MajMyH
EngineereD Fr0m DarknesS proTected by Divini✞Y ☤
- Член од
- 11 септември 2011
- Мислења
- 2.630
- Поени од реакции
- 2.256
Малку сум слаб со интернет па дури сега видовИ без тоа можеш да ја постигнеш целта. Со сигурност грешиш некаде.
Пиши го целосното мени.
Дали добро разбрав, секој ден правис кардио по 1 час?! Ако е така, многу влужуваш, премалку добиваш.
Колку време си на диета, до сега?
Без разлика што ќе пишеш во продолжение и што ќе одлучиме како помош, купи си BCAA.
Вака скоро секој ден ми е следнава исхрана али некои денови кога нема шанса да јадам вака можи да се случи да јадам 2 -3 пати во ден и да не достигнам и 1500 калории кога сум цел ден на факултет или пак на работа иначе горе долу ми е овај план на исхрана:
1. Оброк
100 гр соини трошки со 100 мл млеко (или пак некои денови 50 гр овесни снегулки 50 гр соја) околу 300 ккал 50 гр протеин
2.Оброк
дозерка со протеин (моментално Gold whey) дозерка од 32 гр 120 ккал 24 гр протеин
3 .Оброк
150 гр стек + 2 белки од јајце
30 тина гр протеин и 400 калории отприлика
4.Оброк
1 Туна
25 гр протеин 300 калории
5. Оброк
100 гр урда
незнам точно колку гр протеин има али Ниско маслена е и не би требало да поминува повеќе од 300 ккал.
Се на се од 1400-1500 ккал во ден инаку околу 140-150 гр протеин зависи кога како.
Не дека немам досега резултати али онака си имам дадено како граница себеси дали сум способен да стигнам до 10 % body fat до 15 ноември бидејќи морам да си докажам прво себеси а второ на некој друг дека вредам и дека си стојам на реченото.
Во март годинава кога почнав бев 103 кг сега сум 77 кг од почетокот на март до крајот на мај скинав 23 кг па морав да намалам со режимот поради што ми се јавија стрии, сега успеав да ги исчистам до некаде и мора да довршам тоа што го почнав (летово јуни, јули, август) бев на послаб режим бидејќи работев 2 работни места и немав време да си готвам сам јадев што ќе најдев дома и не вежбав редовно али од 16 септември се вратив досега колку толку во форма. Затоа барам до тогаш да стигнам до 10 % телесни масти и после то да удрам до средината на април на маса. Па пак чистење
најголем проблем ми е факултетот бидејќи таму сум по 8 часа а знаеш каков е македонскиот менталитет ако носам таму ваква храна ќе направат од мене будала и мора некако да барам алтернативи таму, со оглед на то дека сум во студентски дом не можам и да приготвам се (немам фрижидер, имам само решо и мора да се снаоѓам).
Денеска зедов Женг Шенг викаат дека давал сила али ќе видиме.