Фан Клуб: Вардар

TheTrooper

Психијатриски случај
Член од
27 април 2009
Мислења
6.830
Поени од реакции
6.384
.И тој дечкото/детето што мава на тапанот колку години има? На јужна тие до мене пуштија муабет дека било некое мало дете?
Ако е тој на кој што мислам дека целиш,тој има некаде 17 години +/- 1 година.Арно ама изгледа како да има 12-13,тек сега ко да влегол во пубертет.Пред некоја година и бетер беше,како 10 годишно детенце изгледаше.
 
AL.

Член од
22 јануари 2009
Мислења
12.610
Поени од реакции
5.016
Чек,чек што е муабетот со тоа Шура ти ли си бе ? Отприлика знам што можи да е,но да потврди некој нема да биде лошо ... :D
 
Член од
4 јуни 2009
Мислења
11.521
Поени од реакции
29.022
Чек,чек што е муабетот со тоа Шура ти ли си бе ? Отприлика знам што можи да е,но да потврди некој нема да биде лошо ... :D
Ако јас сум со сестрати ти ми паѓаш шура т.е. сестрите на Чкембари се наши и од таму доаѓа тоа Шура ти ли си :)
 
Чичко Кумплунг

деца на транзицијата
Член од
3 декември 2011
Мислења
4.194
Поени од реакции
4.400
Ја заеба денес формацијата Боби.
Ни под разно не требаше да ги пушти Игор,Борче и Остоја заедно...
Во средина немавме играч кој ќе ги спречува нападите на Палистер,требаше Темелков да биде у прв состав.
А и преку кур ми стана веќе од Борче,само се шета по терен.Изигра добро со Работнички и од тогаш е дудук.

Чим го немаше Пеџа у состав,сигурно се работи за некоја повреда.

И лошо функционира одбраната кога заедно тандем се Бојќе и Таневски.

Ни фали Хорхе,нема продорност без него по десна страна,и плус одлично соработуваат со Мичка.Петров ми е некако изгубен.

Ако играме како денес,го јадеме од Шкендија,ама ако играме како што игравме пред Силекс,ќе биде обратна ситуацијата.
 
Член од
3 мај 2012
Мислења
534
Поени од реакции
1.662
Деновиве бев на релација Скопје - Струга, по пат низ Тетово, Гостивар, Зајас, Кичево и гледајќи што таму се случува си мислев колку ни треба национално единство, а Комити и Чкембари (први кои би требале да ја бранат Македонија) се пцујат меѓу себе... некако ми нема логика, заеби традиција и вечни ривалства ... еден ден би морало да се обединиме...
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.942
Поени од реакции
73.601
Пфф во Тетово 100000000% ја губиме утакмицата... Која разлика ја има еден само кога ќе ни отсуствува :tapp:
Петров дава голови, ама играч неможе да помине...
ХОРХЕ врати се! :)
Георгиев, само трча, многу слабо изигра во мечевите откако го земаа за репрезентација. Изгледа само пред селекторите убаво игра...

Средината нема креативец, ако не е Пеџа во составот. Оса има смисол за пас, време е веќе да го враќа во игра. Можда е време Стјепановиќ да го седне на клупа, па и Темелков. Нека стартува со Оса и Пеџа. Ако го нема Пеџа, ондак со Оса и Стјепановиќ.
Стојаковиќ нека си игра полушпиц, Костовски шпиц, Маневски џокерот.
Гешоски шут карта.

Незнам дали забележавте многу ротираа Георгиев и Петров. Петров неколку пати влегуваше од лево, Геопргиев од десно...
А и со Дрита така го дадовме првиот гол. И денес Петров даде гол од лево.

Незнам дали е вистина другар ми наводно на мечот со Дрита (го гледал на ТВ) примерил како се скарале георгиев и Петров. Наводно Петров му пререкол дека е очаен, па овој му вратил во стил тебе да те видам на оваа страна. Кога даде гол Петров од лево, наводно Георгиев не се израдувал.

Едно е сигурно ни требаат промени во одбраната.

Захов нека си остане на голманска позиција.
Во одбрана ни требаат нови бекови. Мислев Мичка може да се носи ама се полошо и полошо игра. Преспор е за бек, а и нафрлањава му станаа очајни.
Значи јас би одел со млад сдесен бек, и со некој асален лев бек. Доста се тресам со Цикарски.

Голмани: Захов, Симов
Одбрана: Нов десен бек, Мичка ко замена, Таневски, Вајс, Бојовиќ, Нов лев бек, Бошковски ко замена
Средина: Петров, Хименез по десно, Темелков и Стјепановиќ како DM, Пеџа, Оса може и како средњак, Георгиев, Цикарски лево крило
Под итно Пеџа да влегува во форма, инаку еден од Оса, Стјепановиќ или Темелков треба да лета и да се донесе мозок играч

Напад: Костовски, Маневски, Гешоски за куп мечеви :D
 
WESLEY 10

В А Р Д А Р Е Ц !!!
Член од
6 јануари 2010
Мислења
1.925
Поени од реакции
332
Деновиве бев на релација Скопје - Струга, по пат низ Тетово, Гостивар, Зајас, Кичево и гледајќи што таму се случува си мислев колку ни треба национално единство, а Комити и Чкембари (први кои би требале да ја бранат Македонија) се пцујат меѓу себе... некако ми нема логика, заеби традиција и вечни ривалства ... еден ден би морало да се обединиме...
Другар тоа е ривалство,тоа е навивачко ривалство тоа го има сегде на балканот/европа и нема никад да престане :D
 
Чичко Кумплунг

деца на транзицијата
Член од
3 декември 2011
Мислења
4.194
Поени од реакции
4.400
Во одбрана ни треба резервен десен бек.Мичка е спор,ама има бајаги искуство за во нашава лига.

Според мене ни треба уште едно брзо крило,да има повеќе конкуренција,и уште еден класичен голгетер,неможе секогаш да се вадиме на Јове.
А Маневски како класичен шпиц е тотално изгубен,повеќе му одговара да игра позади шпицот.

И да се донесе конкуренција на Захов,Симов е гола вода.
 
Член од
13 октомври 2009
Мислења
2.640
Поени од реакции
1.240
Незнам дали е вистина другар ми наводно на мечот со Дрита (го гледал на ТВ) примерил како се скарале георгиев и Петров. Наводно Петров му пререкол дека е очаен, па овој му вратил во стил тебе да те видам на оваа страна. Кога даде гол Петров од лево, наводно Георгиев не се израдувал.
И дсенес прво полувреме кога ја испушти нивниот голман или како и да беше а голманот беше подизлезен и стигна до јове и ја убаци на прва статива и им ја фатија отиде у корна а на втора беше Георгиев сам и му се налути на јове зашо не му ја дал па почна да мавта со рацете да се лути а јове се правдаше нешо барем по гестикулација со раце така изгледаше , па Таневски збореше нешо со Георгиев пред да ја изведат корната .

Како и да е изглеа тој фраерот дига чалам , треба да го спуштат на земја . Месец дена како е тука и го дига носот
 
Зелен е во главата...
Кога му се игра игра, кога не спие...

Да има малце памет како Пандев да речеме ќе биде ГОЛЕМ играч. Затоа уште е во лигава пошто уште е детуле зелено. Кога ќе му прдне ќе ја опали а има подобра ситуација да додаде, кога има чисто нафрлање пробува со ножички да даде гол...

Треба да му одржат лекција, не смее да се испушти таков талент...
 
Член од
3 мај 2012
Мислења
534
Поени од реакции
1.662
Другар тоа е ривалство,тоа е навивачко ривалство тоа го има сегде на балканот/европа и нема никад да престане :D
Јасно ми е мене тоа, ама ние си имаме ситуација во Македонија и мора да постојат приоритети... Поготово Комитите што носат толку славно име и пеат за Гоцевите идеали, Комитите треба да се едни од оние што искрено ја сакаат секоја педа од Македонија, и секој Македонец :) А кога има услови нека си има и ривалства
 
Чичко Кумплунг

деца на транзицијата
Член од
3 декември 2011
Мислења
4.194
Поени од реакции
4.400
Они пеат албанско Скопје,што треба да праиме,со толумби да ги чекаме ?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom