Нема потреба да се вреѓаме. Ништо во науката не се смета за факт ниту пак фактите се користат за потврда на претпоставките. Мислам дека ова ти е скрос погрешно.
Првенствено, во науката се поставува хипотеза која е базирана на претходни знаења и идеи на самиот научник.
Хипотезата се нулифицира(негира).
Потоа се бара евиденција за да се потврди хипотезата.
Евиденцијата потоа се гледа во квалитет/квантитет.
Студиите кои треба да ја потврдат хипотезата се реплицираат доволен број пати.
Доколку евиденцијата ги задоволува потребните критериуми, истата станува теорија.
Теоријата е хипотеза со доволно евиденција за да се смета за плаузибилна.
Зависно од "видот" на науката за која збориме и видот на студиите кои се спроведуваат во истата имаме посолидна и помалку солидна наука.
Таканаречените социјални науки најчесто работат со анегдотална, статистичка евиденција, и евентуално клинички студии. Ништо ама баш ништо од тие студии не се базира на факти. Ако мислиш дека те лажам, побарај како функционираат психологијата, психијатријата, педагогијата и сите тие социјални науки. Резултатите им се базирани на статистики кои ни во најмала рака не може да доведат до осознавање на вистинската ситуација. Во АПА дури обожаваат да измислуваат ментални болести и ствари кои никако не се осознаени со некои реални студии туку се таканаречено политички коректни студии. Ама ајде да речеме дека социјалните науки не се вистински науки како биологијата, неурологијата, физиката, хемијата итн...
Да се префрлиме на "појаките" науки. Евентуално не можеме да сме слепи пред успехот на новата технологија кој е добиен како резултат на овие науки. Сите имаме компјутери, интернет, автомобили и што уште не. Никаде не го побивам тоа дека овие науки се корисни и никаде не тврдам дека се бескорисни. Само тврдам дека лимитираноста на самите научни методи ги прават резултатите кои ги добиваме непрецизни.
Плус овие методи не се компатибилни со пронаоѓање на одговори за феномени кои се ван нашиот дофат. Феномени како почетокот на универзумот, како се настанати законите во нашиот универзум, како фотоните постојат ако нивната маса е земена за приближно еднаква на нула...дали би постоело нешто побрзо од фотонот итн итн... не можат да бидат измерени со стандардните алатки за мерење, не можат да бидат опсервирани со стандардните методи, не можат никогаш да бидат изолирани итн... Затоа постојат девијации кои се приметливи во квантната физика како double slit experiment за кој гледам се расправате погоре.
Единствен начин моментално, да се осознаат тие феномени е со математички формули и изведувања кои се лимитирани на нашите сфаќања и погледи во универзумот. Вредноста на пи, вредностите на бесконечност и уште многу ирационални броеви и функции се несфатливи за нас и нашиот универзум, исто како што n димензионален простор е несфатлив за нашата реалност а е математички докажлив. Од друга страна, тоа што математички може да се докаже не е секогаш точно во реалноста. Покажано е дека поголемиот дел од математичките формули кои важат во изолиран простор не се применливи во реални ситуации каде што имаш многу фактори. Тоа го прави овој метод неидеален... Ако прочиташ убаво што пишува тука и не рипаш преку моите реченици, притоа слушајќи го својот внатрешен глас на несогласување ќе разбереш зашто сметам дека науката е лимитирана. Пробувај да не ме дискриминираш во специфична група на индивидуалци кои што и да пишат мора да им се иде контра.
Постојат многубројни феномени кои науката не ги анализира затоа што сеуште нема соодветна апаратура и методологија за анализа на истите. Верувањето дека науката дава одговор на секое прашање е скиентизам. Башка што постојат морални проблематики кадешто науката не може да даде соодветен одговор.
http://en.wikipedia.org/wiki/Scientism
Другиот проблем со науката е што науката не е индиферентна. Целата наука започнува со филозофија дека се што постои е материјално и може да се објасни со помош на природните закони. Премисот на кој се базира науката, доколку се докаже дека е погрешен, целата наука може да падне во вода и при тоа да се сменат методите со помош на кои се дознава вистината. Ова е само претпоставка.
Најлошото кај тебе е што ти веруваш во науката. Тврдиш дека еволуцијата Е факт. Филозофијата зад секој научник е константно да се запрашува и да е спремен да го смени својот став за работите доколку евиденцијата му налага на тоа. Тоа значи дека утре идејата за тоа како и дали се случила еволуцијата биде сменета со нова научна евиденција ти прв треба да го смениш твојот став. Ништо што знаеме за светов не е факт. Тоа е многу погрешен начин да ги гледаш работите. Нашите сетила се лимитирани како и нашиот начин за осознавање на светот. Тоа ги прави работите не 100% сигурни. Осознавањето на минатото преку фосили или радиоактивно датирање, генетика на фосилите далеку од тоа дека ја објаснува еволуцијата сосема. Постојат големи дупки и прашалници во науката на ова поле.
-Ги знаеш ли прецизните услови во кои е настаната првата ДНК?
-Ја знаеш ли точната хемиска формула на хемиските реакции кои доведуваат до првата форма на живот?
-Дали имаш било какво знаење за животот пред да почне ДНК составот на модерните форми на живот? Попрецизно, дали знаеш како е настаната РНК та?
-Дали имаш комплетен доказ дека животот е настанат абиогенетички а не со панспермија или друг начин?