Градот и селото имаат своја функција во едно општество. Селото го храни градот, градот враќа со механизација, услуги и сл. Иако постои меѓузависност, сепак нешто е примарно, нешто секундарно. Селото е базата.
Не ги исчитав сите коментари, нешто прескокнав, ама приметив дека најголем дел од мислењата се базира низ пари. Парите се вештачка направија и има три функции, сметководна единица, трговски медиум, и како вредносна мерка која се формира во секоја глава поединечно. Ај тука да го убацам квалитетот/стилот на животот, има одредени објективности кои се мерливи, ама и тоа е перцепција слична на вредноста на стварите кои денес воглавно ги мериме со/преку пари.
Мислам дека е тоа погрешен пристап, да мериш главно со пари. Повеќе преку плусови и минуси. Пример, за градот +, за село -, е што има културни манифестации, специјалистичко здравство, избор на занимања итн, и обратно е, загадена околина, стрес, отуѓеност. Така треба да се мери и секој да си проценува по сопствени афинитети. Нема се на едно место, има разлика од село до село, од град до град, и ги нема тие пари што се може да купат.