Зошто атеистите се толку опседнати со Бог и религијата?

Член од
15 октомври 2010
Мислења
835
Поени од реакции
155
Kolku jas znam, nie ateistite, ne sme opsednati ni so Bog no so religija, tuku sme samo zainteresirani da ni se kaze KOJ E DVANAESETTIOT APOSTOL POSLE JUDA?

Miki1, ne ti, ti ne.
16 ”Браќа, требаше да се исполни Писмото, што Светиот Дух го прорече преку Давидовата уста, за Јуда, кој им беше предводник на оние, кои Го фатија Исуса;
17 тој беше во нашиот број и беше добил дел од службава.
18 Имено, тој придоби нива со злосторничка плата; и падна ничкум и пукна по средина, и се истури целата негова утроба.
19 И тоа им стана познато на сите жители на Ерусалим, така што нивата е наречена на нивниот јазик Акелдама, што значи „Крвна Нива.”
20 Зашто, во книгата на Псалмите е напишано: ‘Неговиот дом да биде пуст и да нема кој да живее во него!’ а ‘неговата служба да ја прими друг.’
21 И така, потребно е пак, еден од оние луѓе, кои беа со нас за сето време, откако Господ Исус дојде при нас и си отиде од нас -
22 почнувајќи од Јовановото крштавање до денот, кога се вознесе од нас да биде сведок заедно со нас, на Неговото воскресение.”
23 И поставија двајца: Јосифа, наречен Варсава, наречен Јуст, и Матиј.
24 И се помолија, велејќи: „Господи, Ти, Кој ги познаваш срцата на сите, покажи ни кого си го избрал од овие двајца,
25 да го прими местото во оваа служба и во апостолството, од кое отстапи Јуда, за да отиде на свое место!”
26 И фрлија жрепки за нив; и жрепката падна за Матија и тој се вброи во Единаесетте апостоли.
 

Gurdjieff

Bastardo dentro
Член од
12 јануари 2011
Мислења
3.645
Поени од реакции
1.264
П. Нормално, ако ги гледаме работите од вашата затвороумна перспектива све што научно не може да биде испитано, не постои и го негирате со вашата нулта хипотеза. Постојат многу различни начини да се осознае вистината сем вашите фригидни. Никогаш нема да можам да ти објаснам духовност и духовни искуства ако ги перцепираш работите со таков поглед кон светот. Жал ми е.
:cuc:
 

Divider

Seraphim
Член од
24 февруари 2005
Мислења
27.337
Поени од реакции
3.062
16 ”Браќа, требаше да се исполни Писмото, што Светиот Дух го прорече преку Давидовата уста, за Јуда, кој им беше предводник на оние, кои Го фатија Исуса;
17 тој беше во нашиот број и беше добил дел од службава.
18 Имено, тој придоби нива со злосторничка плата; и падна ничкум и пукна по средина, и се истури целата негова утроба.
19 И тоа им стана познато на сите жители на Ерусалим, така што нивата е наречена на нивниот јазик Акелдама, што значи „Крвна Нива.”
20 Зашто, во книгата на Псалмите е напишано: ‘Неговиот дом да биде пуст и да нема кој да живее во него!’ а ‘неговата служба да ја прими друг.’
21 И така, потребно е пак, еден од оние луѓе, кои беа со нас за сето време, откако Господ Исус дојде при нас и си отиде од нас -
22 почнувајќи од Јовановото крштавање до денот, кога се вознесе од нас да биде сведок заедно со нас, на Неговото воскресение.”
23 И поставија двајца: Јосифа, наречен Варсава, наречен Јуст, и Матиј.
24 И се помолија, велејќи: „Господи, Ти, Кој ги познаваш срцата на сите, покажи ни кого си го избрал од овие двајца,
25 да го прими местото во оваа служба и во апостолството, од кое отстапи Јуда, за да отиде на свое место!”
26 И фрлија жрепки за нив; и жрепката падна за Матија и тој се вброи во Единаесетте апостоли.
Значи црквата одобрува комар/коцкање, хазардни игри!!! Штом со комар одбирала апостоли.

Мада, не ќе да е Матија (Матеја) дванајстиот апостол.

И сеа, комарџиска работа, а?!
После се чудиме, еее :notworthy::notworthy::notworthy:(n)
 
Член од
15 октомври 2010
Мислења
835
Поени од реакции
155
Значи црквата одобрува комар/коцкање, хазардни игри!!! Штом со комар одбирала апостоли.

Мада, не ќе да е Матија (Матеја) дванајстиот апостол.

И сеа, комарџиска работа, а?!
После се чудиме, еее :notworthy::notworthy::notworthy:(n)

Комар? Зарем некој се обложувал со пари за тоа кој ќе биде избран? Господ го одбрал 12-тиот

„Господи, Ти, Кој ги познаваш срцата на сите, покажи ни кого си го избрал од овие двајца,
25 да го прими местото во оваа служба и во апостолството, од кое отстапи Јуда, за да отиде на свое место!”


--- надополнето: 2 октомври 2012 во 17:27 ---
Мада, не ќе да е Матија (Матеја) дванајстиот апостол.[/quote]
Кој е тогаш?
 

Divider

Seraphim
Член од
24 февруари 2005
Мислења
27.337
Поени од реакции
3.062
Комарџиска работа. Хазардерски избор. На таксе-мааш е избран? Или со коцка? А коцка, оттаму иде зборот коцкање.

И фрлија жрепки за нив; и жрепката падна
Значи Господ е комарџија! Му рекле кажи кој и после си праеле Таксе-Мааш за да се одлучи. Џиткале зарој.Играле компанија.

И после менеќе ми се збори ваќе-таќе.

А бе, знаеф јас. Убо рече Лет 3. Не ја биѓаа.
 
Член од
15 октомври 2010
Мислења
835
Поени од реакции
155
Добро. И, кој е сега 12-тиот? Библијата вели Матија. Ти што мислиш?
 

Сталкерот

Резидентен космонаут
Член од
5 јуни 2012
Мислења
5.761
Поени од реакции
7.593
Комар? Зарем некој се обложувал со пари за тоа кој ќе биде избран? Господ го одбрал 12-тиот

„Господи, Ти, Кој ги познаваш срцата на сите, покажи ни кого си го избрал од овие двајца,
25 да го прими местото во оваа служба и во апостолството, од кое отстапи Јуда, за да отиде на свое место!”

Кој е тогаш?
26 И фрлија жрепки за нив; и жрепката падна за Матија и тој се вброи во Единаесетте апостоли.
Шо не удриле една партија покер,money-plays, winner takes all, thumbs up?
Шо е ждрепката, ако не коцкање?
Ехехее колку коцкаришта сум видел да му се молат на бога вака, дај ми се боже да ми се падне, па да видам и јас бел свет:icon_lol:
 
Член од
15 октомври 2010
Мислења
835
Поени од реакции
155
Шо не удриле една партија покер,money-plays, winner takes all, thumbs up?
Шо е ждрепката, ако не коцкање?
Ехехее колку коцкаришта сум видел да му се молат на бога вака, дај ми се боже да ми се падне, па да видам и јас бел свет:icon_lol:
Друго нешто имаш за кажување или тоа беше?
 

Divider

Seraphim
Член од
24 февруари 2005
Мислења
27.337
Поени од реакции
3.062
Slu[aj, a ako Juda ne dal ostavka, a naznacen e od Boga, neli Bog treba da naznaci replacement?? A ne Petre ebivetre?
Koj mu dal na Pero pravo da igra zaroj za apostollak?
Nikoj, znaci izborot e tamam kako izborite vo Kazahstan ili Irak pod Sadam Husein. Nevalidni.
A posto Juda se obesil, a ne dal ostavka, nitu mu rekol na Dzizs deka dava neotpovikliva ostavka, znaci ostanuvame na nepoznmanica. Dal e Juda dvanajstiot ili ostavaat na edinajse posto komardziskiot izbor e nelegalen.
 

Сталкерот

Резидентен космонаут
Член од
5 јуни 2012
Мислења
5.761
Поени од реакции
7.593
Друго нешто имаш за кажување или тоа беше?
Сакаш да ти набројам уште некоја игра на среќа?
Тоа е ждрепка, ени менни сени или пак ако ти одговара повеќе "Падна бомба од небо, па удари баба меца....".
Е и ај направи ми го кејфот и кажи дека таа била божјата волја:icon_lol:
 
Член од
15 октомври 2010
Мислења
835
Поени од реакции
155
Одговорот ти е даден. Тоа што не ти се допаѓа не е мој проблем.

Инаку ова ви е веќе проверена тактика на форумов. Атеист поставува прашање - добива одговор - па атеистот го вади претходно подготвениот одговор изваден од некој антихристијански сајт или книга.
 

Divider

Seraphim
Член од
24 февруари 2005
Мислења
27.337
Поени од реакции
3.062
Немој да генерализираш те молам.

Не ми одговори, кој е дванајстио апостол ако е на комар бирано без да се види и праша вољата на господа, кога Јуда не дал неотповиклива оставка, а плус е пред пентекостот времето коа шо си играле зарој е друго дванајсе.

Затоа е изреката: друго дванајсе. Дека не се знај кој е и зошто е дванајстио биран на комар и со таксе-мааш.
 

DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
Паааа Бенедикт е се‘уште жив, слободно обрати му се, верувам дека ќе Ти даде исцрпно објаснување. И да, во право си, тие се христијани, оти така велат, исто како што тоа го велат и во САД и во ЕУ.
Da beee, zaboraviv deka samo vie - avtohtonite makedonski pravoslavni hristijani so silna vera vo bog I vo MPC (zastapuvana na ovoj svet od mercedeskiot sinod na zemjava bibliska) - ste vistinskite za rajot..

Got it.
 
Член од
1 октомври 2012
Мислења
41
Поени од реакции
32
Мислам дека набрзо ќе почнеме да се вреѓаме. Ај да видам колку време ќе ни треба.

Науката не работи со веројатности. Науката работи со исходи, проверки и потврди. Веројатноста се користи за претпоставки. Фактите се користат за потврда на претпоставките.

Неколку пати побарав да се произнесеш за своите провизорни тврдења од типот „многу грешки во научните методи“, „фактичка и предвидена веројатност“, „науката е ограничена“ и слични дебилоиди. Не се произнесе. Ќутиш за тоа, а од друга страна пенавиш пукајќи на слепо, без никакви примери кои ти беа побарани.

Неспособноста на човекот во овој момент од времето да ги објасни сите природни феномени на универзумот не значи дека научниот метод е погрешен. Значи само дека човекот, во својот интелектуален стадиум, сеуште нема ментален капацитет и/или соодветна технологија за да истите ги опише, објасни и потврди со научен метод. Тоа никако не значи дека нема да ги открие и развие соодветните механизми, интелект и технологии.

Ти, на темиве, се понашаш како убер-мојстер, нешто како игорче наш, едноставно негирајќи све што ќе ти се каже. На поставените прашања и барања за поткрепа одговараш едноставно со негирање на методите на наиуката, без притоа истите да ги поткрепиш со фактички примери.

До пред 200-300 години, луѓето мислеле дека све е откриено, дека нема што да се тарашка по природата и универзумот, дека човекот е таков ко што е и дека господ знае све и не' пази. Мене ми личиш како да си од тоа време. Си?
--- надополнето: 2 октомври 2012 во 19:09 ---

Не сум ни јас. Јас само реагирам соодветно на третманот.

Ако сметаш дека не сум во право околу твоите ментални и ерудитни капацитети, те молам покажи ми каде грешам.

Еволуцијата е факт. Целата природо-научна јавност во последниве 100 години го темели и потврдува својот развој врз фактот на еволуцијата. Ако ти го спориш тоа, или си непризнаен нобеловец-револуционер или си недоучен и недоинформиран.

Што си?

Нема потреба да се вреѓаме. Ништо во науката не се смета за факт ниту пак фактите се користат за потврда на претпоставките. Мислам дека ова ти е скрос погрешно.

Првенствено, во науката се поставува хипотеза која е базирана на претходни знаења и идеи на самиот научник.
Хипотезата се нулифицира(негира).
Потоа се бара евиденција за да се потврди хипотезата.
Евиденцијата потоа се гледа во квалитет/квантитет.
Студиите кои треба да ја потврдат хипотезата се реплицираат доволен број пати.
Доколку евиденцијата ги задоволува потребните критериуми, истата станува теорија.
Теоријата е хипотеза со доволно евиденција за да се смета за плаузибилна.

Зависно од "видот" на науката за која збориме и видот на студиите кои се спроведуваат во истата имаме посолидна и помалку солидна наука.
Таканаречените социјални науки најчесто работат со анегдотална, статистичка евиденција, и евентуално клинички студии. Ништо ама баш ништо од тие студии не се базира на факти. Ако мислиш дека те лажам, побарај како функционираат психологијата, психијатријата, педагогијата и сите тие социјални науки. Резултатите им се базирани на статистики кои ни во најмала рака не може да доведат до осознавање на вистинската ситуација. Во АПА дури обожаваат да измислуваат ментални болести и ствари кои никако не се осознаени со некои реални студии туку се таканаречено политички коректни студии. Ама ајде да речеме дека социјалните науки не се вистински науки како биологијата, неурологијата, физиката, хемијата итн...

Да се префрлиме на "појаките" науки. Евентуално не можеме да сме слепи пред успехот на новата технологија кој е добиен како резултат на овие науки. Сите имаме компјутери, интернет, автомобили и што уште не. Никаде не го побивам тоа дека овие науки се корисни и никаде не тврдам дека се бескорисни. Само тврдам дека лимитираноста на самите научни методи ги прават резултатите кои ги добиваме непрецизни.
Плус овие методи не се компатибилни со пронаоѓање на одговори за феномени кои се ван нашиот дофат. Феномени како почетокот на универзумот, како се настанати законите во нашиот универзум, како фотоните постојат ако нивната маса е земена за приближно еднаква на нула...дали би постоело нешто побрзо од фотонот итн итн... не можат да бидат измерени со стандардните алатки за мерење, не можат да бидат опсервирани со стандардните методи, не можат никогаш да бидат изолирани итн... Затоа постојат девијации кои се приметливи во квантната физика како double slit experiment за кој гледам се расправате погоре.
Единствен начин моментално, да се осознаат тие феномени е со математички формули и изведувања кои се лимитирани на нашите сфаќања и погледи во универзумот. Вредноста на пи, вредностите на бесконечност и уште многу ирационални броеви и функции се несфатливи за нас и нашиот универзум, исто како што n димензионален простор е несфатлив за нашата реалност а е математички докажлив. Од друга страна, тоа што математички може да се докаже не е секогаш точно во реалноста. Покажано е дека поголемиот дел од математичките формули кои важат во изолиран простор не се применливи во реални ситуации каде што имаш многу фактори. Тоа го прави овој метод неидеален... Ако прочиташ убаво што пишува тука и не рипаш преку моите реченици, притоа слушајќи го својот внатрешен глас на несогласување ќе разбереш зашто сметам дека науката е лимитирана. Пробувај да не ме дискриминираш во специфична група на индивидуалци кои што и да пишат мора да им се иде контра.
Постојат многубројни феномени кои науката не ги анализира затоа што сеуште нема соодветна апаратура и методологија за анализа на истите. Верувањето дека науката дава одговор на секое прашање е скиентизам. Башка што постојат морални проблематики кадешто науката не може да даде соодветен одговор.
http://en.wikipedia.org/wiki/Scientism

Другиот проблем со науката е што науката не е индиферентна. Целата наука започнува со филозофија дека се што постои е материјално и може да се објасни со помош на природните закони. Премисот на кој се базира науката, доколку се докаже дека е погрешен, целата наука може да падне во вода и при тоа да се сменат методите со помош на кои се дознава вистината. Ова е само претпоставка.

Најлошото кај тебе е што ти веруваш во науката. Тврдиш дека еволуцијата Е факт. Филозофијата зад секој научник е константно да се запрашува и да е спремен да го смени својот став за работите доколку евиденцијата му налага на тоа. Тоа значи дека утре идејата за тоа како и дали се случила еволуцијата биде сменета со нова научна евиденција ти прв треба да го смениш твојот став. Ништо што знаеме за светов не е факт. Тоа е многу погрешен начин да ги гледаш работите. Нашите сетила се лимитирани како и нашиот начин за осознавање на светот. Тоа ги прави работите не 100% сигурни. Осознавањето на минатото преку фосили или радиоактивно датирање, генетика на фосилите далеку од тоа дека ја објаснува еволуцијата сосема. Постојат големи дупки и прашалници во науката на ова поле.
-Ги знаеш ли прецизните услови во кои е настаната првата ДНК?
-Ја знаеш ли точната хемиска формула на хемиските реакции кои доведуваат до првата форма на живот?
-Дали имаш било какво знаење за животот пред да почне ДНК составот на модерните форми на живот? Попрецизно, дали знаеш како е настаната РНК та?
-Дали имаш комплетен доказ дека животот е настанат абиогенетички а не со панспермија или друг начин?
 

Shemsa

Певаљка
Член од
2 октомври 2012
Мислења
174
Поени од реакции
285
Научниците се тие што нонстоп дрндаат како статистиките покажуваат дека веројатноста да се деси А е поголема од веројатноста да се деси Б. Проблемот со истите е што го прикажуваат човекот како небитно створение кое не е ништо освен прашина во универзумот или некој вид на еволуиран примат. Не го зимаат во обзир фактот дека луѓето имаат огромен капацитет и неоткриени способности.
Ја со помош на мојата духовност, енергија и 11 отворени чакри уште вчера предвидов дека ти знаеш метод подобар од научниот. Ама ти неќеш да го споделиш тука со нас, да го направиш светот подобро место за живеење. Што ти е негативна енергија!
 

Kajgana Shop

На врв Bottom