Американската претседателска кампања и избори (општа дискусија)

Кој ќе биде победник на претседателските избори?


  • Вкупно гласачи
    131
  • Гласањето е завршено на .
Ако ги земеме во предвид очекувањата од пред дебатата одличен беше Ромни, се согласувам. Тука кај вртењето во круг можеа да бидат поагресивни и да пробаат да поентираат и едниот и другиот. Обама можеше да го нападне за видеото што му протече, Ромни можеше цело време да ја потенцира ужасната економска политика што ја води Обама. Но и двајцата решија дебатата да ја водат без удари под појас..

На крај уствари модераторот го изеде, пошто овој сакаше да прејде на друго прашање, а и Ромни и Обама му се вртеа и му викаа: Чекај само уште ова...:pos:

Инаку, интересен ми беше ставот на Ромни дека ќе успеел и да намали даноци, и да зголеми воен буџет, и да го сопре странското задолжување и намали дефицитот. Сите овие работи заедно не одат. Сем ако не планира да отвори 20-тина војни. :)

Планот му е утописки до даска. Мислам дека се расплинува толку со плановите затоа што нема конкретна таргет група, барем колку што јас имам забележано.


Следната дебата е за надворешната политика, па очекувам Обама да се пењави цело време за убивањето на Бин Ладен и промената на диктаторите низ Северна Африка.

Ауу, да, да... Бин Ладен има да му биде секоја втора реченица и Арапска пролет. Може и ние ко оние од линкот погоре што го ставив да направиме игра со пиење. На секое спомнување на Бин Ладен, Гадафи, Либија и Арапска пролет, по една ракија на екс... Никој нема да успее да ја догледа дебатата.:icon_mrgr:

Настрана од дебатата, во најважните држави, што Ромни мора да ги добие за да ги добие изборите, Охајо и Флорида, PAC-от на Обама има собрано и троши дупло повеќе пари на реклами и активности
Општо многу пари се трошат, јас прочитав дека ова се најскапи изборни кампањи до сега, ама Обама као наводно има собрано повеќе донации од Ромни.
Што се однесува до кампањата на Обама во Охајо, апсолутно си во право, и тоа најголемиот дел од негативната кампања е насочена таму. Иако Обама е во блага предност, не оставаат ништо на случајот, затоа што до сега во историјата не се случило Републиканец да победи без да го добие Охајо, а Охајо е една од државите плус кои речиси секогаш од 1964 мислам го погодуваат победникот. Во некоја од претходните страни го постирав ова, но еве уште еднаш, затоа што е интересно и битно воедно
Во градчето Вуд Каунти кое исто речиси секогаш погодувало кој ќе биде победникот, постојано се форсира оваа реклама, нон-стоп се врти:
Тоа е тоа, белите ракавици се фрлени, сега има само гола борба. :)

И уште еднаш само да потенцирам дека ме изненадува слабиот говор на тело на Обама кога тој практично го донесе говорот на телото кај политичарите на едно многу повисоко и ново ниво, буквално постави нови стандарди за тоа како треба да биде говорот на телото, а сега му е тотално конфузен, му замерија дури и демократите, некои од нив дури признаа дека Ромни овој дел го владеел. Постојано гледаше во белешките, као да не е сигурен во себе, лицето му беше некако згрчено, а и забележете, побарајте го повторно говорот, кога излагаат прв пат и се поздравуваат, Обама како да брза да застане на говорницата, додека Ромни останува уште една-две секунди да ја поздрави публиката, па и Обама се врати да мафта уште малце. Тоа е показател на нервоза, исто како и кога Џорџ Буш сениор за време на 1992 година кога гледа во саатот, за тоа многумина му замерија.
 
www.facebook.com/media/set/?set=a.288530191164790.77087.173570305994113&type=1
577428_409944232356718_982830295_n.jpg
 
па анкетава не е за кого ние ке гласаме
туку мислење кој ке победи

Не е точно, Македонските државјани согласно билатералниот ''договор за избирање и доверба'' склучен меѓу САД и Југославија (по пат на сукцесија важи во МК) уживаат активно и пасивно избирачко право на претседателските избори во САД. Не си знаел/а? :eek:

Сакав да кажам дека мислењето на македонците(во овој случај членовите на форумов) е поразително...
 
Не е точно, Македонските државјани согласно билатералниот ''договор за избирање и доверба'' склучен меѓу САД и Југославија (по пат на сукцесија важи во МК) уживаат активно и пасивно избирачко право на претседателските избори во САД. Не си знаел/а? :eek:

Сакав да кажам дека мислењето на македонците(во овој случај членовите на форумов) е поразително...
ај пообјасни за ова
 
се ебнаа гадно Америве со нигеров, еднаш имаа прилика црнец за претседател и одма да се напраат модерни ко за се друго.... може го бидува за зборење, ама за тоа што треба трупец испадна, џабе, црнец си е црнец, не може за интелектуална работа да биде поспособен од белец, колку и другиве политичари да се исто идиоти. ко кај нас што циган ќе остане циган и со средно, и со факултет, пак ќе лаже, пак ќе краде и пак ќе биде глуп
 
А бе ја гледаше некој вчера дебатата меѓу Ryan и Biden? Јас не успеав вчера да гледам, а од ова што читам и гледам на интернет, дебатата била поостра од онаа на Ромни и Обама и имало ниски удари и коментари.

58376_10151223151766509_236554623_n.jpg


Извор.

Можеби некој од вас ја гледал па може да даде свое видување, јас сум неутрална бидејќи не ја гледав и нели не можам да зборам, пренесувам само што сум прочитала.

Meanwhile...

Ромни го зголеми водството пред Обама

romni-go-zgolemi-vodstvoto-pred-obama-104880.jpg
Републиканскиот кандидат за американски претседател Мит Ромни ја зголеми предноста за три отсто пред актуелниот претседател од редовите на демократите Барак Обама.
Ова го покажуваат резултатите што доцна синоќа, ги објави агенција Reuters, за која институтот Ipsos секојдневно врши испитување на јавното мнение за рејтинзите на двајцата претседателски кандидати за изборите што ќе се одржат на 6-ти ноември.
Така, на помалку од еден месец од одржувањето на американските претседателски избори, републиканецот Мит Роми ја има поддршката на 47 отсто од избирачкото тело, додека демократот Барак Обама ужива поддршка на 44 проценти од регистрираните гласачи.
Ромни прејде во водство во анкетите откако беше убедлив победник во минатонеделното телевизиско соочување во Денвер, првото од трите што ќе се одржат до 22-ри октомври.
Ова се најдобрите моменти во изборната кампања на Мит Ромни, која почна многу бледо и со многу гафови и напади дека ја крие својата даночна пријава.

Извор.

Е ова е многу поинтересна изборна кампања од онаа пред 4 години. Мртва трка до крајот, само ги зголемува очекувањата за наредната претседателска дебата на 16ти октомври. :vozbud:
Ни едниот, ни другиот немаат веќе простор за грешки и неподготвеност.
 
Мене ме плаши евентуалната победа на Ромни,ми изгледа на мистериозно интелектуален тип,што би значело продолжување на ропството на балканците...додека Обама ми е нешто како наш Бране-тип,изгледа паметно,во суштина е ќускија,зборува убедливо а нема врска што зборува... односно лошото водство би значело разнишување на цврстите позиции на Америте на балканот,а со тоа се создава ризични времиња,прилики за нов поприлагоден "владетел",но и можност за слобода ...
 
Извештај на ЦБС, за VP дебатата, на втората страна има анкета.

Да не го заборавам моментот на вечерта

Ете, тука па, Biden е победник.
Затоа преферирам сама да си ги гледам, а не да се наслонувам на медиуми, затоа што сама најубаво си проценувам, а вака не можам да бидам уверена, само читам голи факти без да знам дали се согласувам или не и се нервирам.
 
Ете, тука па, Biden е победник.
Затоа преферирам сама да си ги гледам, а не да се наслонувам на медиуми, затоа што сама најубаво си проценувам, а вака не можам да бидам уверена, само читам голи факти без да знам дали се согласувам или не и се нервирам..
Да ама анкетава ги опфаѓа неопределените идни гласачи, не сите. Не ја погледнав бидејќи други бројки ми се вртат во глава, па да не побркам нешто:D
Инаку Рајан како пристоен хоштаплер ми изгледа, ништо чудно да му е менторот од нашево поднебје.
 
Инаку Рајан како пристоен хоштаплер ми изгледа, ништо чудно да му е менторот од нашево поднебје.

Сите политичари се хоштаплери, само некои се посуптилни, некои се поочигледни.:icon_mrgr:
 
Сите политичари се хоштаплери, само некои се посуптилни, некои се поочигледни.:icon_mrgr:
А пак за нечии желби да се остварат треба да се измислат нови пољиња во математиката;)
(абе множина од поле се пишува со љ?:notworthy: )
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom