Самите вакви поделби сведочат колку тоа ние сме уназадени со паметот, па и со се останато во државава едно 100 години.
Да бидам искрена, Скопје никогаш не сум го сметала врвот на живеењето, оти ене каде ми е, на 1 саат пат.
Ама, дека е поразвиен од мојот град, дека има повеќе работи да се прават е вистина, да не правиме муабет за работа. ...
Пред некое време имаше еден текст што кружеше по интернетов, демек, како провинцијалките ги крадат работите на далеку повредните скопјанки со тоа шо спиеле со газдите, пушеле шо ти знам. Абе каква гордост имал типов, мислиш психолошки извештај правел. Као демек, такви злобни работи само од провинција испаѓаат, The Empire Strikes back 2 дел. Као демек, немало такви курви од Скопје. Е таквите скопјани, никогаш во лице нема да ми кажат како јас сум провинцијалка и други стереотипи, ама кога се дома, сигурно се војници на тастатура под безбедниот покрив на нивното јорганче со цуцлата во уста.
Darling, иако ми се допадна целиот пост, ќе додадам коментар само на првата реченица.
Никој од нас не избрал каде ќе се роди. Но потоа, доаѓа ден кога можеш да избираш. Да останеш закован за родната грутка по секоја цена, иако имаш прилика да се реализираш и да ги оствариш своите соништа на друго место, можеби звучи поетично и патриотски на некој мазохистички начин, но таквиот начин на размислување е надминат веќе со векови.
Многу од големите луѓе кои ја граделе историјата и уметноста на Македонија и на главниот град дошле во Скопје од внатрешноста.