Фан Клуб: Јувентус

Vartolu

1897 Fighter
Член од
29 декември 2007
Мислења
14.954
Поени од реакции
5.576
Многу контрадикторности во случајот на Конте (и на Бонучи и Пепе):
  • Веќе долгонајавуваниот скандал избувна. Според обвинителот Палаци, се чекало да заврши Сериа А, да не трпел последици ФИГЦ Италијанскиот фудбал. (а само пред 2 дена, финансиска полиција беше во просториите на ФИГЦ). Италијанскиот фудбал почна да тони во кал и смрдеа, кога седна на фотелјата Абете како Претседател на ФИГЦ. Ако во нешто се согласувам со Земан, тогаш тој ја долови најточната реченица која ја опишува ФИГЦ:
  • Zeman was asked which enemy he’d like to go to dinner with and the journalist wondered if Abete would be the candidate.
    “He’s not my enemy. He is the enemy of football,” replied Zeman.
  • Театрално се апси Стефано Маури, полицијата заедно со Палаци упадна во тренинг центарот на Италијанската репрезентација во Кремона, за да ги испрашаат Кришито и Бонучи (како да се работи за Ал Капоне и Џон Готи заедно, обвинител и 20 полицајци). Кришито дури беше чкртнат од листата за ЕП.
  • Конте, БЕЗ НИКАКВО ИЗВЕСТУВАЊЕ, без негово лично присуство, а во присуство на комшиите (како сведоци дека не му е подметнато ништо), му беше извршен преглед во неговиот дом, и како што изјави тогаш Палаци, дека Конте не е на листата обвинети, за после да го смени исказот.
  • Се најавуваше 3 годишна казна за Бонучи и Пепе, од обвинителството на Конте му пратија договорна спогодба од 4 месеци, која Конте (по налог на клубот Јувентус) ја прифати преку своите адвокати, за на крај тој што ја нуди спогодбата, ја одбива, и бара казна од година и пол забрана да седи на клупата на Јуве. Ова не смее да се случи во судски систем на Нигерија и Непал, а не пак во судски систем на држава како Италија.
  • Единствен доказ против Конте е изјавата на Каробио дека Конте наводно им рекол на цел тим дека натпреварот ќе заврши нерешено. Цел тим е повикан на испитување, од 24 играчи, 23 изјавуваат дека Конте НЕ РЕКОЛ ТАКА, а само Каробио стоел на ставот што го изнел претходно. Ако се оди стриктно до законот, треба одма да поднеси кривични пријави против 23-те играчи на Сиена за ЛАЖНО СВЕДОЧЕЊЕ. Факт е дека тоа Судот не го направи.
  • Конте е казнет бидејќи ЗНАЕЛ а не ПРИЈАВИЛ дека 2 натпревари на Сиена се „наместени“.
Казни: -6 бода за Сиена, 10 месеци бан за Конте. Која е простата логика тука? Тимот што мести добива 6 бода казна негатива што е СМЕШНО за местење натпревари, човекот што според обвиненијата ЛИЧНО ги наместил натпреварите, Претседателот на Сиена Maсимо Мецарома нема добиено никаква казна и сеуште си ја извршува функцијата Претседател на Сиена, а човекот кој што демек „знаел“ дека клубот мести добива 10 месеци забрана за тренирање.o_O
  • Бонучи и Пепе буквално го посрамотија Палаци, и од 3 годишна казна добија ослободителни пресуди. Цврстиот „доказ“ на Палаци, Масиело, соиграчот на Бонучи од Бари , даде 3 изјави. Сите три не се совпаѓаа меѓусебно, по што падна во вода цело обвинение.
 
Член од
11 јули 2008
Мислења
4.750
Поени од реакции
3.790
Каробио го смени исказот 3 пати, а од лепорозата Палаци беше сметан за кредибилен иако не постојат пишани докази никаде за инволвираност на Конте.
Нема потреба да се дискутира на таа тема, браниме нешто што се подразбира само по себе.

Проблем е што корумпирани луѓе го држат фудбалот во Италија. Додека нема реконструкција во Федерација Јувентус ке биде подложен на вакви сопки. Добра лекција дека врвот треба да биде спремен на вакви акции во секое време.

Моџи со неговата моќ, стекната во период од неколку години, одлично го имаше позиционирано клубот и вешто ги избегнуваше ваквите местенки. Али во 2006 имаше еден мал превид, кој подоцна се покажа како фатален.

Ањели е млад и одличен Претседател, меѓутоа ке мора за кратко време да стекне искуство, и да се подготви за вакви работи во иднина.

Во Италија владее ваков систем, кој овозможува вакви работи да се случуваат. Тоа го го влече фудбалот кон дното, али доста очигледно е дека подмот на италијанскиот фудбал не им е во преден план.
 

Vartolu

1897 Fighter
Член од
29 декември 2007
Мислења
14.954
Поени од реакции
5.576
Моџи со неговата моќ, стекната во период од неколку години, одлично го имаше позиционирано клубот и вешто ги избегнуваше ваквите местенки. Али во 2006 имаше еден мал превид, кој подоцна се покажа како фатален.

Ањели е млад и одличен Претседател, меѓутоа ке мора за кратко време да стекне искуство, и да се подготви за вакви работи во иднина.

Во Италија владее ваков систем, кој овозможува вакви работи да се случуваат. Тоа го го влече фудбалот кон дното, али доста очигледно е дека подмот на италијанскиот фудбал не им е во преден план.
Јас мислам дека не беше превидот на Моџи клучен, туку клучно за непријателите на Јуве да се осоколат беше смртта на Џани и Умберто Ањели.

Андреа Ањели тогаш сеуште немаше никаква функција, Џон Елкан беше помлад и неискусен а против себе имаа стари волци. Единствено, му се забележува на Лука Ди Монтецемоло што не се заложил повеќе за Јувентус, и според многумина тој имал голема моќ за да го спаси Јувентус, но не го направи тоа. Дури и навивачите пееја песни против него, како ја изневерил довербата на Џани Ањели кој му дал се што има.

Андреа се гледа дека е вистински Ањели, и мислам дека најразумниот потег е тоа што тој се назначи за Претседател на клубот.
 
Член од
21 август 2008
Мислења
5.204
Поени од реакции
953
Ecco i 23 elementi in partenza per la Toscana:

PORTIERI: 1 Buffon, 30 Storari, 34 Rubinho.

DIFENSORI: 2 Lucio, 3 Chiellini, 4 Caceres, 11 De Ceglie, 15 Barzagli, 26 Lichtsteiner.

CENTROCAMPISTI: 6 Pogba, 8 Marchisio, 20 Padoin, 21 Pirlo, 22 Asamoah, 23 Vidal, 24 Giaccherini, 33 Isla, 39 Marrone.

ATTACCANTI: 9 Vucinic, 12 Giovinco, 17 Bendtner, 27 Quagliarella, 32 Matri. povtorno go nema pepe :(
 
Член од
22 април 2008
Мислења
549
Поени од реакции
93
Ecco i 23 elementi in partenza per la Toscana:

PORTIERI: 1 Buffon, 30 Storari, 34 Rubinho.

DIFENSORI: 2 Lucio, 3 Chiellini, 4 Caceres, 11 De Ceglie, 15 Barzagli, 26 Lichtsteiner.

CENTROCAMPISTI: 6 Pogba, 8 Marchisio, 20 Padoin, 21 Pirlo, 22 Asamoah, 23 Vidal, 24 Giaccherini, 33 Isla, 39 Marrone.

ATTACCANTI: 9 Vucinic, 12 Giovinco, 17 Bendtner, 27 Quagliarella, 32 Matri. povtorno go nema pepe :(
се очекува за осмото коло да се врати. Јас лично сакам да се врати за 38 коло.
 
Член од
10 мај 2010
Мислења
2.727
Поени од реакции
1.970
Овој Видал го бараат многу клубови ,а се спомнува и замена со Џеко....
Што се однесува до мене јас би го продал Видал и би го земал Озил кој што мислам дека уште подобро ке се снајде .
 

Kajgana Shop

На врв Bottom