Кошаркарска репрезентација на Македонија

Член од
21 март 2012
Мислења
3.277
Поени од реакции
3.055
Словенците подготвуваат спектакл на ждрепката за групите на ЕП 2013

http://www.mkd.mk/62271/sport/slovencite-podgotvuvaat-spektakl-grupite-za-ep-2013-ke-se-odredat-na-115-metri-po-zemjata-video/
.

Нека ни извлечат група Литванија,Хрватска,Полска,Турција и Србија и можат слободно да си останат под земја.
 
Член од
25 јуни 2012
Мислења
2.497
Поени од реакции
2.407
.

Нека ни извлечат група Литванија,Хрватска,Полска,Турција и Србија и можат слободно да си останат под земја.
Мислиш вака нема да успееме.:confused: Излези момче право на тераса... МАКЕДОНИЈА!!! Секако дека ќе успееме.:vozbud:
 
Zaphod Beeblebrox

Поранешен покул Божино
Член од
7 јуни 2008
Мислења
16.676
Поени од реакции
21.233
Најлесна група би ни била:

Македонија
В. Британија
Германија
Украина
Летонија
Чешка
 
Член од
9 април 2009
Мислења
3.183
Поени од реакции
3.830
војдан денес играше прва постава во поразот на доњецк против ле ман. даде 9 коша и направи 2 скока, со 100% учинок за 2 поени 3/3 и 33% учинок за 3 поени 1/3...
 
MiaSanMia

Chipolopolo
Член од
7 април 2012
Мислења
9.974
Поени од реакции
8.682
Ja ne bi gi posakal Svedska vo nasa grupa.Sepak za niv igra Jerebko i Maraker,koi se dosta silni pod kosevite a Jerebko isto e dobar suter .Igra vo Nba a i solidno go pokazuva svojot talent pa nesomneno e deka ke bide golem problem ako mu trgne.:)
 
Македонеро

Домаќин
Член од
15 декември 2008
Мислења
3.488
Поени од реакции
1.863
Зошто без Бо? И он ли откажа, нели изјави дека нема да се откаже? :S
Уште ништо официјално не се знае,ама слушнав еднаш на спортски вести дека Бо изјавил ако Антич и Илиевски не играат за репрезентација дека и тој нема да игра,колку е вистина стварно не знам.

П.С Кога сме веке кај Илиевски

Илиевски потпиша договор со Цедевита

Текст: Макфакс
Кошарка | 27 септември 2012

Владо Илиевски, е нов играч на хрватскиот тим Цедевита, еден од фаворитите за освојување на титулата во регионалната АБА лига.

Поранешниот македонски репрезентативец, кој до последен момент се споменуваше и како можно засилување на МЗТ Скопје Аеродром, минатата сезона играше во екипата на Локомотив Кубан, со која го раскина договорот.
32-годишниот Илиевски во екипата на Цедевита, која ќе настапува и во Евролигата, повторно ќе соработува со тренерот Божидар Маљковиќ, двајцата во минатата сезона беа дел од Локомотив.
 
Член од
21 март 2012
Мислења
3.277
Поени од реакции
3.055
Уште ништо официјално не се знае,ама слушнав еднаш на спортски вести дека Бо изјавил ако Антич и Илиевски не играат за репрезентација дека и тој нема да игра,колку е вистина стварно не знам.
Наши вести и вистина се две различни работи.Они и за Врбица правеа дека ја напушта репрезентацијата дека не бил задоволен па испадна дека идел во Италија чисто заради пари а за репрезентација ќе продолжел да работи.

Бо имаше изјава дека во кој клуб игра нема никаква поврзаност со неговите игри за репрезентација што за мене кажува многу ( со оглед да му беше целта само да си дигне цена веќе го направи истото а и немаше потреба да се крши за секоја топка ако ја имаше истата цел ),дали ќе игра Бо нема никаква поврзаност со Антич и Илиевски ( од кој двајца Антич 100% ќе игра на следното Европско само глуми принцеза сега и чека да го молат ) .

Ако не игра пак Бо ќе играме со Грин може нема да стигнеме до четврт финале али група сигурно ќе поминеме.

А Антиќ кажа која му е причината за напуштањето на репрезентацијата?
 
Член од
21 март 2012
Мислења
3.277
Поени од реакции
3.055
А Антиќ кажа која му е причината за напуштањето на репрезентацијата?
Сака да го молат дека е "навреден" поради целата приказнаа со ФИРОМ и тие кретените новинари што им мрчеа кога се вратија од Венецуела.Следната година пролета ќе му пишат неколку писма со МКФ да го молат да игра и неколку статии по весниците како не можеме без него и ќе се нацрта во репрезентација одма.

Како сите и он има его не разбирам што е тука чудно.

Најважно е сега Лазоски со Работнички кога ќе заврши на претпоследно место во лига да му дадат клоца од репрезентација зошто со човекот не правиме ништо.Имаме квалитен тим али ни треба добар тренерски тим со Лазовски и Србиновски ( дуо-пропалитет ) не идеме нигде.

.
 
Член од
9 април 2009
Мислења
3.183
Поени од реакции
3.830
без секого се може, особено без антиќ. не ни треба таква фаца. појче штета прај отколку шо е корисен на моменти. дисциплина нула. за илиески е проблем, но то е то...
шо треба да се направи...
1.ЧАО за садо мазо-газоски. ПОД ИТНО!!! нов селектор заре или митев
2.ако не игра бо, повик за николов и магдески, тие да играат во прва постава. то би било неверојатно искуство за нив, огромен напредок, а за репрезентацијата нов бековски тандем за наредните 20 години...
3.да им се даде поголема шанса на ѓуроски и николоски (директна замена за гечески), а да се проба и да се донесе мицов, кој му е лут на ивковиќ, а плус и игра на позиција која кај нас е дефицитарна. naumdb постојано го споменува турањанин или како беше, е па малиот потпиша за мзт, нека се викни и тој, нема да има штета...
4.ако веќе не игра антич, а им се дава шанса на магдески и николов, тогаш повик за мејси и чиста работа...
5.шо му фали на еден ваков состав-николов, магдески, в.стојаноски (мицов), мејси и самарџиски...
засега толку...
 
Мицов за Македнија не игра он за Србија си сака и такви искрено не ни ни требаат гомна.Него го интересираше да игра за Србија само за да си дигне цена за продажба.Дуда го викна за репрезентација после толку време плачење по весници,доби типот покана од ЦСКА и одма го одби повикот за репрезентација дека морал да се спрема за ЦСКА:

Од Николов и Магдевски може Николов да биде викнат али и тоа е претеризам дека ќе има 17 и пол години на следното европско да го фрлиш во оган против играчи со по 25-28 години е малце претеризам али сепак дека има квалитет може да биде пробано..Магдевски може да игра пријателски со Македонска репрезентација за искуство и за Србите да не си го направат стандардот и да си го лапнат за нивна репрезентација.

Може Горјан Марковски да биде викнат исто ако се покаже сега во АБА.Не е ни млад.

По мене ваќа ќе изгледа репрезентацијата:

Бо,Костоски/Миркуловски /Соколов ( од овие тројца двајца зависно од кој ќе е тренер и сезона) , Николовски , Антич , Чековски , Самарџиски , Војдан ,Дамјан,Николов,Ѓуроски и уште една или четворка или шутер,ако е четворка најверојатно Трајковски ако одигра добро сезонава.

Ако не играат Бо и Антич тогаш за нив замени Грин и Трајковски директни и место четворка шутер дефинитивно како 12 играч.Мејси не ни е потребен бекови ни требаат зошто сме ептен тенки на таа позиција.

.
 
Толстој

екс Бомбастичен
Член од
28 септември 2012
Мислења
11.920
Поени од реакции
11.945
Вака беше и пред на почне ЕП во Литванија.. Пс, некои не ни знаеа дека Македонија настапува во Литванија. После поразот од Црна Гора и лошата игра никој не веруваше во тоа што на крајот го направивме. 4-ТО МЕСТО!!

Ве замолувам, верувајте во Македонија тие имаат шест играчи на теренот, ПУБЛИКАТА да бидеме со нив како што бевме во Литванија па и повеќе 2.000.000 грла нека ечат НАПРЕД МАКЕДОНИЈА!
 
Kajgana Shop

На врв Bottom