Primary Colours.
Вака се вика албумиштето. Нема утка во ниедна песна, иди како пост панк, со алтернатива. Сум го заборавил бендов, случајно налетав повторно.
Uni_form својот деби албум го имаа пуштено под наслов Interpol album 2010. Се истрчав да го симнам бидејќи во таа година требаше да излезе новиот албум на Интерпол. Вокалот беше многу сличен, музиката исто. Но по некое кратко тумачење дојдов до заклучок дека е друг бенд во прашање, прошуркав и најдов. Иронијата за да биде поголема, подоцна излезе албумот од Интерпол кој според мене беше послаб од овој на Uni_form