Што конфигурација имаш (плоча/рам/напојување) имаш? Во принцип основите се исти:
1. Заклучуваш pci/pci-e clock на 33/100Mhz, ставаш наголем делител на меморијата и најмал множител на процесорот да видиш плочата до колку FSB ти е стабилна. Кога плочата нема да постува веќе намалуваш за едно 10Mhz, па идеш на процесорот, или ако има опција и сакаш зголемуваш волтажа на чипсетот и продолжуваш понатака.
2.Ако не ти е битна меморијата да ја клокаш (за игри и не ти е баш) ќе го вратиш на множителот и FSBот на default (претпоставувам дека множителот не е отклучан) и ќе дигаш по 5Mhz дур не се пушта компјутерот. Е кога нема да ти се пушти имаш избор. Ако си задоволен со оверклокот может да не ја мењаш волтажата на процесорот и да тераш така или да ја зголемиш и тераш понатака. Со секое зголемување на волтажата се зголемува потрошувачката на „ватажата“ на процесорот и со тоа повеќе грее. Плус се скратува животниот век (мада имам комјутери што биле оверклокувани и по 5-10 години и никаков проблем).
3. Го местиш делителот на меморијата така да ти е блиско околу default фрекфренцијата за да немаш проблеми.
4. Тестираш неколку саати со OCCTPT и гледаш дали ќе има грешки / ќе грее премногу и како се понаша напојувањето, да не имаш голем пад на напон
Note: Треба да си прочиташ на интернет за твојата платформа / процесор што е максимална препорачлива волтажа со воздушно ладење (претпоставувам немаш водено
) и максимална температура при тестирање. Обично до кај +10-15% не би требало да има гајле