Боди билдинг и теретани - прашања, одговори, заблуди, совети...

MajMyH

EngineereD Fr0m DarknesS proTected by Divini✞Y ☤
Член од
11 септември 2011
Мислења
2.630
Поени од реакции
2.256
И без тоа можеш да ја постигнеш целта. Со сигурност грешиш некаде.
Пиши го целосното мени.
Дали добро разбрав, секој ден правис кардио по 1 час?! Ако е така, многу влужуваш, премалку добиваш.
Колку време си на диета, до сега?
Без разлика што ќе пишеш во продолжение и што ќе одлучиме како помош, купи си BCAA.
Малку сум слаб со интернет па дури сега видов :)
Вака скоро секој ден ми е следнава исхрана али некои денови кога нема шанса да јадам вака можи да се случи да јадам 2 -3 пати во ден и да не достигнам и 1500 калории кога сум цел ден на факултет или пак на работа иначе горе долу ми е овај план на исхрана:
1. Оброк
100 гр соини трошки со 100 мл млеко (или пак некои денови 50 гр овесни снегулки 50 гр соја) околу 300 ккал 50 гр протеин
2.Оброк
дозерка со протеин (моментално Gold whey) дозерка од 32 гр 120 ккал 24 гр протеин
3 .Оброк
150 гр стек + 2 белки од јајце
30 тина гр протеин и 400 калории отприлика
4.Оброк
1 Туна
25 гр протеин 300 калории
5. Оброк
100 гр урда
незнам точно колку гр протеин има али Ниско маслена е и не би требало да поминува повеќе од 300 ккал.
Се на се од 1400-1500 ккал во ден инаку околу 140-150 гр протеин зависи кога како.
Не дека немам досега резултати али онака си имам дадено како граница себеси дали сум способен да стигнам до 10 % body fat до 15 ноември бидејќи морам да си докажам прво себеси а второ на некој друг дека вредам и дека си стојам на реченото.
Во март годинава кога почнав бев 103 кг сега сум 77 кг од почетокот на март до крајот на мај скинав 23 кг па морав да намалам со режимот поради што ми се јавија стрии, сега успеав да ги исчистам до некаде и мора да довршам тоа што го почнав (летово јуни, јули, август) бев на послаб режим бидејќи работев 2 работни места и немав време да си готвам сам јадев што ќе најдев дома и не вежбав редовно али од 16 септември се вратив досега колку толку во форма. Затоа барам до тогаш да стигнам до 10 % телесни масти и после то да удрам до средината на април на маса. Па пак чистење
најголем проблем ми е факултетот бидејќи таму сум по 8 часа а знаеш каков е македонскиот менталитет ако носам таму ваква храна ќе направат од мене будала :) и мора некако да барам алтернативи таму, со оглед на то дека сум во студентски дом не можам и да приготвам се (немам фрижидер, имам само решо и мора да се снаоѓам).
Денеска зедов Женг Шенг викаат дека давал сила али ќе видиме.
 
Член од
4 октомври 2008
Мислења
4.014
Поени од реакции
1.247
S

Stef Bachatero

Гостин
Арнолд тренирал 2 пати дневно месеците непосредно пред натпревар, денешните професионални бодибилдери како Кај Грин, Џеј Катлер, Декстер Џексон, Флекс Луис... сите тренинраат секојдневно.
Yeah they on juice :)
 
Член од
30 јули 2009
Мислења
1.770
Поени од реакции
1.058
Арнолд тренирал 2 пати дневно месеците непосредно пред натпревар, денешните професионални бодибилдери како Кај Грин, Џеј Катлер, Декстер Џексон, Флекс Луис... сите тренинраат секојдневно.
Никогаш неможеш со точност да кажеш дека на кој колку тренинг му треба за да има резултати, се додека самата личност не си го запознае доволно телото, за да знае што одговара за него.

Така на пример како што ги набројавте горе некои од познатите бодибилдери, јас ќе го дадам како пример Доријан Јејтс, шесткратниот мистер Олимпија кој тренирал по 3.5 часа распоредени во текот на неделата.

Да се повторам пак, секое тело е различно и секое тело различно регира на еден зацртан вид на тренинг.
 
Ги гледам неговите тренинзи и морам да кажам дека има право кога збори за некои работи.
Почетници земаат на машини наместо тегови и шипки.Сите тренинзи ги има на Youtube :)
 
Член од
4 октомври 2008
Мислења
4.014
Поени од реакции
1.247
Никогаш неможеш со точност да кажеш дека на кој колку тренинг му треба за да има резултати, се додека самата личност не си го запознае доволно телото, за да знае што одговара за него.
Да, ама со сигурност може да се каже дека професионалци тренираат со поголем интезитет и волумен отколку рекреативните бодибилдери ( во случајов Доријан Јејтс во 45 минутен тренинг извежбува она што на рекреативец ќе му треба сат и пол), плус Стеф кажа дека професионалците тренираат 3 пати неделно што во 95% случаи е неточно.
 
http://www.bodybuilding.com/fun/hst1b.htm
http://www.bodybuilding.com/fun/hst1.htm
Најнова студија во хипертрофија е дека 3 пати неделно цело тело има подобри резултати од традиционалниот тренинг.За да бидеш голем треба цело тело вежбање.
 
Член од
30 јули 2009
Мислења
1.770
Поени од реакции
1.058
Да, ама со сигурност може да се каже дека професионалци тренираат со поголем интезитет и волумен отколку рекреативните бодибилдери ( во случајов Доријан Јејтс во 45 минутен тренинг извежбува она што на рекреативец ќе му треба сат и пол), плус Стеф кажа дека професионалците тренираат 3 пати неделно што во 95% случаи е неточно.
http://www.bodybuilding.com/fun/hst1b.htm
http://www.bodybuilding.com/fun/hst1.htm
Најнова студија во хипертрофија е дека 3 пати неделно цело тело има подобри резултати од традиционалниот тренинг.За да бидеш голем треба цело тело вежбање.

Никогаш неможеш со точност да кажеш дека на кој колку тренинг му треба за да има резултати, се додека самата личност не си го запознае доволно телото, за да знае што одговара за него.
Да се повторам пак, секое тело е различно и секое тело различно регира на еден зацртан вид на тренинг.

Да знаев да цртам, па поубаво да ме сфатевте ебаму матер :icon_mrgr:
 
DreaM oNe

我是马丁
Член од
4 септември 2012
Мислења
235
Поени од реакции
175
Па ја незнам од кај ми доаѓаат мастите кога све јадам без зејтин,млеко насабајле со овесни и тоа 0,5 мл.маст,стекот без зејтин го печам на скара,јадам овошје,па леќа,грашок,варени компири варен ориз и сите тие работи само со вода ги спремам никако зејтин ,а масти внесувам преку бадеми и лешници само и пак споро ми иде симнувањето на салото од последните стомачни...Достигнав до 9% body fat али тука и останав повеќе да се изчистам не успеав а ја имав истата исхрана...
Немора да значи дека ако готвиш без зејтин дека нема да внесуваш масти.
Тие ги има и во самите продукти кои ги јадеш.

Мој совет ти е да смениш рутина во вежбањето.
Незнам како си вежбал до сега за поконкретно да ти кажам како да продолжиш.

Често се случува телото да е презаситено т.е навикнато на тој начин на вежбање.

Додади малку кардио.
Трчај,играј кошарка или фудбал паралелно со вежбањето.

Користиш некои додатоци?

Паметно би ти било и да водиш евиденција колку масти внесуваш во текот на еден ден.
Можеби ќе испаднат повеќе отколку вака само на змуабет.

Слична грешка прават луѓето кои сакаат да ослабнат.
Викаат дека не јаделе многу во текот на денот а кога ќе запишат што се јаделе не им се верува.
 
Член од
18 октомври 2010
Мислења
523
Поени од реакции
164
Ако може некој да ми објасни што е всушност гејнер, како се конзумира и да ми даде предлог за некој добар гејнер.Фала :)
 
Член од
12 април 2010
Мислења
491
Поени од реакции
143
08:00 - овес + кисело млеко
11:00 - мусли бар од Виталија
14:00 - стек (150гр) и варен компир(100гр)
17:00 (пред теретана) - 2 јаболки и нескафе
18:20 (после теретана) - суво грозје (50гр) и една дозерка веј
20:00 - изварка (100гр) и 2 јајца (печени во микробранова)

Вкупно:

1300 кал. 120 прот. 160 јх и 33 масти

Оброкот во 14 ке го мењам секој ден..туна, сардина, копани ке бидат место стекот.
Плус во текот на денот 3-4 шољи зелен чај.

Целта е слабеење :)

За тренинг, дека прв пат ке тргам у теретана, на форумот на Херкулес најдов тренинг план:

Вежби за нозе
Екстензија на лег кукл и
Прегиб на лег курл
по 2 серии со 12-15 повторувања

Вежби за грб
Повлекување на лат од напред, широко фаќање
2 серии со 12-15 повторувања

Рамења
Еднорачно летање
2 серии со 12-15 повторувања

Гради
Пек дек летање
2 серии со 12-15 повторувања

Трицепс
Еднорачен прегиб зад глава
2 серии со 12-15 повторувања

Бицепс
Стоечки пегиб со дворачен тег
2 серии со 12-15 повторувања

Листови
Стоечки подигнување на прсти
2 серии со 12-15 повторувања

Стомак
Прегиб
2 серии со 15-20 повторувања

Добар е за први недела-две? Или одма да ги поделам вежбите по мускулни групи?

И секое сабајле од 07 до 08 скокање на јаже дома.

И за крај, покрај протеинот да земам нешто друго за топење масти? Дали е поефикасно, или нема некоја разлика со и без тоа?

Поздрав.
Некој? :)
 
S

Stef Bachatero

Гостин
Со 1300 калории никогаш нема да постигнеш резултати со топење масти.Иди балансирано ќе ти требаат 3 месеци но ќе имаш сигурни резултати.Секоја недела намалувај за 5 проценти калориски внес и зголемувај го тренингот.Никогаш не иди под BMR затоа што ќе изгубиш многу мускулна маса.Така да почни од нивото за одржување TDEE и намалувај дур не ја достигнеш целта.
 
deXterche

тадаммм
Член од
12 февруари 2006
Мислења
4.920
Поени од реакции
942
Со 1300 калории никогаш нема да постигнеш резултати со топење масти.Иди балансирано ќе ти требаат 3 месеци но ќе имаш сигурни резултати.Секоја недела намалувај за 5 проценти калориски внес и зголемувај го тренингот.Никогаш не иди под BMR затоа што ќе изгубиш многу мускулна маса.Така да почни од нивото за одржување TDEE и намалувај дур не ја достигнеш целта.
Нема да постигне резултати? Ако се реални 1300 (сигурно се повеќе) и со тој тип на тренинг што го опишал не ќе може на нозе да седи и ќе губи по 1кг неделно мин.
Моја сугестија е да си пресмета колку калории му се потребни тука па да се води по нив, нека ја направи диетата со 100 помалце од потребното пошо сигурно во денот ќе ги надокнади незнаејќи.
Од што сум читал по форуми, сајтови и слично за ББ сите препорачауваат максимум 2 г по кг протеин (изворите да се природни), 150г ЈХ (овие се кратат за 50 секој месец, додека дојдат до 50г) ова распоредено во 5 оброци дневно, 3 главни 2 меѓуоброци, 3 тренинзи неделно и пешачење по 1 сат во денот, не трчање не спринтови, скокање туку пешачење ама речиси секој ден. И вода, вода мноооогу вода во денот
 
Член од
12 април 2010
Мислења
491
Поени од реакции
143
Со 1300 калории никогаш нема да постигнеш резултати со топење масти.Иди балансирано ќе ти требаат 3 месеци но ќе имаш сигурни резултати.Секоја недела намалувај за 5 проценти калориски внес и зголемувај го тренингот.Никогаш не иди под BMR затоа што ќе изгубиш многу мускулна маса.Така да почни од нивото за одржување TDEE и намалувај дур не ја достигнеш целта.
Ке додадам уште 100 грама варен ориз за после вежбање, и ке се соберат околу 1500 ваљда :)

А за вежбањево, да го применувам тоа или да ги поделам вежбите у различни денови?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom