Зошто атеистите се толку опседнати со Бог и религијата?

Член од
2 октомври 2012
Мислења
277
Поени од реакции
217
Не треба да престане науката со истражување на тоа поле.
Па што кој цацко бунтуваш ако не треба да престане. Тоа што некој си зема здраво за готово некои си недоквакани теории, си е негов проблем.
Затоа ти реков дека некои веруваат дека еволуцијата почнува со самиот универзум и дека универзумот еволуира
.
Ти демек си убеден дека не се случуваат никакви промени во универзумот? Дека е статичен? Дека е таков отсекогаш? И за кои тоа почетоци ми зборуваш? Па исти како и тие кои ги критикуваш. И ти веруваш во нешто.
Мислам дека со сознанието за тоа како функционира мозокот, може да се имплементираат техники за поефективно користење на истиот. Зошто?
Ќе ти дадам неколку примери.

Со помош на знаењето дека фобиите се создадени поради негативни искуства кои делуваат на емотивните мемории и на амигдалата, и знаењето дека амигдалата реагира на стимул fight or flight, можеме да имплементираме терапија кадешто субјектот кој да речеме се плаши од кучиња, го изложиме пред куче за при тоа амигдалата да добие нови искуства и "знаења", дека кучето не е опасност при што емотивните мемории ќе станат неутрални.
http://www.anxietycoach.com/exposuretherapy.html

Има уште многу примери кадешто знаењата за мозокот овозможуваат имплементирање на различни стратегии за поефективно користење на истиот. Дури еволуционата психологија која се базира на еволуцијата во која верувате промовира техники кои помагаат за подобра адаптација и се базирани на знаењата за мозокот и самиот фенотип на луѓето.
Ок. Фино! Науката рече? Значи имало заслуги од науката. Аферим. Дали беше ти тој кој плукаше по науката? Не пријател, јас не верувам во ништо. Ти си тој кој што верува.
 
Член од
1 октомври 2012
Мислења
41
Поени од реакции
32
Па што кој цацко бунтуваш ако не треба да престане. Тоа што некој си зема здфраво за готово некои си недоквакани теории, си е негов проблем.
.
Ти демек си убеден дека не се слушуваат никакви промени во универзумот? Дека е статичен? Дека е таков отсекогаш? И за кои тоа почетоци ми зборуваш? Па исти како и тие кои ги критикуваш. И ти веруваш во нешто.

Ок. Фино! Науката рече? Значи имало заслуги од науката. Аферим. Дали беше ти тој кој плукаше по науката? Не пријател, јас не верувам во ништо. Ти си тој кој што верува.
Прочитај го линкот што му го пратив на Ипси погоре. Не плукам по науката, само тврдам дека не е идеална и не опфаќа голем спектар на феномени. Ја не сум убеден ни дека универзумот еволуира ниту дека постои нешто како статичност. Се што праам е што ти презентирам различни верувања, хипотези и теории на кои гледам отвороумно ама не ги земам како 100% сигурни. Јас си имам мој став за работите што не тврдам дека е приказ на вистината.
И како што напоменав, ти давам научни примери затоа што си скиентист и сакам да го зборам твојот јазик кога дебатирам со тебе. Тоа не докажува дека верувам неопходно во се што ти изложувам како пример. Моите верувања се дека постојат феномени како чакри, астрална проекција и ред други работи кои науката ги дефинира како непостоечки односно "неевидентирани".
 

Shemsa

Певаљка
Член од
2 октомври 2012
Мислења
174
Поени од реакции
285
Не си спремен да го дознаеш тоа. Има време.
Не сметај на мене, ја никогаш нема да дојдам до тоа ниво. Но има тука еден куп Тошоисти, дај научи ги на тоа духовните вештини и отварање чакри и оправете го светов, не иде вака више.
 

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Ги имаш ви линкот што ти го пратив погоре. Еве ти го пак моето гледиште на работите.
http://forum.kajgana.com/threads/Зошто-атеистите-се-толку-опседнати-со-Бог-и-религијата.53971/page-92#post-5352065
Епа погрешно ти е гледиштето. Еве ќе одиме со ред.

1. Тврдиш дека научниот метод и науката се непрецизни, со што индиректно алудираш на постоење прецизна или конечна вистина, исто така го оспоруваш кредибилитетот на науката, поради тоа што не ти дала конечен одговор на сите прашања за во исто време да го кажеш следново:
Јас се сложувам дека вистина како апсолутен поим не постои.
Тогаш за која прецизност ти зборуваш дека изостанува во научниот метод?

2. Тврдиш дека науката и научниците застапуваат строго материјалистички поглед:
Другиот проблем со науката е што науката не е индиферентна. Целата наука започнува со филозофија дека се што постои е материјално и може да се објасни со помош на природните закони.
Повели два цитати на едни од најпознатите научници во 20-от век:
-There is no matter as such—mind is the matrix of all matter. - Max Planck
-Everything we call real is made of things that cannot be regarded as real. - Niels Bohr


 
Член од
2 октомври 2012
Мислења
277
Поени од реакции
217
Прочитај го линкот што му го пратив на Ипси погоре. Не плукам по науката, само тврдам дека не е идеална и не опфаќа голем спектар на феномени. Ја не сум убеден ни дека универзумот еволуира ниту дека постои нешто како статичност. Се што праам е што ти презентирам различни верувања, хипотези и теории на кои гледам отвороумно ама не ги земам како 100% сигурни. Јас си имам мој став за работите што не тврдам дека е приказ на вистината.
И како што напоменав, ти давам научни примери затоа што си скиентист и сакам да го зборам твојот јазик кога дебатирам со тебе. Тоа не докажува дека верувам неопходно во се што ти изложувам како пример. Моите верувања се дека постојат феномени како чакри, астрална проекција и ред други работи кои науката ги дефинира како непостоечки односно "неевидентирани".
Скиентист си ти пријател. Јас ништо не земам за точно од теорииве кои се меинстрим. А ти упорно тврдиш дека мора да има абиогенеза. Ти процени кој е скиентистот овде.
Твоите верувања за чакри и астрални проекции не се тема на дискусијава. Слободно да си веруваш. Пази на втората чакра, ќе ти биде благодарна девојка ти.
 
Член од
1 октомври 2012
Мислења
41
Поени од реакции
32
Епа погрешно ти е гледиштето. Еве ќе одиме со ред.

1. Тврдиш дека научниот метод и науката се непрецизни, со што индиректно алудираш на постоење прецизна или конечна вистина, исто така го оспоруваш кредибилитетот на науката, поради тоа што не ти дала конечен одговор на сите прашања за во исто време да го кажеш следново:

Тогаш за која прецизност ти зборуваш дека изостанува во научниот метод?

2. Тврдиш дека науката и научниците застапуваат строго материјалистички поглед:

Повели два цитати на едни од најпознатите научници во 20-от век:
-There is no matter as such—mind is the matrix of all matter. - Max Planck
-Everything we call real is made of things that cannot be regarded as real. - Niels Bohr

Не се сложувам дека постои апсолутна вистина ама исто така се сложувам дека постои непрецизност.
Овие два става не се некомплементарни според мене.
Ако паднеш на земја со 1000 њутни сила, и јас кажам дека си паднал со 10 њутни сила, најверојатно не сум бил прецизен. Мојот став е дека не постои апсолутна вистина или само една материја, додека науката почнува со премисата дека постои една материја. Неспособноста да објасни специфични феномени како многу димензионален простор во нашиот универзум и уште многу ствари кои ги наведов погоре е резултат на ограниченото гледање на стварите. Сите методи се базираат на тоа дека се што се мери мора да биде материјално (составено од атоми, кваркови или што и да е).
Значи мааните на науката ги делам на два дела кои не се поврзани меѓусебно.
Едно, е непрецизна(Моите верувања се дека да, постојат закони во нашиот универзум и дека науката не може да ги измери прецизно)
Второ, тврди дека природата на универзумот и светот е материјална и вистинска. (јас не тврдам дека природата на универзумот и вистината се само материјални)

Цитатите на одредени научници како Ајнштајн или Планк не се приказ за официјалниот став на науката за природата на универзумот. Повели
http://en.wikipedia.org/wiki/Naturalism_(philosophy)
http://ethesis.helsinki.fi/julkaisut/mat/maant/pg/lipsanen/041.html
http://www.icr.org/article/422/
http://www.naturalisms.org/science.htm
--- надополнето: 2 октомври 2012 во 22:32 ---
Скиентист си ти пријател. Јас ништо не земам за точно од теорииве кои се меинстрим. А ти упорно тврдиш дека мора да има абиогенеза. Ти процени кој е скиентистот овде.
Твоите верувања за чакри и астрални проекции не се тема на дискусијава. Слободно да си веруваш. Пази на втората чакра, ќе ти биде благодарна девојка ти.
Aбиогенезата не е официјален став на науката за настанокот на животот. Се смета дека сеуште нема доволно евиденција за да се потврди.
Знаеш кој е мојот став?
Дека животот почнува со свест. Таа свест постоела далеку пред создавањето на материјата а уште помалку гените.
Ти личи тоа на скиентизам? Мене не:). Иначе регулацијата на првата чакра најважна за стабилноста на втората.:icon_lol:
 
Член од
2 октомври 2012
Мислења
277
Поени од реакции
217
Aбиогенезата не е официјален став на науката за настанокот на животот. Се смета дека сеуште нема доволно евиденција за да се потврди.
Знаеш кој е мојот став?
Дека животот почнува со свест. Таа свест постоела далеку пред создавањето на материјата а уште помалку гените.
Ти личи тоа на скиентизам? Мене не:). Иначе регулацијата на првата чакра најважна за стабилноста на втората.:icon_lol:
Каде ти виде мој скиентистички став? Ти спомна абиогенеза, не јас. Јас тврдам дека не се десила, тоа ти личи на скиентизам?
Знаеш кој е мојот став? Дека комплексот материја-енергија и живиот свет (во менлива форма) и свеста отскогаш постојат, дека се неуништливи. Ти личи ова на скиентизам?
И рачунам дека првата чакра си ја „навежбал“ одамна затоа ти реков да обрнеш внимание на втората.
 
Член од
1 октомври 2012
Мислења
41
Поени од реакции
32
Каде ти виде мој скиентистички став? Ти спомна абиогенеза, не јас. Јас тврдам дека не се десила, тоа ти личи на скиентизам?
Знаеш кој е мојот став? Дека комплексот материја-енергија и живиот свет (во менлива форма) и свеста отскогаш постојат, дека се неуниоштливи. Ти личи ова на скиентизам?
И рачунам дека првата чакра си ја „навежбал“ одамна затоа ти реков да обрнеш внимание на втората.
Имам читано за тоа гледиште. Прилично интересно во секој случај. Работи како отсекогаш, засекогаш итн. отсекогаш:P ме бунеле. Времето е многу интересен концепт како и да е.
 

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Не се сложувам дека постои апсолутна вистина ама исто така се сложувам дека постои непрецизност.
Овие два става не се некомплементарни според мене.
Ако паднеш на земја со 1000 њутни сила, и јас кажам дека си паднал со 10 њутни сила, најверојатно не сум бил прецизен. Мојот став е дека не постои апсолутна вистина или само една материја, додека науката почнува со премисата дека постои една материја. Неспособноста да објасни специфични феномени како многу димензионален простор во нашиот универзум и уште многу ствари кои ги наведов погоре е резултат на ограниченото гледање на стварите. Сите методи се базираат на тоа дека се што се мери мора да биде материјално (составено од атоми, кваркови или што и да е).
Значи мааните на науката ги делам на два дела кои не се поврзани меѓусебно.
Едно, е непрецизна(Моите верувања се дека да, постојат закони во нашиот универзум и дека науката не може да ги измери прецизно)
Второ, тврди дека природата на универзумот и светот е материјална и вистинска. (јас не тврдам дека природата на универзумот и вистината се само материјални)

Цитатите на одредени научници како Ајнштајн или Планк не се приказ за официјалниот став на науката за природата на универзумот. Повели
http://en.wikipedia.org/wiki/Naturalism_(philosophy)
http://ethesis.helsinki.fi/julkaisut/mat/maant/pg/lipsanen/041.html
http://www.icr.org/article/422/
http://www.naturalisms.org/science.htm
Манипулираш со семантички финти.
-Науката непоаѓа од никакви предходни замисли или премиси да открие било што, тоа едноставно е невистина. Единствена цел на науката е резултат кој ќе може да биде повторен и потврден, научниците не одлучуваат однапред каков треба да биде тој резултат.
-Неспособноста да објасни одредени феномени, е поради огрничениот капацитет за осознавање на луѓето, а не поради недостаток на науката.
-Науката е објективна, што значи мора да се однесува на мерливи и споредливи нешта, во спротивно нема да биде наука.
-Науката нема "официјален став" за било што, таа не е политичка партија, туку објективен истражувачки збир на техники и методи кој бараат решенија и одговори за разни области. Во дефиницијата за научниот метод, јасно беше посочено дека старите сознанија можат да бидат подложни на корегирање доколку се откријат нови аргументи кој ќе ги надополнат старите.
 
Член од
2 октомври 2012
Мислења
277
Поени од реакции
217
Имам читано за тоа гледиште. Прилично интересно во секој случај. Работи како отсекогаш, засекогаш итн. отсекогаш:P ме бунеле. Времето е многу интересен концепт како и да е.
Јас ти кажав и погоре ама ти сакаш само да се контраш а не читаш што пишувам.
Не постојат почетоци и краеви. Ништо ниту започнува ниту завршува.
Раѓањето не е чист, јасно одвоен настан, туку посебен вид на интензитет. Истото важи и за созревањето и смртта.
Вселената никогаш не започнала и никогаш нема да заврши, туку минувала, сега минува и ќе минува низ бескрајните колебања на интензитетот.
 

Shemsa

Певаљка
Член од
2 октомври 2012
Мислења
174
Поени од реакции
285
Јас ти кажав и погоре ама ти сакаш само да се контраш а не читаш што пишувам.
Не постојат почетоци и краеви. Ништо ниту започнува ниту завршува.
Раѓањето не е чист, јасно одвоен настан, туку посебен вид на интензитет. Истото важи и за созревањето и смртта.
Вселената никогаш не започнала и никогаш нема да заврши, туку минувала, сега минува и ќе минува низ бескрајните колебања на интензитетот.
Интензитетот е само втор извод од движењето на мултикозмичкиот еж. Раѓањето се случува кога ежот ика, а умирањето кога прди. Земјотреси има кога му е ладно. Мултикосмичкиот еж е се она што некоаш било, е, и ќе биде, целата свесност и несвесност.
 
Член од
2 октомври 2012
Мислења
277
Поени од реакции
217
Интензитетот е само втор извод од движењето на мултикозмичкиот еж. Раѓањето се случува кога ежот ика, а умирањето кога прди. Земјотреси има кога му е ладно. Мултикосмичкиот еж е се она што некоаш било, е, и ќе биде, целата свесност и несвесност.
:pos:
Баш така
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Da beee, zaboraviv deka samo vie - avtohtonite makedonski pravoslavni hristijani so silna vera vo bog I vo MPC (zastapuvana na ovoj svet od mercedeskiot sinod na zemjava bibliska) - ste vistinskite za rajot..

Got it.
DBack,

то шо некој од Ватикан го благословил тутунот, тоа е нивна одлика, а за православната вера, пушењето се нарекува „..демонско кадење...„, како целосен опозит на кадењето со темјан, кое се практикува на богослужбите.

МПЦ-ОА е само дел од Црквата, а то што имаш свое (не)разбирање за Црквата, не е мој проблем, туку е типичен атеистички проблем.
 
Член од
28 декември 2011
Мислења
4.371
Поени од реакции
6.208
Aбиогенезата не е официјален став на науката за настанокот на животот. Се смета дека сеуште нема доволно евиденција за да се потврди.
Знаеш кој е мојот став?
Дека животот почнува со свест. Таа свест постоела далеку пред создавањето на материјата а уште помалку гените.
Ти личи тоа на скиентизам? Мене не:). Иначе регулацијата на првата чакра најважна за стабилноста на втората.:icon_lol:
Jако. Сега треба уште
1. Да спомнеш

-Квантна механика
-Квантно вплеткување
-Принцип на неопределеност

2. Да немаш врска од тие поими.

И се враќаме пак во тркалото.
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
И сега влеговме во теории на заговор. Имаш валидни докази за овие обвинувања или се само обични шпекулации?
.
Grand,

ај не зае****ј, сакаш докази за теориите на заговор? И како треба да изгледаат тие докази, нешто по Твој кеиф? Па повеќе е од очигледно дека масонеријата повеќе не се крие, туку се‘ повеќе делува јавно, а уште помалку ги крие своите намери! За среќа, следам и белосветска политика, и имам претстава што се случува по Светов и на тоа поле. Доволно е да погледнеш со кои „научни„ истражувања инвестираат денешните „филантропи„ , попут славниот Гејтс, и све‘ станува само по себе јасно! Тековната намера од масонеријата е на секој можен начин да ја намали светската популација на „златната„ миљарда, те. да го сведе населението на планетарно ниво‘ на не појќе од 1 милј. луѓе, а пожелно е и помалу од тоа! Сите овие потези кои ги превзема масонеиријата, нејзиниот милитаризам и добро платен сциентизам, се токму во таа насока, а Африка, како намерно и плански „затуцана„, се покажа како добро тло, од кое масонеријата ги почна своите планови за „чистка„ на светското население. Не е случајно тоа што „сида„-та се појави токму во под-сахарска Африка, а за тоа беа обвинете некои мајмунски раси, демек, тие ја пренесувале таа болест, се‘ дур не пукна бруката и не се испостави дека вирусот на „сида„-та е лабораториски производ! Сите овие измилснеи и намерно пуштени вируси, кои се појавија во последниве неколку години (а ќе ги има и понатаму...) се само начин на кој фармацевтската мафија ќе намлати мнооогу пари, а народот ќе паничи и ќе бара „лек„ во вакцините, кои се свесно и манерно подготвени така, не да лечат, туку преку нивно примање, да осакатат генерации и генерации луѓе, кои по примањето на вакцините, ќе бидат неспособни за размножување и оставање пород.
--- надополнето: 3 октомври 2012 во 09:58 ---
Еколошки чист или не, сепак климатски е најпогоден за секакви вируси и бактерии. Едукативно се на нула.
Едукативно не се баш на „нула„, оти за поедини држави од Африка, токму ние сме „нула„ А тоа е плански поставено така, за да можат африканците и понатаму да бидат евтин извор на природни сурови, црпени од денешните концерни, а за возврат, африканците увезуваат и користат производи, на кои одамна им истекол рокот на употреба...Во меѓувреме, африканците ќе си добиваат воени хунти на власт, кои ќе предизвикуваат меѓуплеменски и меѓудржавни судири, кои траат со децении, а кои се згодна можност за продавање оружје и на „двете„ завојувани страни, ама од исти трговци со оружје.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom