Вино-Скоп 2012 (10.10.2012 -14.10.2012) - Плоштад Македонија

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Локација
Некаде далеку...
Шестиот интернационален Вино-Скоп традиционално и оваа година на Плоштад Македонија. Настанот ќе се оддржи од 10-14 октомври, а настанот ќе го отвори настапот на Игор Џамбазов со Харе Гуру Бенд. И оваа година ќе има штандови од различни видови на вина од винариите на Тиквеш, Бовин, Сковин, Стоби, Шато Камник, Визба Валандов, Дудин, Имако, Попов, Попова Кула, Филовски, Шато Сопот, Картал, Пивка, Изворно, Винарија Охрид, Вардарска Долина, Радевски и плус свои штандови ќе имаат и Пелистерка и Алтан Ракија и ќе има и за јадење од “Жи-Ва“.

Какви се вашите генерални впечатоци од претходните години и планирате ли пак да одите?
Ова ќе биде генералната тема за дискутирање, договарање, коментирање и слично.

Мене ми се допаѓа планирам да одам на настапот на Игор...(y)

Еве го и настанот на Фејсбук.
Тука може да ја најдете и нивната страна за новости и слично. :)
 
Вреди да се отиде, особено на отварањето, да се погледне одблизу маестралноста на Игор. Се на се убав настан е ова и треба да се одржи оваа традиција и во иднина.
 
Ќе гледам да одам, ми се допаѓа настанот. Ако сакате, може да се договориме и повеќе души да тркнеме заедно.
 
Ова е програмата за првата фестивалска вечер на Виноскоп:

19:00-20:30 АЈДАРЕД

20:30-21:00 СОУ ЈАНЕ САНДАНСКИ

21 :00-22:30 НИНО ВЕЛИЧКОВСКИ

22:30-23:45 СЕМКА

23:45-00:15 Игор Џамбазов

00:15-02:00 Hare Guru БЕНД

Ова е програмата за втората фестивалска вечер на ВИНОСКОП

12 - 15 Чалгии

15 - 18 тамбураши

19:00-20:30 КАЛЕВАЛА

20:30-22:00 NRG BEND(KS)

22- 00 НОКАУТ

00- 02 СКАНДАЛ САСТАВ

Следува програмата за третатат фестивалска вечер на ВИНОСКОП

12 - 15 Чалгии

15 - 18 Чомбе и тамбураши

18:00-21:00 Чалгии

21:00-22:30 Syntetic wave

22: 30-23:30 Shine

23:30-01:30 Миле Кузмановски

Следува програмата за четвртата фестивалска вечер на ВИНОСКОП

12:00-15:00 Лили

15-18 Тамбураши

19-21 Нина Јaнева

21-23 Тони Китановски и
Черкези

23: -01:00 BAILDSA(GR)

01:-03 KAL BEND (SRB)

Следува програмата за последната фестивалска вечер на ВИНОСКОП
12 - 15 Лили

15 - 18 тамбураши

19 - 20:30 Panche

20:30- 22 OFFCESTRA (KS)

22- 00 Baklava

00-02 Венко Серафимов и Мики Јовановски - Џафер
 
Никогаш не сум била на настанов, а би сакала да дојдам, бидејќи сум голем љубител на вино. :D
И програмава не е лоша, ах уште да имав друштво. :(
 
Беше некој вчера на Игор Џамбазов да сподели импресии? Ме интересира како било, јас за жал не отидов. :(
 
Беше некој вчера на Игор Џамбазов да сподели импресии? Ме интересира како било, јас за жал не отидов. :(

Па беше супер. Си испеа човекот како што треба...оној негов блуз што стварно му лежи на душа. Таман си беше атмосферата...со чаша вино во рака и добар блуз :) . Во секој случај имаш пропуштено добра забава. Требало да отидеш вчера.
 
Одличен Вино-Скоп 2012, оваа година ми се допаѓа организацијата сто е поставен на плоштадот и има повеќе простор за шетање за разлика од другите години ама им замерувам тоа што го затвараат од сите страни како да се наоѓам во золошка градина и мора да влезам од 2-3 влеза а може да биде отворено, и конечно веќе мора да постават WC-ња па како да пиеш вино а да не можеш во WC да отидеш :confused:
 
Од Сковин има флаша од литро за 100че, релативно добро вино за тие пари. За друго немам видено цени.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom