Фан Клуб: Интер

Ќе тепаше Интер и со 5 разлика ако Милито го искористеше подарокот на Абијати....подарок што и инвадлид би го искористил и ако имавте каква-таква игра на средината. :)
Па ја што викам...?

Инаку дали е разликата во „нијанси“ ќе си видиш најдобро сезонава. Интер е во сите линии многу подобар, за среќа на Милан натпреваров дојде многу рано кога уште немаме изградено никаква игра (ако воопшто ја изградиме). За вас нема каде освен долу оваа сезона, рано е, ќе почнат повреди, картони и такви сраќа и ќе видиш колку навистина сте слаби. Не е дека ве ругаме или нешто, Берлускони го направи тимот, Берлускони го заеба. Беше добро дури траеше :)
 
Па ја што викам...?

Инаку дали е разликата во „нијанси“ ќе си видиш најдобро сезонава. Интер е во сите линии многу подобар, за среќа на Милан натпреваров дојде многу рано кога уште немаме изградено никаква игра (ако воопшто ја изградиме). За вас нема каде освен долу оваа сезона, рано е, ќе почнат повреди, картони и такви сраќа и ќе видиш колку навистина сте слаби. Не е дека ве ругаме или нешто, Берлускони го направи тимот, Берлускони го заеба. Беше добро дури траеше :)

Ти викаш дека сте требале да не победите со повеќе разлика,а јас викам дека толку и на вас ви е знаењето.Ако е таа разлика толкава колку што се обидувате вие да ја прикажете во ваша полза тогаш тоа ќе се видеше и на терен.Милан нема никаква замисла во напад инаку бод најмалце земаше синоќа но тоа се веќе други муабети што не се за на оваа тема. :)

Зборам за моменталната разлика која што во во овој момент е за нијанса на ваша страна,а за понатаму има време па ќе видиме.Мразам да терам муабети од типот ‘‘што би било кога би било‘‘ па затоа ќе оставам времето да покаже што и како ќе биде понатаму,а дека со ваквиот пристап на терен и ваквата работа од челните луѓе не му претстои светла иднина на Милан не му претстои но никогаш бе се знае што може да донесе летниот преоден рок.
 
Повеќето викате дека сте требале да го отворите еден ваков мизерен Милан,а притоа како да заборавате дека и Интер не е нешто многу подобар т.е Интер моментално е за нијанса подобар од овој мизерен Милан и толку.Јас глава на трупче ставам дека ако ги составиш моменталниве тимови на Милан и Интер во едно и ги пуштиш со поспремна екипа како од шала ќе лапнат 5 комада.Уживајте во победата без разлика на тоа каква е и не барајте шанси туку голови.Милан во последниве 2-3 утакмици играше нешто и создаваше некои шанси ама од голови ни тргана ни глас па затоа бројте ги бодовите(головите),а не шансите...без разлика на тоа дали играте против ‘‘оваков‘‘ Милан или ‘‘онаква‘‘ Барса.

п.с Факт е дека моментално Милан е можеби најслаб од своето постоење но и вака слаби способни се на било која екипа да и ги помрсат сметките и да им скинат бодови.
Многумина се тешат со овој муабет, Интер не е нешто многу подобар ...
Доволно е да се споредат играчите за да се укапира дека Интер се многу подобри од Милан оваа година, да не начнуваме муабет со индивидуални споредби, играч по играч, Интер има бољи голман, боља одбрана, боља средина и каде-каде подобар напад од Милан и што е најважно, имаат играчи способни да направат разлика на терен, Милан по Ибра такво нешто нема, т.е. има, али дечкото е бајаки склон на повреди, једино десно ги јаде Абате, зашто таму Интер останаа на Занети, Нагатомо и Џонатан, веќе почна да се шпекулира дека зимоска таму ќе инвестираат

Истите муабети и лани ги водевте за Јуве ако добро памтиш, им се смеевте за Барцаљи, Пирло беше стар и шут во Милан, нападот просечен со играчи ко Матри и Вучинич, второкласни фудбалери, никој ја немал класата на Ибра, Конте имал перика, неискусен тренер бла бла бла арно ама ...

Ја стојам на тоа дека овој тим на Интер е кадарен да се бори за титула во ова првенство само доколку Страма успее во своите замисли, а на добар пат е, моментално се потценети ко и Јуве лани, до душа тоа и им одговара, ако.
 
Многумина се тешат со овој муабет, Интер не е нешто многу подобар ...
Доволно е да се споредат играчите за да се укапира дека Интер се многу подобри од Милан оваа година, да не начнуваме муабет со индивидуални споредби, играч по играч, Интер има бољи голман, боља одбрана, боља средина и каде-каде подобар напад од Милан и што е најважно, имаат играчи способни да направат разлика на терен, Милан по Ибра такво нешто нема, т.е. има, али дечкото е бајаки склон на повреди, једино десно ги јаде Абате, зашто таму Интер останаа на Занети, Нагатомо и Џонатан, веќе почна да се шпекулира дека зимоска таму ќе инвестираат

Истите муабети и лани ги водевте за Јуве ако добро памтиш, им се смеевте за Барцаљи, Пирло беше стар и шут во Милан, нападот просечен со играчи ко Матри и Вучинич, второкласни фудбалери, никој ја немал класата на Ибра, Конте имал перика, неискусен тренер бла бла бла арно ама ...

Ја стојам на тоа дека овој тим на Интер е кадарен да се бори за титула во ова првенство само доколку Страма успее во своите замисли, а на добар пат е, моментално се потценети ко и Јуве лани, до душа тоа и им одговара, ако.

Какво тешење бе...знам кој се можностите на моменталниов Милан и затоа утакмициве ги следам онака... :)
Ако земеме да споредуваме играч по играч дефинитивно тогаш квалитетот ќе отиде во најголем дел на ваша страна но моментално имам впечаток дека Интер има проблеми за да го достигне својот максимум.Имате тим што може и те како да биде закана за Јуве и Наполи во калчово но за да бидете конкуренти на овие 2 екипи треба да го изградите она што тие го изградија,а тоа е игра препознатлива за тимот и игра со која што на било која екипа во Серија А ќе можете да им дадете 2 гола.
 
Какво тешење бе...знам кој се можностите на моменталниов Милан и затоа утакмициве ги следам онака... :)
Ако земеме да споредуваме играч по играч дефинитивно тогаш квалитетот ќе отиде во најголем дел на ваша страна но моментално имам впечаток дека Интер има проблеми за да го достигне својот максимум.Имате тим што може и те како да биде закана за Јуве и Наполи во калчово но за да бидете конкуренти на овие 2 екипи треба да го изградите она што тие го изградија,а тоа е игра препознатлива за тимот и игра со која што на било која екипа во Серија А ќе можете да им дадете 2 гола.
Па имаат проблеми, многу јасно, практикант имаат на клупа, во Интер го учи занаетот, минимум уште 3 години беа потребни за да он седне на клупата а претходно да учи од некој искусен и успешен тренер, затоа и им се деси Рома, Хајдук дома, Васлуи дома, Сиена дома, мечеви кои во нормални околности требаше рутински да бидат добиени, дел од нив со убедлива победа.

Реално, со оглед на она од лани, Интер и со пласман во топ 3 има добра сезона, ама тимови ко Интер, Јуве и Милан никад не се задоволуваат само со тоа.

Се слагам како и да е со твојот пост, играта на Интер сеуште е далеку од онаа потребната за освојување на титулата, што е и сасвим нормално, реков зашто.
 
Ако е таа разлика толкава колку што се обидувате вие да ја прикажете во ваша полза тогаш тоа ќе се видеше и на терен.

Не ме читаш:

Интер е во сите линии многу подобар, за среќа на Милан натпреваров дојде многу рано кога уште немаме изградено никаква игра (ако воопшто ја изградиме).

Тоа е. Сега нема поента да се расправаме колку е голема разликата, поентата е дека овие играчи на Интер имаат потенцијал да го однесат тимот во нагорна линија, а од Милан не можеш да очекуваш ништо добро оваа сезона и сам го знаеш тоа.
 
Добро ај еве некој нека ми објасни како Јуве не победи нас лани на Меаца? Игравме ние? Вртевме околу гол? Е вртевме вртевме, ама дојде Маркизио и ни го збрца, без игра без ништо бап 1-2 и чао пријатно. Сфатете дека е дерби ова, неможе баш на секоја утакмица да доминира нашиот тим, ако ова се случи против Катанија, Сампдорија и остали екипи е тогаш може да збориме дека играме пичкарски.
Милан како го победи Интер пред две сезони кога Милан стана шампион? Пенал у први 10 минути и после свесно не оставија да кружиме, знаејќи колку бевме очајни. Интер играше со играч повеќе 30 минути а не створи шанса за гол, значи ни Ш од шанса немаа.
Убаво вика Син многу е потценет овој Интер али ако само нека продолжат така, му одговара ова на Интер.
Со Нефчи прво полувреме сите дркавте на играта на Интер, а да потсетам Интер играше со скоро втората постава на тој натпревар. Језда тоа е факинг Нефчи но битниот момент е играта, си играа курташак и влагаа во шанса кога сакаат, тоа значи дека овој тим може, може да игра и напаѓачки но уште побитно може да игра и на резултат како вчера на пример.
Dee_Jay
Брат ако игра Страма со формацијата која што ја пиша ти нема да имаме играчи од клупа за нападот. Ти велиш напред да играме со Милито, а позади него Касано-Снајдер/Кутињо-Паласио. И на клупа кој ќе биде? Ливаја? Со него ли ќе покриваме доколку ни згусне во текот на еден натпревар. Јас сум со став дека треба да се инвестира на десната бековска позиција и во нападот. Мора еден напаѓач да се земе, и со тоа Страма ќе добие поголем избор, а и поголема можност за ротација и одмарање на фудбалерите.
 
Се слагам за ова, пред некој ден бев излезен со Аки, Чекич и Васиљ и баш тоа им реков, штета што Милан доаѓаат баш сега, а не после 3-4 кола, во кои Интер ќе имаа полесни противници, ќе влезеа во ритам и ќе беа веќе апла адаптирани на новиот формат на Страмачиони, и тука најмногу ја гледав шансата на Милан да победат али ништо од тоа.
Колку и да ја немаат изградено играта Интер, во одбраната откако сменија формат играат одлично и противникот бајаги треба да се помачи за да дојде до асална шанса за гол и да постигне гол, што не беше случај претходно, кога имаа милион дупки, и Фиорентина и Милан мака мачеа при играта во напад против ваквата поставеност на Интер, оној Интер пред Киево немаше теорија тука да собере 6 бода, најмногу поради мизерната игра назад.
 
Io Sono Interista

Муабетот ми беше за моменталната форма на двата тима...Не е ни битно...лапнавте 3 бода па како и да е ... :)

п.с Далеку од расправање е ова...барем од моја страна.
 
CurvaSudMilano

Бате, нијансите види ги на табелата и ќе стигнеш дo равенство во кое вика 2x = y

Aко ги замениме непознатите x и y соодветнo доаѓаме до тоа дека Интер е дупло подобар од Милан. Или ако вие завршите со 35 бода, ние ќе имаме 70, тоа нијанси ли се? Ако продужиме со ваква разлика у "нијанси" крајниот исход на табелата ќе биде тој, па еве сам одговори си на прашањето и стави прст на чело.

Syn

Со оваа игра ако треба да се дичиме, ондак кај ни е крајот. Ми се се*е од 87 минутно бранење, да црвен имавме, а од 3та до 45та минута што беше разликата со тоа после. Уствари има една разлика, у прво се браневме со 11, у второ со 10.
Менталитетот е никаков, тоа е муабетот, дај шугав гол и брани се?!
Остај ти Милан не можеле гол да дадат, уморни биле, ова биле, она биле. Па и нашиве беа на гостовање преку неделата, Милан играше и ден-2 пред нас, ние у четвртокот игравме, од каде муабетот дека нашиве поодморени биле?! Кого одмараше? Милито? Па боље да не го одмараше... Бар тоа ќе му беше алиби, "стар е, треба да одмори, а-у...“

Ќе ни дојде некоја опасна екипа и ќе ни брцне 2-3 парчиња (Удинезе тип на екипа), извини која сигурност ја имаш ти со Самуел и Ранокија назад? Ранокија е лептир невиден, да влага у “форма“ ама не ми е Интер-капацитет, искрено. Вчера рацете ќе му ги скршеше на Ханданович, коа овој со прсти му ја тргна на Пацо од глава топката. Хај-хуј е.
Самуел го газат годините, побрз напаѓач и ела да те видам. Ќе се бркаат по терен.
Хуан што игра, имавме среќа со него, иако вчера направи глупост коа Боатенг ја рогна поред гол у прво полувреме, со клизач му ја земаа.

Муабетот дека уште 300 минути не можеле гол да дадат е безвезе, и сам викаш дека и Кристијано и Меси да се кај нас, Милан ќе бидат кадарни да скинат бодови. Истото е, само скратено, Милан у секое време може да даде гол, да бидеме реални и вчера беше така.

Да не беше црвениот за Нагатомо, судијата ќе свирнеше пенал вчера (Робињо), јас така мислам. Им поништи гол по кој рипнаа сите на него, ќе компензираше после тоа.

У ваква победа не уживам, па последна да е. Такво мачење вчера, одамна неам гледано.

После 2-3 кикса да не почнете и вие да кукате по Страмачиони, ми се филма тука лажна скромност и гушкање ко ЛШ да освоил после секој гол.
Изглеа одбојка тренирал ко мал, па после секој поен (чив и да е) е научен на “гушкање“.

И на аути коа ќе има, нек се гушка со тој најблиску до него, му ебам тоа пациентот. Катанаџото гомна да јаде у споредба со неговава игра.

Коа стигнавме да гледаме утакмици ко со оние од Азербејџан у четвртокот и у старт да не знаеме што не чека, еби му мајката.

Интер во моментов у двомеч со екипи ко Рубин, ПСВ, Ајакс, Хамбургер, Анжи, Шахтјор (ќе ни ја скријат топката овие), Бате Борисов, Селтик, Евертон, Лацио... едноставно не е фаворит.

Порано овие екипи секогаш сме ги гледале ко лесен залак и ко 6 бода у групна фаза. Сеа... .!.

Ќе дојде моментот коа масовно ќе го колнеме младинецов од тренер, али ај. Дај боже да грешам.
--- надополнето: 8 октомври 2012 во 17:53 ---

Да не сте со Syn у некое нет кафе низ градов, исто мислите мајку му. Па и исти фрази глеам. :)

Уште оној зборон за “утакмица“ да го прочитав, уште не можам да му се изначудам, а и да го запамтам како беше :)

Чудо, чудо...

Сампдорија, Катанија... Не е исто Киево и Торино?! Па види ја играта, со Торино поготово ми текнува. Таа е играта, една те иста = никаква.
 
CurvaSudMilano

Бате, нијансите види ги на табелата и ќе стигнеш дo равенство во кое вика 2x = y

Aко ги замениме непознатите x и y соодветнo доаѓаме до тоа дека Интер е дупло подобар од Милан. Или ако вие завршите со 35 бода, ние ќе имаме 70, тоа нијанси ли се? Ако продужиме со ваква разлика у "нијанси" крајниот исход на табелата ќе биде тој, па еве сам одговори си на прашањето и стави прст на чело.

Рано е да се прави муабет за табела,а таму секако ќе бидете пред нас.И пак да повторам...муабетот ми беше за моменталната форма на тимовите.Проблемот кај нас е што комплетниот тим трба да се воигрува и од тие што лани го сочинуваа стартниот состав сега играат само Абијати и Боатенг,а додека кај вас има 5-6 играчи што беа стартери и лани.

п.с Подобро да завршат на 10то место отколку да ги гледам како се влечат со 3 екипа во ЛЕ...барем за мене е така па ми е гајле ако Берлускони изгуби пари...пари кои секако е тешко да се верува дека ќе ги инвестира во Милан.Доста е тупење.Спортски поздрав до наредно дерби. :)
 
Ibrakadabra одбраната е супер не заебавај. Ранокиа е класа подобар од себе си лани :) Единствено од што страда одбраната е од средниот ред, ама и тоа е добро, нека се челичат :)

Мое мислење за Страма е дека има идеи и муда да направи нешто ама едноставно не се прашува за некои работи. Да не мора (а мора, според мене) да ги игра Занети и Камби во 3-5-2 мислам дека ќе разараме со таа формација. Ако го споредиме Страма со серија тренери кои дојдоа во истиот хаотичен Интер и се изгубија тотално...
 
Ibrakadabra
Ме вози Син на харлито затоа пишувам слични постови ко него. :D
Јас ти велам дека тимов се уигрува, значи против Киево прв пат излеговме со оваа формација, можеме пресреќни да бидеме што тепавме 0-2, ко за прв пат не беше лошо. Реков и пак ќе речам, од кога почнавме да ја играме оваа формација, т.е. од мечот со Киево па до сеа има и те какво подобрување, земи ги мечевите со Виола, Нефчи и вчерашниот и ќе видиш. И ајде да не тупиме дали е добро или дали е лошо туку да оставиме времето да покаже. Муабетот е што у право сме и јас и Син и вие останатите што мислите спротивно. Од една страна јас сум задоволен со победа во дерби па макар и авиони сме паркирале пред гол, од друга страна некој можеби не е задоволен, еве на пример ти, така да...
Нека помине време, нека дојде полусезона па ќе коментираме и ќе анализираме, а сега да уживаме во победата. :)
 
Ibrakadabra

Kaко бе одамна немаш вакво мачење гледано, па лани со Раниери исто се мачеа а беа 11 на терен, па волку не се пишуваше на таа тема, а беа влезени во период од сезоната кога треба да газат..

Еве, земи ги овие работи во предвид.
1. 7мо коло е во прашање, Интер пред 2 недели почнаа да играат со тотално сменет формат, со тројца во одбрана, формат кој воопшто не беше трениран до мечот со Киево.

2. Аналогно на кецот, го имаш Страмачиони за кој веќе погоре се изјаснив, го учи занаетот, искусен тренер вакви промени ќе правеше некаде во Август.

3. Не можеш да ја знаеш идејата на Страма од вчера, можеме само да претпоставуваме, не можеш да знаеш каква ќе беше играта на Интер и пристапот доколку не дадоа рано гол, нејсе, тој гол падна, нема ништо лошо во тоа да му препуштиш посед на противникот ( типично за Интер ) и да чекаш на контри до крај на прво, па второ да ги фатиш на замор и да имаат 1 тон напред и бековите и напаѓачите, никој од нив не е лимитиран и статичен, виде и сам Паласио како дојде до шанса за гол. Фудбалот покрај она што се игра на терен е и тактичка игра на тренерите, влечење на одредени потези кои може тебе и мене ни немаат логика ама нив им се и те како логични, за да судиме за вчерашната концепција за тимот за истото се потребни 90 минути, не 42-3.

Интер у прво можеа да имаат уште минимум 2 зицера доколку Коутињо не се угуши у нападот со грешки несвојствени за еден фудбалер ко катастрофален прв прием, или доколку Нагатомо делува малку поприсебно а не ко мува без глава, зашто нешто налик на шансата на Милито, Касано беше во слична ситуација само што Абијати беше на гол а Нагатомо не успеа да му ја протне топката лево.

4. Играта која вие ја баравте од вчера кај Интер и те како им одговараше на Милан,Интер ако веќе запињаа, тоа требаше да го направат во второ, не и во прво, кога играчите на Милан сеуште имаа материјал во нив за да ораат на терен, вака беа угушени и без идеја. Пак доаѓам на тоа, дека глупо е да се суди по 43мин игра, а не по 90, нешто за кое не поеба Нагатомо.


Кога ќе се земат сите работи во предвид, и повеќе од задоволни треба да сме од Интер моментално, реков поназад, Милан во незгоден момент дојдоа за нив и најдобро за Интер ќе беше ваков меч да играат за едно 3-4 кола, беа во потрага по моментум што ќе им ја оправи сезоната а од друга страна е Интер кој сеуште ја гради својата добитна комбинација за оваа сезона, на сам почеток се на некој начин во тој поглед и имаат прогрес. Откако Страма смени формат ја гледам напредок, почнувајќи од одбраната, без добра одбрана пиши пропало за било која екипа во Италија, таму е добиен потребниот баланс, на ред е нападот, со Фиорентина имаше голем напредок, според мене првите 45 мин со нив се најдобрите изиграни оваа сезона кај Интер, со Милан дерби ко дерби, а и гости беа, и да сакавме не можевме да гледаме убер офанзивен Интер, тоа никад не ни било случај со нив. Сега на ред се Катанија, Болоња и Сампдорија, па Јуве, идеален распоред до Јуве за да се искрчка добитната формула па да се види на што се.

п.с. Ранокија моментално игра на нивото за ваков клуб, и е на добар пат со вакви игри да ги оправда очекувањата кои сите ги имаме за него, за ситуацијата на која алудираш повеќе згреши Хуан кој погрешно го процени летот на топката отколку Ранокија, Хуан не смееше тука повратна да дозволи од играч кој е понизок од него.
 
Ibrakadabra одбраната е супер не заебавај. Ранокиа е класа подобар од себе си лани :) Единствено од што страда одбраната е од средниот ред, ама и тоа е добро, нека се челичат :)

И јас сум бе брат дупло посилен од лани, ама далеку сум да се рамњам со Тајсон, дали ме разбираш.
Ранокија може да е х3 од лани, ама факт е дека е киксер, не е за кај нас. Порано или покасно ќе го начнеме пак муабетов за него, стави букмарк на ова (ин е сеа муабетов).
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom