Хич, душо, јас имам појма што е Медикер, ама изгледа има некои работи кои тебе не ти се јасни. За жал, имам искуство на своја кожа со неефикасноста на здравствениот систем во САД и знам што значи очајот да ти треба преглед, а да не можеш да го добиеш затоа што не ти го признаваат осигурувањето, а прегледот чини повеќе од годишна заработка.
За појаснување, добар соживот и мир во куќа, еве неколку работи кои очигледно тебе не ти се јасни.
1. Зголемувањето на месечната надокнада за здравствено осигурување кое се појави како резултат на воведувањето на овој план за осигурување за просечниот Американец е не многу значајна. Нив не им менува што ќе им се зголеми месечната сума која ја плаќаат на осигурителните компании.
2. Тоа осигурување не го добиваат илегалци, туку го добиваат жители на САД што е огромна разлика. Исто како и кај нас, здравствено осигурување, плави картончиња и лекување во државни здравствени установи добиваат исклучиво луѓе кои плаќаат месечни придонеси за тоа. Особено со последните реформи и казнени мерки, пиле не смее да прелета во државните институции ако нема упат, картонче и не плати партиципација. Така што, ти не плаќаш за никој друг. Но, искрено се надевам дека ќе се воведат приватните фондови за ти и луѓето кои го имаат твојот став конечно да сфатат што значи државното здравство во Македонија.
3. Обама поддржува контрацепција, ги помага клиниките Planned Parenthood и се залага за сексуално образование кај младите. Ромни се залага за апстиненција, забрана на абортус, го поддржува моронот кој кажа дека доколку кај жена која е жртва на силување дојде до зачнување, жената не смее да абортира затоа што самата сакала да зачне, а ако не сакала телото имало начин да го спречи тоа. И како целата држава би била на лош пат кога некој претседател поддржува абортус? Или ти си од оние, чедните, кои се залагаат да биде забранет абортусот? Претпоставувам дека си, така што нема потреба на ова да ми одговараш. Патем, дали знаеш колку тинејџерки во САД остануваат бремени и не продолжуваат со учење, остануваат необразувани, живеат во приколка и стануваат терет на државата? Ете еден прилично јасен пример зошто и како абортусот претставува грижа за иднината на државата.
4. Во САД постојат приватни здравствени осигурителни куќи. Таму уплаќаш колку ти одговара од понудените пакети и добиваш пропорционално. Секој има можност да доплати и да добие подобра грижа. Со Медикер се добива основниот пакет кој ги покрива најчестите заболувања, но најмногу се фокусира на превенција на заболувањата, што всушност значи заштеда за државата.
5. Обама ја затекна економијата во лоша состојба. Бидејќи лично познавам економист кој врши анализа на опоравувањето на пазарот на труд, можам да кажам дека иднината на пазарот на труд се подобрува. Говорите не ги следам, зар некој ги слуша воопшто политичарите што "говорат"? На едно уво влегло, на друго излегло...
Па очигледно ти ги слушаш политичарите што говорат, од каде инаку си дошол до заклучок дека Ромни е против абортусот кај силуваните жени ?
Доколку тинејџерките кои забременуваат во САД се терет на државата откако престанат со образованието, зошто тогаш воопшто го поддржуваш законот за задолжително здравствено осигурување на Обама, кога со истиот тој закон само ќе се зголеми бројот на невработени кои не плаќаат за здравствено осигурување, но сепак за нивните абортуси и за нивните операции за менување на полот ќе платат вработените ?
Мило ми е бидејќи на своја кожа си ја почувствувал/а неефикасноста како што ја нарекуваш, на американскиот здравствен систем, бидејќи истата таа неефикасност како што ти ја нарекуваш, произлегува од мрзливковците како тебе кои се и сешто сакаат здраво за готово, па од тука сосема разбирливо е зошто законот за задолжително здравствено осигурување на Обама треба да биде укинат, но немој да се плашиш доколку победи Ромни, бидејќи и Ромни најави дека нема да го укине законот за задолжително здравствено осигурување на Обама, туку ќе го измени, најверојатно ќе мораш да плаќаш од свој џеб доколку сакаш да абортираш (доколку си женско) или за некоја тинејџерка која си ја забременил (доколку си машко) сакаш да абортира, или сакаш да го менуваш полот, ќе мораш од својот џеб да платиш за тоа, бидејќи нема да ти следува здраво за готово како што ти тоа го очекуваш, дали тоа ти се допаѓа или не, тоа си е твој проблем и мене лично воопшто не ме интересира.
Инаку, кога веќе го споредуваш, неефикасниот како што го нарекуваш, американскиот здравствен систем, со екстремно современиот, да не речам и совршен, македонскиот здравствен систем, би знаел дека во државните клиники и болници се лекуваат и странци кои со врски, со подмитување и без да плаќаат за здравствено осигурување во Република Македонија, успеваат да се најдат пред граѓаните на Република Македонија кои редовно плаќаат за здравствено осигурување, а истото го имаш и во САД, пред 2 месеца беше откриен случај за нелегален имигрант од Мексико кој си го прчел цела 1 година во американска болница во Тексас, откако бил опериран од слепо црево, но иако не бил граѓанин на САД и иако нелегално престојувал во САД, сепак со подмитување на персоналот успеал да ја оштети болницата за 1 милион американски долари бидејќи во тој болнички кревет во кој си го прчел, можеле да закрепнуваат и да се лекуваат граѓани на САД кои редовно плаќаат за здравствено осигурување, но тоа не е важно, ќе се надоместат тие 1 милион американски долари со парите кои граѓаните на САД ги трошат секој месец плаќајќи редовно за здравствено осигурување, а Мексиканецот ќе го депортираат назад во Мексико каде што ќе се фали дека ем се излекувал, ем си го прчел цела 1 година во болницата на сметка на граѓаните на САД кои редовно плаќаат за здравствено осигурување.
Проектот на Обама за планирано родителство опфаќа задолжително обезбедување на контрацептивни средства во сите средни училишта во САД на сметка на самите училишта, што воопшто не држи вода, ако јас сум сопственик на приватно средно училиште, не е моја вина тоа што надвор од моето училиште ти си легнал (доколку си машко) твоја соученичка од училиштето по што таа забременила, или те легнал (доколку си женско) твој соученик од училиштето по што ти си забременила, па од тука нема никакво оправдание зошто јас да плаќам за твоите контрацептивни средства или на таа која си ја легнал, а уште помалку па да плаќам за твојот абортус или за абортусот на таа која си ја легнал.
Прашај го тој економистот кој го познаваш лично:
Каков е тој пазар на трудот чијашто состојба се подобрува, кога во изминатите 3 ипол години невработеноста во САД пораснала за над 1.4% ?
Ако се земе во предвид мислењето на тој економистот кој ти го познаваш, тогаш и кај нас во Македонија е рај и покрај над 30% невработеност.
А за економијата па да не правиме муабет, македонскиот национален долг изнесува над 30% од БДП, прашање на време е додека да се приближиме на границата за банкрот, додека американскиот национален долг, токму за време на Демократската Национална Конвенција 2012 која се одржа од 4 септември 2012 до 6 септември 2012, во Шарлот, најголемиот град во сојузната американска држава Северна Каролина, надмина над 16 трилиони американски долари, а пред 3 ипол години изнесуваше 10.57 трилиони американски долари.