Покрај поскапувањето на струјата, укината е и дневната ефтина тарифа

R

Randy

Гостин
Малку ќе поефтини струјата ако се појави добра конкуренција од барем неколку фирми. Една фирма е малку за да дојде до намалување. Сепак првата година не верувам дека ќе има некои забележителни промени. Можеби по три или пет години ќе е 20% пониска цената и тоа е се. Некои големи намалувања на цената со кои би ни останале повеќе пари за други работи не верувам дека ќе има.
 
Член од
30 јануари 2010
Мислења
468
Поени од реакции
573

А бе ќе се договорат мафијашки клан тоа сега едната фирма има 60 милиони другата 40 милиони евра профит, тогаш има унга бунга да биди во милијарда ќе се брои.
 
Затоа реков не една туку повеќе фирми треба да дојдат за да нема игри и договори туку да се направи конкуренција.
Но сепак што и да се случи па дури во најдобар случај ете и да поефтини струјата нема тоа да биде некое поефтинување со кое би ни се кренал стандардот. Едноставно нема ни да го приметиме тоа и ќе ни биде исто.
 
Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.092
Поени од реакции
11.497
Малку ќе поефтини струјата ако се појави добра конкуренција од барем неколку фирми.
Оваа логика важи ако продаваш мајонез или тоалетна хартија, кога станува збор за дефицитарен производ за овој регион тогаш математиката е подруга.
Лани во шпицот купувавме по 160 евра за мегаватчат, тоа се 16 центи за киловатчас, те 9.6 денари.
Додади 18% ддв, 33% ангажирана моќност, 10% за дистрибутерот и земи два лексилиума откога ќе прочиташ колку ќе те чини како потрошувач.
 
Ок. Но обратната логика би била струјата да поскапи со појавувањето на конкуренција. Зошто мислиш дека е тоа можно?
 
Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.092
Поени од реакции
11.497
Ок. Но обратната логика би била струјата да поскапи со појавувањето на конкуренција. Зошто мислиш дека е тоа можно?
Струјата нема да поскапи ради појавата на конкуренција на дистрибутери, туку поради фактот дека струјата малите потрошувачи ќе мора да ја набавуваат на берза, а таму струјата е поскапа, особено во шпицовите.
 
Не сум стручњак за овие работи ама сакам нешто да разберам па затоа те цитирам повторно. Значи работата јас ја разбирам вака. Имаме некој дистрибутер кој купува струја од некаде(било каде не мора берза за струја) и му ја продава на домаќинствата. Дистрибутерот си има некоја маржа и од тоа си прави профит. Ако имаме повеќе дистрибутери некој на пример ќе оди со помала маржа или пак ќе има помалку вработени и ќе има пониски трошоци со што може да има пониска цена од другите.
 
Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.092
Поени од реакции
11.497
Не сум стручњак за овие работи ама сакам нешто да разберам па затоа те цитирам повторно. Значи работата јас ја разбирам вака. Имаме некој дистрибутер кој купува струја од некаде(било каде не мора берза за струја) и му ја продава на домаќинствата. Дистрибутерот си има некоја маржа и од тоа си прави профит. Ако имаме повеќе дистрибутери некој на пример ќе оди со помала маржа или пак ќе има помалку вработени и ќе има пониски трошоци со што може да има пониска цена од другите.
Еве ќе ти објаснам со берзанска аналогија, тие диструбутери се всушност брокери кои купуваат струја на берза во име на купувачите и за тоа си земаат провизија. Самиот пазар ја одредува цената на производот (во нашиот случај струја).
Еве кај нас има дваесетина брокерски куќи, ама тоа не значи дека можеш акција од Алкалоид да купиш за 2000 денари, бидејќи пазарот ја цени на 4000 денари моментално.
Бенефитот од поголемиот број брокерски куќи е помалата провизија при тргувањето ама тоа не ја менува основната цена на производот.

Проблемот со струјата е што сега основниот производ не се купува од берза туку најголемиот дел доаѓа од нашите електрани по субвенционирана цена, откако ќе се префрлиме на берза ќе останеме на милост и немилост на пазарните цени.
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544

Субвенционирана цена на струја - Вакво нешто кај струјата никогаш не постоело, а не верувам дека ќе постои.
Секоја држава има желба да обезбеди што поефтина струја, не само за граѓаните туку и за производството. Од тоа зависи конкурентноста на производството. Затоа е сите држави се трудат да обезбедат поефтина струја. Градат атомски централи, големи термоцентрали на лигнит, и тн.
Кај нас нема такво нешто. Единствено - Регулаторна дава повластени стапки за обновливи извори на струја, што само ја поскапува крајната цена.
Јас го постирав Законот за енергетика, но речиси никој не го прочита. Јас го читав и мислам дека е потребно да се запрашаме Y a-t-il pilote dans l`avion?
 
Член од
22 август 2009
Мислења
615
Поени од реакции
221
Оваа логика важи ако продаваш мајонез или тоалетна хартија, кога станува збор за дефицитарен производ за овој регион тогаш математиката е подруга.
Лани во шпицот купувавме по 160 евра за мегаватчат, тоа се 16 центи за киловатчас, те 9.6 денари.
Додади 18% ддв, 33% ангажирана моќност, 10% за дистрибутерот и земи два лексилиума откога ќе прочиташ колку ќе те чини како потрошувач.
Никогаш не ми било јасно што е ова 33% ангажирана моќност, ај некој нека објасни.
 
R

Randy

Гостин
Еве ќе ти објаснам со берзанска аналогија, тие диструбутери се всушност брокери кои купуваат струја на берза во име на купувачите и за тоа си земаат провизија. Самиот пазар ја одредува цената на производот (во нашиот случај струја).
Еве кај нас има дваесетина брокерски куќи, ама тоа не значи дека можеш акција од Алкалоид да купиш за 2000 денари, бидејќи пазарот ја цени на 4000 денари моментално.
Бенефитот од поголемиот број брокерски куќи е помалата провизија при тргувањето ама тоа не ја менува основната цена на производот.

Проблемот со струјата е што сега основниот производ не се купува од берза туку најголемиот дел доаѓа од нашите електрани по субвенционирана цена, откако ќе се префрлиме на берза ќе останеме на милост и немилост на пазарните цени.
Интересно. Но тоа би значело и дека елетраните ќе ја продаваат струјата на берза по повисока цена со што би имале повисок ќар. Сепак тие пари нема да завршат кај народот туку во државата која ќе си ги употреби како сака и за што сака. Со други зборови нов данок од кој ќе си ја полнат касата. Регулаторна ќе нема никаква улога повеќе во регулирање на цената. А кога народот ќе протестира ќе му речат ние немаме повеќе ништо со цената протестирајте пред пазарот на струја (кој е патем виртуелна работа односно единици и нули во компјутер), а и сами баравте либерализација. Генијално.
 
Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.092
Поени од реакции
11.497
Но тоа би значело и дека елетраните ќе ја продаваат струјата на берза по повисока цена со што би имале повисок ќар.
Повисокиот ќар можат да го употреба за ревитализација на постоечките и изградба на нови капацитети, ама најверојатно доста од ова ќе отиде и за партиски вработувања и непродуктивни трошења.
Инаку целосна либерализација ќе има од 2015/16 година, во меѓувреме се почнати преодните фази.
--- надополнето: 16 октомври 2012 во 15:07 ---
Секоја држава има желба да обезбеди што поефтина струја, не само за граѓаните туку и за производството. Од тоа зависи конкурентноста на производството. Затоа е сите држави се трудат да обезбедат поефтина струја. Градат атомски централи, големи термоцентрали на лигнит, и тн.
Кај нас нема такво нешто.
Кај нас имало такво нешто во претходниот систем, до сега само ги користевме бенефитите заради социјален мир.
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Никогаш не ми било јасно што е ова 33% ангажирана моќност, ај некој нека објасни.
Toa e долга приказна
Многу одамна во првата половина на 20 век потрошувачка на струја се плаќаше врз основ на сијалични места - кој колку сијалици има дома. Бидејќи струјата се користеше воглавно за осветлување
На почетокот на шеесетите години е воведено плаѓање по струјомери. Но за да не биде „ удар ’ дел се плаќаше по струјомери а дел по сијалични места кои тогаш се нарекоа тарифни единици.
Во Правиликот од 1982 кој и денес е на сила предвидени се Струјомер и тарифни единици. Тога Уставниот суд ги укина тарифните единици и наместо нив е воведена ангажирана моќност
Постојат потрошувачи ( на пример електро моторите ) кои кои во старт повлекуваат појака струја, тоа е образложението и тогаш е наредено дека каде што не се мери максималната струја, домаќинствата ќе плаќаат 25% ( на целата цена, а тоа е 33 % на основната цена ) плус а претпријатијата 50% плус.
Всушност зад ова стоеше желба да се акумулираат средства за инвестиции.
На крајот дојде ЕВН и си ги лапна овие 33% како профит
 
коментатор

Пингвин
Член од
25 февруари 2010
Мислења
3.547
Поени од реакции
9.457
Клик 1 Клик 2

Изгледа интересно. Ако навистина функционира и го вградат голем дел од претпријатијата и домовите може да се очекува колку толку намалување на потрошувачката за струја. На линкот од плусинфо имаоставено коментар од некој ''корисник'' кој тврди дека ваква направа е многу ефикасна ивреди да се земе. Не се разбирам во овие работи, даобјасни некој што знае повеќе би му бил благодарен.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom