Skopje City Mall

  • Креатор на темата Креатор на темата Бергер
  • Време на започнување Време на започнување
Ова не е нормален народов од трговскиот до воена болница има колона
 
Разбирам дека сакаат (скоро) сите да го видат да отидат ама мора баш во 1 ден кога се чека редови ? Никако не ми е јасно :cautious:
 
Бев во City Mall блиску ми е во Влае сум па многу ме интересираше да видам дали тоа дека луѓе со 3 полни колички од големите имале натоварено,пред 1 час и 30 минути бев од прилика и за 10 минути излегов затоа што имаше повеќе гужва одколку во недела на авто-пазар едвај се разминуваш за Carrefour се чекало и по 30 минути па воопшто и не застанав на ред да видам какви производи се нудат само видов луѓе натоварени како мазги излагаа надвор на паркингот па прашањето ми е:да не се спрема ратно стање во државава па што сите прават толкави залихи на храна,пијалоци итн.?
 
Добро катната гаража ставена е во функција или МАНАПО не е довршен ??

Абе Старбакс нема а ? :ROFLMAO:
 
Ти во твојот пост кажа дека те нервира името Skopje City Mall.
Ај да кажеме дека тотално си изумила дека македонската транскрипција на тоа име е ‘Градски Трговски Центар Скопје‘ и дека такво нешто веќе има и е најверојатно патентирано за да нема 5 градски трговски центри во Скопје, ај да го игнорираме тоа, сакаш да кажеш дека те нервира сосема правилното име на еден објект заради фуфли кои го злоупотребуваат изразот?

Вчера на некој од сајтовите ја прочитав следната реченица "Молот нуди многу...." Молот? МОЛОТ?
Можеле да стават трговскиот центар, еве не морало буквално да го преведат. Ама мол бе? Уште да додаделе дека се наоѓа на стритот Паризанска и дека има место за паркирање на карот.
 
http://www.youtube.com/watch?v=2zBWjlkKDpA немојте да мислите и дека на Запад се нешто подобри....мене лично ми е жал само што нема Старбакс, инаку секоја чест за трговскиот, нека се забавуваат луѓето :)


Де бе се испосра сите мислења од кога си зачленет ја мислам дека сеа ги напиша само за тој старбакс аман !
 
Сакам да ве поздравам сите што се палите на америчките срања како:Mcdonalds,Coca-Cola,Starbucks,Burger King итн. со песната
 
Де бе се испосра сите мислења од кога си зачленет ја мислам дека сеа ги напиша само за тој старбакс аман !
Ти хејтер си на Старбакс глеам :)))))))
 
Вчера на некој од сајтовите ја прочитав следната реченица "Молот нуди многу...." Молот? МОЛОТ?
Можеле да стават трговскиот центар, еве не морало буквално да го преведат. Ама мол бе? Уште да додаделе дека се наоѓа на стритот Паризанска и дека има место за паркирање на карот.
сајтовите?
САЈТОВИТЕ?
САЈТОВИТЕ?
 
И во Веро првите неколку месеци немаше каде кола да паркираш , па сега нема жива душа. И btw ова не се гради во градска гужва.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom