Извор: Британски Телеграф. Оригиналот на англиски јазик прочитајте го
тука.
Избори во САД 2012: Обама вели дека Ромни ќе ја уништи економијата
Барак Обама им се обрати на Американците во четвртокот вечерта со зборовите дека е свесен дека нивната надеж е ставена на тест, но замоли за уште 4 нови години во Белата куќа за да го спречи Мит Ромни во уништувањето на нивното кревко економско заздравување.
Во подценет говор на конвенцијата на Демократската партија во Северна Каролина, Претседателот им се обрати на гласачите: Патот кој ние го нудиме можеби е потежок, но води кон подобро место. Сепак, тој предупреди дека потребни се “повеќе од неколку години“ за да се стигне таму.
Стилизирајќи се себеси како наследникот на Претседателот Френклин Д. Рузвелт, тој кажа дека поради нивниот економски план, Американците мораат да бираат помеѓу “две фундаментално различни визии за иднината.“
Тврдеше дека додека “наше е да се бориме да ги повратиме вредностите кои ја изградија најголемата средна класа и најјаката економија која светот некогаш ја видел“, неговиот Републикански противник ќе ја вжешти дерегулацијата и кратењето на даноци за тие што заработуваат многу и кои “не внесоа во цела оваа мешаница“.
Истакнувајќи го фактот дека благодарејќи на неговот лидерство “Осама Бин Ладен е мртов“, го нападна Ромни заради тоа што го истакнал неговото неискуство во надворешните работи со тоа што ја ставил под знак прашање подготвеноста на Лондон за биде домаќин на Олимписките игри за време на посетата во јули. „Најверојатно не си подготвен за дипломатија со Пекинг, ако не си способен да ги посетиш Олимписките игри без да го навредиш нашиот најблизок сојузник“ - изјави Обама.
Како и да е, тој повторно се враќаше на разликите меѓу нивните економски филозофии и го истакна контрастите помеѓу неговото скромно растење и воспитување и детството на Ромни како син на милионери во Мичиган, за што сугерираше дека го ставило во подобра позиција за да ги разбере економските тешкотии на гласачите.
-----------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
Од друга страна Мит Ромни, веднаш врати на ударот, појавувајќи се на Фокс телевизија. Оригиналната верзија плус видео, можете да ја најдете
тука.
Одговорот на Мит Ромни на говорот на Обама на конвенцијата на Демократите
Мит Ромни се одлучи да се појави на телевизијата Фокс за да одговори на говорот на претседателот Обама во четвртокот вечерта на националната конвенција на Демократите.
Ромни изјави дека е разочаран од говорот, кој само го прочитал, бидејќи претходно напомена дека нема да го гледа Обама. Претседателскиот кандидат рече дека ништо не му дало доверба дека “претседателот знае што прави“ во врска со вработувањата и економијата.
“За волја на вистината, тој речиси и воопшто не ни спомна вработување и економија“ - изјави Ромни.
Во говорот на претседателот работа се спомнува 15 пати, а економија 6 пати и предвиде дека ќе има повеќе вработувања во неговиот втор мандат. Законот за health care воопшто не беше конкретно спомнат.
Ромни го бранеше својот “пропуст“ - не спомнувајќи војна воопшто, што го прави
прв претседателски кандидат кој го направил тоа од 1952.
“Кога држиш говор, не се водиш по “листа за перење“, туку зборуваш за работи кои се важни. Не го употребив зборот
troops, го употребив зборот
military.“ Мислам дека се однесуваат на истата работа. И секако посетувајќи ја Американската легија денот претходно, за време на нашата конвенција, пренесе уште посилна порака до нашите војници и војска за разлика од нашиот претседател кој воопшто не отиде да ја посети Американската легија.“ Ромни навистина направи референца за војската во два наврати, во општа смисла, коментирајќи за нејзината големина.
Подоцна на пресконференција во Сиукс, Ајова, Ромни се бранеше себеси од критиките на Обама за неговото патување во јули. Обама направи референца до посетата на Ромни во Лондон, кога изјави сомневање во подготвеноста на Лондон да биде домаќин на Олимписките игри, што предизвика остар прекор од страна на градоначалникот на Лондон, Борис Џонсон и британскиот премиер Дејвид Камерон.
(Ќе ја пренесам во оригинал изјавата, со преведување би се изгубила смисла)
"I'm very pleased that my Olympic experience allows me to talk about the Olympics in a straight talk manner and I think it would be appropriate if the president would talk to China in a straight talk manner," Romney said.