Неможиме да се подобриме бидејќи Страмачиони се плаши да изреагира правовремено,да го постави вистинскиот состав на теренот без Камбиасо на средина..и да ги игра Алварез,Гаргањо и Гуарин прва постава секој натпревар ..тогаш дали ќе ни стигнуваат така лесно останатите екипи во 16-тникот ќе видиме
Ти не се прај на будала, сок ми борчиш

А шо изигравме ко некој пичлачина вчера, изигравме...рака на срце. Џабе му е на Syn и роман да напиши, нема да го смени фактот дека изигравме ко дундина. Милан, отепани, вакви, такви, макар и на среќа можеше да ни збрцаат гол. Е тогаш, ние уште 1000 минути немаше да дадеме втор гол.
Од ко почна да ја тера ова фомација, можев да заклучам дека, кога играме со слаби екипи, играме супер (барем едно полувреме) така да, тактикава за со тимчинава од стилот на Пескара и компанија е измислена. Доволни се тројца назад, да не примиме гол, и по окуражено одиме во напад, без страв дека од контра можи да ни го спопика. Кога играме со средно слаби/јаки екипи, или со други зборови, на исто или блиско рамниште во квалитет со нас, ни ја земаат топката, и ние трчаме ко муви без глај на терен. Дури и од како ќе ја добиеме топката, не знајме што да правиме со неа. Едноставно НИКОЈ не се отвара да побара топка. И сето резултира со, долга топка од Самуел, која или завршува аут, или кај некој од одбраната од другио тим. Е сега, најстрашното е, кога ќе играме со некоја појака екипа, со колку толку покадарен напад, има ем да ни ја скрија топката, ем од 90 минути напаѓање ќе ни шлакни барем 2-3 гола ко од заебанција.
Реков еднаш, Страмачиони можи почна да носи резултати, ама негативно ме изненадува од утакмица во утакмица. Не смеј Интер да влегува во утакмица и да му ја препушта играта на другиот тим. Не сме ние Сиена, од контри да чекаме гол да даваме. Ок, од една страна го разбирам, под огромен притисок можи е, што ем млад, неискусен, ем животна шанса му е, па гледа да оди на најсигурната варијанта, ама вака на долг рок, ништо не прајме.
Околу тактикава. Пак ќе речам. Добра е за со маливе екипи. Ама погубна е за со сите други. Тро појака екипа со малку попаметен тренер и прочитани сме како селски буквар. Лепенка на бековите, и двајцата од средина, и готово, не можиме да мрдниме.
Сепак мислам, дека треба да почни(нешто шо го нема пробано со Интер годинава колку што се сеќавам), да ја пробува 4-2-3-1 формацијата. За ова формација, мислам дека имаме и те како играчи.
На хартија би изгледала вака:
Ханда
Занети Рано Хуан Переира
Гергано Гуарин
Паласио Снајдер(Кутињо) Касано
Милито
Значи Гергано да игра Box to Box, да трча ко Питбул(не пејачон), а Гуарин, да скапи на ДМЦ, да сечи акци, и да подава топки(нешто ко deep laying playmaker) , и за овие напред џабе ќе зборувам. Со оваа формација, ем нема да ни ја кријат топката, ем одбраната ни е повеќе од солидна, ем напред ќе бушиме.
ИИИИИИ....