991)
http://www.brilliant.com.mk/
Освен масло Брилијант работат и производство на овчо сирење и кашкавал, јагнешко месо во две фарми и фабрика за Биодизел гориво (капацитет на производство од 100.000 тони годишно) и целосно откупено од Лукоил.Кај нив е стручен соработник еден од најпознатите професори на Балканот во овие дејности и доста почитуван во Европа, Македонец по потекло.

Производи:Сончогледново рафинирано масло и растително масло (од поголем број култури).

Во план е производство и на пченкарно масло.
Добро се поврзани и со Лукоил, газдата е пријател со некој од поголемите директори во Лукоил.Имаат и складиште во Штип.Исто и Царински терминал.

Складиште со терминал за течни горива и ТНГ

Складиштето и терминалот за течни горива и течен нафтен гас опфаќаат површина од над 12.000 м2 и се лоцирани во индустриската зона на градот Штип.
Складиштето располага со складиштен простор од 6.000 м3 за течни горива и околу 200 м2 за течен нафтен гас (ТНГ).
Автопреточувалиштето и вагонопреточувалиштето се со капацитет од по 120 м 3/ч.
Функцијата на складиштето е овозможена од следниве компоненти:
- 2 надземни резервоара со волумен од по 1.500 м3 за дизел горива;
- 2 надземни резервоара со волумен од по 1.500 м3 за бензини;
- 2 подземни резервоара со волумен од по 100 м3 за течен нафтен гас (ТНГ);
- 4 преточувачки пункта за автоцистерни (за дизел горива);
- 4 преточувачки пункта за автоцистерни (за бензини);
- 2 преточувачки пункта за автоцистерни за течен нафтен гас (ТНГ);
- 4 преточувачки пункта за вагоноцистерни за течни горива;
- 2 преточувачки пункта за вагоноцистерни за течен нафтен гас (ТНГ).



Ал Макс ДОО - Струмица (1997 г., 80 вработени) / Бисер.
http://www.al-maks.com.mk/
Производството им е по Шведска технологија и машини, а дел од македонски добавувачи.Дистрибутивни центри и магацински простор во Струмица, Гевгелија, Битола и Скопје.


Македонија Масло ДОО - Кочани.Најнов производител заедно со Агрофила, а Македонија Масло е фирма ќерка на кочански Жито Ориз, еден од најстарите производители на леб, ориз и пекарски производи, слична комбинација како Млин Стојчев и Битолско Масло (y)
http://www.zitooriz.com.mk/


И уште една фабрика од Штип, Агрофила / масло Фила.Нивното масло е производедено со ладно цедење, а не со рафинирање и користење високи температури и минимум хемиски реакции.
http://www.agrofila.com.mk/


Истовремено и прва и засега единствена фабрика за производство на маслиново масло во Македонија.
Други производи освен сончогледово се ладно цедено масло од маслодајна репка, од сусам, од семки од тиква, од ленено семе (ај можда во иднина и од канабис ќе почнат :D).


Само не е лошо и да поработат на стимулирање на земјоделците во зголемено одгледување сончоглед, засега само третина од преработката е од домашна суровина, а откупот на истата е 100%!:eek:Стимулации за сончоглед се потребни, не само за тутун и млеко.
Добро си рекол и газдата на Благој Ѓорев, ама да не останат само празни муабети...
ДА СЕ ПОТТИКНУВА ДОМАШНО ПРОИЗВОДСТВО НА СОНЧОГЛЕД

Варадинов вели дека ако државата сака да придонесе за поевтино домашно масло за јадење, тогаш треба да го поттикнува домашното производство на сончоглед. Во деведесеттите години Благој Ѓорев од домашните ниви откупувал од 40 до 50 илјади тони сончоглед годишно. Но, сега количините на домашен сончоглед се значително намалени, а велешката фабрика откупува се што е на располагање, но и тоа не е доволно во однос на капацитетот кој ги има – 60.000 тони годишно.
“Во последните пет години, заедно со увезениот сончоглед, преработуваме околу 10.000 тони сончоглед, поради тоа што има недостиг од суровина. Македонија може да биде голем производител на сончоглед, маслодајна репка и соја, наместо да ги увезуваме заедно со суровото масло“, вели Варадинов.
Според него, на домашните производители им се потребни 100.000 тони маслодајни култури годишно, за да немаат потреба од увоз на суровина. Во случај кога Македонија би имала толку големо производство, тогаш би станала и извозник на сончоглед, наместо да биде увозно зависна.
Инаку, цената на сончогледот од 320 евра за тон лани летото, на почетокот од годинава стана 500 евра за тон, додека цената на суровото масло изминатата година порасна за 50% и сега чини 1.100 евра за тон. Последното поскапување на маслото за јадење во Македонија кое се случи годинава беше за 50%.
ИИИИИИИИИИИИИИИИИИИИИИИИИИИИИИИ ?????????????
што ако се македонски компании кога сите увезуваат зејтин во цистерни од србија и овде само го полнат во шишиња каде е тука македонскиот производ ?
Исто е и со сите останати масла. Само Благој ѓорев има технологија за цедење на масло се останативе ти се увозници и препродавачи.
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.162
Поени од реакции
18.203
ИИИИИИИИИИИИИИИИИИИИИИИИИИИИИИИ ?????????????
што ако се македонски компании кога сите увезуваат зејтин во цистерни од србија и овде само го полнат во шишиња каде е тука македонскиот производ ?
Исто е и со сите останати масла. Само Благој ѓорев има технологија за цедење на масло се останативе ти се увозници и препродавачи.
Фала ти многу за просветлувањето.Неизмерно сум благодарен :)
 
Член од
6 февруари 2007
Мислења
4.966
Поени од реакции
5.825
Луѓе кажете каде има убави,ама прави патлиџани.....доста ми е од оние кочани на средина кога ќе ги исечам.Уназад 10-15 години немам сретнато убав патлиџан со вкус со мирис на патлиџан!
Се разочарав начисто!
И викаат купувајте Македонско!
Ne baraj patligjan kako pred 15 godini zatoa sto ne postoi!Poradi taa pricina mnogu retko go jadam.
--- надополнето: 11 август 2012 во 15:05 ---
Има ли Македонско производство на шпагети,макарони,фиде?
Probaj Pelafino bitolski so Durum pcenica praveni po italijanska licenca.Otkako gi probav samo takvi zimam sega.Vo Tediko ti se 39 den a vo Denar Diskont 36 den.
--- надополнето: 11 август 2012 во 15:14 ---
Тотално ја подржувам оваа акција !!!

Нека се потрудат компаниите да удрат добра маркетинг кампања на своите производи , поголем ефект ќе има !

Ако веќе купувате благо , зимајте од Европа продукти , ем се добри на вкус , ем не се скапи , ем се 5x пати подобри од турските срања шо ги продават за иста цена низ маркетите и малите продавнички!
Od Evropa ne kupuvam poveke zatoa sto cincarkata Savka gi krade svoite potrosuvaci so toa sto im dava proizvodi so pomala neto tezina od fabrickata deklarirana!Niedno 100 gramsko cokolado ne tezi 100 gr.tuku od 95 do 98.Da kupite bonboni na merenje od 100 gr. ke vidite deka realnata e okolu 96.Ne e problemot sto ke me ukrade nekolku grama tuku vo prasanje e princip.Najgolem kradec vo Makedonija e kompanijata Rio kade 100gr kafe tezi zaedno so opakovkata pa koga ke go otvorite i isturite kafeto dobivate realna tezina od 93 do 95 grama. Najcesno raboti Droga Kolinska so nivnite kafinja Grand minas,gold,aroma kade dobivate plus od fabrickata deklarirana tezina.Ne kupuvajte Elite kafe na rojtem Prilep bidejki i tie ne rabotat cesno a koga gi otvoriv dvete opakovki i zelenoto i crvenoto i koga gi probav imase mal smek na nafta.
--- надополнето: 11 август 2012 во 16:24 ---
I ne kupuvajte bitolsko mleko zatoa sto srbinot ne go pravi od otkupeno mleko od stocari tuku mnogu poevtino mu e da zima od Srbija mleko vo prav i da go pravi od nego.za razlika od bitolskata mlekata albanecot od Djepciste Alpi ima okolu 200 kooperanti od koi im go otkupuva mlekoto.Jogurt da kupuvate od onaa mlekara sto dava najmal rok na traenje ako ne sakate da piete prasak.Sirenje i kaskaval ne kupuvajte od Zdravje Radovo zatoa sto gazdata e neviden muckaros.Ako sakate kvalitetno sirenje zimajte osogovsko pakuvano po moznost kozjo ili od Bunjakovec od desniotot staklenik koga odite od grad sprema pazarot.Mnogu cesno raboti i mlekarata Vardarec od selo Udovo kade sto nivnite proizvodi mozete da gi najdete vo Stokomak. Sirenjeto vo Kam Market e edno od najlosite sto sum gi probal gotovo e ednakvo na cist prasak.Asalen kaskaval posleden pat jadev pred 20 godini koga nosevme Vitosa i Balkan od Bugarija.
 
Член од
6 февруари 2007
Мислења
4.966
Поени од реакции
5.825
Za site meraklii po blagi raboti kako sto se napolitankite od licno iskustvo mozam da kazam deka vo Evropa broj 1 po kvalitet se ovie:
http://das-ist-drin.de/bella-Mignon-70-g--418087/
Vo zivotot gi imam skoro site vrsti probano i domasni i stranski i so sigurnost od 100% mozam da ve uveram deka tie sto se na slika Bella Mignon momentalno se kvalitet na KRAS ama onoj jugoslovenskiot od pred 30 godini koga imase ogromen izvoz vo Amerika blagodarenie na togasniot vrven kvalitet.Ni Nestle nema sansi da se meri so niv bidejki i tie gi imam probano.Za zal gi nema vo Makedonija a koj saka da gi proba i da go vkusi jugoslovenskiot KRAS moze da gi nabavi vo Slovenija vo prodavnicite na HOFER ili vo drugite drzavi kade ima lanec na ALDI vo pakuvanje od 400Gr vo temnosino pakuvanje po cena od 1.59 evra.Koga odam vo Slovenija zimam po desetina pakuvanja.Gi najdov na internet samo pomalive pakuvanja
http://www.hofer.si/si/html/product_range/2744_21827.htm
Segasniot KRAS vo odnos na jugoslovenskiot e obicno gjubre i nema nikakva vrska so kvalitetot sto go imase togas.Jas licno imam kupeno vakvi napolitanki
http://www.google.com/imgres?imgurl=http://www.eurofooddeals.com/14-1126-large/nougat-napolitanke.jpg&imgrefurl=http://www.eurofooddeals.com/biscuits-and-wafers/14-nougat-napolitanke.html&h=300&w=300&sz=25&tbnid=ScMnmKDujMFDdM:&tbnh=126&tbnw=126&prev=/search?q=napolitanke+Kras&tbm=isch&tbo=u&zoom=1&q=napolitanke Kras&usg=__2fbaRWOd7gUKXBYU8--qMX_BvOo=&docid=eeyzx7WVhKb6GM&hl=en&sa=X&ei=a6AnUMOmNsXQ4QTN0IDADQ&ved=0CFoQ9QEwBg&dur=3
od prodavnica na KRAS vo Zagreb pred 2 godini i mozam da vi kazam deka sega onie na Evropa se podobri a pred 30 godini bea kako tie sto se sega avstrijskite.Za ostanatite sto gi proizveduvaat privatnici vo Makedonija ne ni sakam da zboruvam bidejki se najobicen seker izmesan so kakao.Pogrozni ne mozat ni da bidat.
 

Stefus Corp.

Рационална Коза
Член од
22 август 2012
Мислења
2.097
Поени од реакции
1.821


Да пофалам еден нов Македонски производ. Сирупи на растворање...Моментално го пијам оној најдесно од боровници и грозје. Најдобар сок на растворање што сум го пиел во животот. Има јак природен вкус а не е благ. Порано сирупите беа отров слатки овие не се а имаат многу јака и чиста арома. Исто тој од јаболка го пробав и е исто многу добар. Дури и подобри се од многу обични сокови барем по вкус и мирис. А и не се скапи.
Имаат (y) од мене. Пробајте ги.
П.С. не сум платен од Радовчани :D
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.162
Поени од реакции
18.203
Najcesno raboti Droga Kolinska so nivnite kafinja Grand minas,gold,aroma kade dobivate plus od fabrickata deklarirana tezina.Ne kupuvajte Elite kafe na rojtem Prilep bidejki i tie ne rabotat cesno a koga gi otvoriv dvete opakovki i zelenoto i crvenoto i koga gi probav imase mal smek na nafta.
Гранд не е истото кафе во последно време, порано беше вистина квалитетно, сега е како издишано и без арома.Се жалиш на нивниот број за потрошувачи за вкусот на кафето дека е бааѓи изменет на полошо, тие ти нудат гратис кило кафе.Нејќам кило кафе гратис, го сакам стариот квалитет назад!Така да не верувам во нивната тнр. чесност.Во ниедна фирма немаш 100% чисто работење.Добро, освен во некои веќе пропаднати :)
И за Радово имам сосем поинакво мислење, добро им е трајно млеко, јогуртот во темносина амбалажа и по нешто друго.Павлаката лично не ми е добра, како вар со вода мешан.За разлика од тетовската (y)
 
Член од
17 април 2012
Мислења
2.335
Поени од реакции
2.095

Овие се најдобри ресани во живот што ги имам пробано Топ се! Браво за Витаминка направи производ со одличен вкус и квалитет а дизајн фантазија(y)
 

levell5

Superlative Сasual Dating - Real-life Girls
Член од
29 јануари 2011
Мислења
397
Поени од реакции
219
Не благодарам, не дека не купувам македонски производи тоа што е убаво се купува не значи ако е од страна е поубаво и ние во Македонија си имаме убави производи.:pipi:
Би купувал се Македонско кога газдите на тие фирми би ги зголемувале платите на вработените секоја година. :свиркам:
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.162
Поени од реакции
18.203
Жито Полог - Тетово работат јуфки, макарони, тарана, фиде...за жал шпагети не.Ама тестенините им се баш добри и поефтини од Дивела или грчките (40 ден.), дома ги земаме од Тедико (морам да ги пофалам гледам доста македонски производи кај нив)...А тетовчаниве изгледа сменале машини или производство, порано ептен им беа лоши тестенините и се лепеа во варење, сега се ок.Имаа(т) и макарони од црно брашно.


Исто пред некое време почна со производство една фирма од Охрид ВИ-Комерц.Имаа обични, од црно брашно и со вкус на спанаќ, ама надвор од Охрид/Струга мислам дека слаби се со дистрибуција.
Прегледај го приврзокот 46419
И Дебарски Јуфки, исто добри.
Прегледај го приврзокот 46420
Работе(ше) и некоја фабрика во Штип или Кочани, Марија тестенини или така нешто, само доста послаби беа од овие три.
Жито Скопје ги среќавав до пред 2-3 години, ама отидоа и тие упм.
Произведува МБ-Виларов Штип, квалитетот подобрен само НУЛА КРЕАТИВНОСТ - го презеле името и дизајнот од Глорија на бивши Жито Скопје.
МБ Виларов.jpg
Значи 5 активни фабрики за тестенини
Жито Полог - Тетово (36-55 ден.) одамна и последниве неколку години четири нови:
ВИ Комерц - Охрид (38-52 ден.)
Пелафино - Битола (27-33 ден.) ќе ставав линк pelafino.mk, ама изгледа не платиле :unsure:)
Бесмир Комерц - Дебар (40-48 ден.)
МБ Виларов - Штип (25 ден.)
--- надополнето: 15 октомври 2012 во 22:51 ---

Овие се најдобри ресани во живот што ги имам пробано Топ се! Браво за Витаминка направи производ со одличен вкус и квалитет а дизајн фантазија(y)
Уште нешто добро од Витаминка (уствари дали произвеле нешто лошо:))...единствена замерка латиницата!
 

fmi

Член од
1 февруари 2007
Мислења
13.039
Поени од реакции
2.270
купувам македонски производи - не дека не- ама можат на прсти да се избројат - затоа реков да се потрудат околу квалитетот -
скопско пиво да, леб, свежо месо ( ама сувомеснати никако) , битолско тетрапак да- но не и млечни производи(кашкавал, сирење, зденки,павлаки..)мед никако - оти и таму најдоа да ќарат и заштедат-идат на квантитет а го изгубија квалитетот .... - и така натаму да не набројувам -
Просто треба да има државен стандарт и се ке е полесно. Ние исто имавме сличен проблем, но се врати државниот стандарт како можност за производство на различни продукти.
--
При последната ми посета во РМ ми направи навистина впечаток,дека многу малко са македонските производи и е полно со странски. Еве например до моja град не идва ништо от РМ, ако ги изклучам jaболките. Само един единствен пат сретнав нешто благо от некаква фабрика во Прилеп.
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.318
Поени од реакции
15.571
Просто треба да има државен стандарт и се ке е полесно. Ние исто имавме сличен проблем, но се врати државниот стандарт како можност за производство на различни продукти.
--
При последната ми посета во РМ ми направи навистина впечаток,дека многу малко са македонските производи и е полно со странски. Еве например до моja град не идва ништо от РМ, ако ги изклучам jaболките. Само един единствен пат сретнав нешто благо от некаква фабрика во Прилеп.
Витаминка, спомната е погоре. Мислам дека е една од ретките фабрики кои скоро да немаат промашај во производите.
 

jyvation

Пургер
Член од
4 ноември 2009
Мислења
2.156
Поени од реакции
2.755
Просто треба да има државен стандарт и се ке е полесно. Ние исто имавме сличен проблем, но се врати државниот стандарт како можност за производство на различни продукти.
--
При последната ми посета во РМ ми направи навистина впечаток,дека многу малко са македонските производи и е полно со странски. Еве например до моja град не идва ништо от РМ, ако ги изклучам jaболките. Само един единствен пат сретнав нешто благо от некаква фабрика во Прилеп.
Е добро де и јас кога бев во Бугарија на одмор во маркетот 90% од артиклите беа увозни.Треба добра стратегија да се направи за сопствените производи и да се подигне свеста на луѓето на повисоко ниво.Очигледно ова не штима на балканот..
 

fmi

Член од
1 февруари 2007
Мислења
13.039
Поени од реакции
2.270
Е добро де и јас кога бев во Бугарија на одмор во маркетот 90% од артиклите беа увозни.Треба добра стратегија да се направи за сопствените производи и да се подигне свеста на луѓето на повисоко ниво.Очигледно ова не штима на балканот..
По морето е заради странците предимно.Влези внатре па види дали има повеке от 30-40% странски производи.
Не стварно, разликата е усетлива многу,а и сум посетувал за повеке време во Струмица,Скопje, Битола и Охрид.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom