Дали, Метропол, (перкашан дискашн + бушава азбука) МКЦ, МНТ, Флок, Тиква Зелена, Чипка, Пабло, Мусандра, Браво (уште работи) Ес-Еф, Лејди Блу, Њу ејџ, Сачмо, Мјузик Гарден, Академија, Менада (на времето) Вулкан, Зи Зи...и многу други култни места, се она што ме влече за овој град, не се градбите, не е никакво чуство на "елитизам" - снобизам, него времињата кога овој град стварно живееше.
Сите што го поминале тој период, знаат зашто Скопје е толку ценето кај постарите генерации, знаат каков шарм имаше - какви забави се правеа, какава меѓусебна почит имаше помеѓу сите возрасти од општеството, беше уживање да искочиш, едвај чекавме да излеземе....празник беше си поминувавме фантастично, имаше забави од секаков тип за секој вкус, со одлични менаџери - програма на клубовите/дискотеките и забави на многу високо ниво. Ова сега што е актуелно како "ноќен живот" е едноставно невредно да се зборува! џган, катастрофа, мизерија, снобизам.
Ете тоа ви е еден краток осврт на еден релативно стар Скопјанец.