Катастрофа игра! Пак.
Ако има кај да се употреби она лекција по модерен фудбал, ова е дефинитивно добро место за тоа.
Што ако победиле, ич не ми се свиѓа како играат. Ова е Интер од лани. Уствари ова е Интер од 60. Сериозно. Проверете како играле и споредете со нив.
Досега индивидуалност единствено не вади, како и ситуации, онакви случајни неиспланирани ситуации, кои мора да се појават у натпревар.
7 дефанзивци и 3 напаѓачи, стил на игра, како пуштени сами на себе, не можат една едноставна игра по шема да изиграат. Не можат еднаш плански да ја изнесат топката напред.
Па мали деца го можат тоа ебаго.
Единствена светла точка беше Хуан. Самуел труп.
А единствена светла точка од почеток на првенство е Касано. Да не искочеа Милан глупаци на лето и буквално да не ни го подареа, којзнае што ќе беше од нас сеа.
Неверојатна промена во менталитет и на стил на игра на Страма, после само 4 ебани изиграни натпревари во првенството. Не знам која е причината, дали сам се решил или му суфлирале од страна, ама ја мислам не му требаше.
Па не би рекол дека биле катастрофа по тоа што ми го кажаа за прво, 1 тон шанси на Милито, пречка, 2 гола, штета само примиле гол али тоа е, во второ веќе се знаеше дека Фиорентина е таа која ќе напаѓа, без разлика што имаа црвен, имај во предвид дека слабо се ротирани играчиве, кондициски и не беа нај нај подготвени, 85% од тимов се стартери од почетоков на сезонава и тераат до крај на меч, едноставно рутински го привршија мечот ( второ гледав ) и тоа беше тоа, плус Фиорентина јаки се сезонава али реков, 10 победи по ред не се случајност, убер незгодно гостување е ова за нив и тоа се потврди и сега.
Во Јануари нека се донесе десен бек или Нага нека игра така, тактиката ако остане со 3ца назад обавезно Мацари потегов од денес да го тера константно, 3421, пишав и на форумов мислам за ова, не сум сигурен дека вчера и на фан клубов што ни е Армата за ова дискутиравме, топ топ, башка ова е само втор меч со целосно сменет формат.
Сеа на ред се Милан, одлична прилика за моментум у сезонава, сега ако не го искористат незнам кога, во доста деликатна состојба се они и тој притисок што им е натоварен на грб ( башка со Зенит играат сега, језиво гостување во Русија ), фактот што немаат играч кој може да направи разлика и на кој со сигурност ќе можат да се потпрат, едноставно мора да се оди на победа тука ко да нема утре, м-о-р-а, не се ни во состојба да калкулираат, односно и со реми да се задоволни.