Мое мислење околу РС верзијата НБА 2К13
На кратко околу добрите ствари
1.Гемплејот кој е подобрен од лани
2.Нови анимации кои и даваат на играта да има изглед подобар од кога и да е и се добива чуство како да се гледа натпревар на ТВ и посебни анимации за најголемите звезди од НБА со што се добива разлика кога играте со Леброн или Коби. Не велам дека овие анимации ги немаше во претходните верзии на играта но оваа година се нагласени за секој играч посебно.
3.Презентацијата и коментарот. Подобро коментирање немам слушнато во ни една спортска игра досега а сум играл мноооогу од речиси сите спортови.
4.Оптимизација и графика.
5.Дрим Тим 92 и 2012, Кингс 2002, Сиксерс 2001, Лејкерс 98 и уште доста познати тимови од минатото кои ја одбележале историјата на НБА. Мое мислење е дека 2К треба да пушти длц со доста други тимови кои би биле доста атркативни за играње. На пример рапторс 2001 со Картер, Орландо 2002 со Мекгрејди, Хјустон 2002 со Френцис, Лејкерс 2000,2001,2002, Пистонс 2004 и слично. Знам дека ке има вакви модови за РС верзијата но друго кога 2К ке ги направи Булс 96 друго кога модерите ќе направат. Не е исто.
Ајде и со лошите работи
1.Прва работа што напрвив чим ја пуштив играта е тоа што отидов во 2К битс и ги исклучив пола од песните. Послаб саундтрак на една НБА 2К не паметам а сум ги играл сите од НБА 2К2 па навака. Срамота ран дис таун и слични дебилни песни од канта артисти како мик мил и слични пропалици. Кај се чуло колдплеј да бидат застапени во една кошаркарска игра. Такви песни се за во фифа не за НБА игра. Тоа ти е кога Геј Зи ти бира песни. 2К7 имаше околу 40 траки плус едно 10-тина специјално направени за играта. Истото го правеше и ЛАЈВ секоја година имаше траки направени специјално за играта. Да сумирам САУНДТРАКОТ е УЖАС со чест на неколку исклучоци.
2.До кога со се едни исто багови секоја година. Судијата несака да ти ја даде топката да почнеш игра. Топката оди на другиот крај на теренот па еден играч трча од крај на крај да ја земе па да ја изведе. Овавкви и слични ситуации се влечат со години.
3. НБА Блектоп е очаен. Не ми се ни пишува колку сум разочаран од овој мод кој ми беше еден од омилените во претходните верзии.
4. Нема АЛЛ Стар викенд. Само за конзоли.
8.5 од мене за НБА 2К13.