Ѕвезда на тапет (Вес Андерсон)

  • Креатор на темата Креатор на темата RocknRolaa
  • Време на започнување Време на започнување
Се поштуе.

Ама ако модераториве сакаат дискусија, мислам дека луѓево ќе се испоубијат за Jason Statham. :D
 
A шо викате за
images

или
images

?
 
Јас сум за Џејсон

уште ми трае тоа од револвер... :D
 
Psyside јас немам проблем да го ставиме било кој од предлозиве, но конкретно за Тим Рот не ми се верува дека ќе има некоја дискусија. Затоа и гледаме да ставиме, имиња што повеќе се вртат во мислења, да не речам помејнстрим познати. :)

Ама ми се допаѓа предлогот за Леонардо ДиКаприо. Има доста сработено човекот, па можеме доста да зборуваме за него. Затоа бујрум, го ставаме на дискусија.

tumblr_m4inqsNttz1r6ifd5o6_1280.jpg


Младичот кој некогаш одигра феноменална улога во Што го мачи Гилберт Грејп, за потоа да го намалува квалитетот на изведба.

Што се случи со Леонардо? Јас имам некој став дека очајно сака да освои Оскар, но дека премногу кокетира со блокбастери. Лесно е да одиш на сигурно, но камо независни проекти или улоги кои не се под палка на Скорсезе и останатата елита на режисери кои на некој начин гарантираат успех.

Што мислите за неговата работа, што ви се допаднало, а што не? И дали ја изгуби човекот својата магија во Холивуд? Мене се ми се чини дека мислеа оти ќе биде новиот Бред Пит, ама некако јок таа работа.
 
Еве јас ќе го кажам мислењето на 90% од машката популација во светот:

Заради Титаник сите мислеа дека е некое лигле и дека е just another pretty face ама со тек на време стануваше се подобар и подобар т.е. имаше се позабележителни улоги. И така после пар мега-хитови во кој и те како се покажа може слободно да се каже дека Ди Каприо е неверојатен актер
 
Гледам го дискутирате маж ми...:icon_mrgr:

Шала на страна, го обожавам Леонардо како актер, речиси секој филм со него ми се допаднал и сметам дека во секој проект влага со страст и со желба да го извади најдоброто и обично тоа го успева. Има палета на филмови кои ти се мерак да ги гледаш како “Дневникот на еден кошаркар“, “Што го мачи Гилберт Грејп“, “Плажа“ (овде посебно има неверојатна улога), “Бандите на Њујорк“, “Фати ме како можеш“, “Departed“, “Шатер Ајленд“, “Инсепшн“, “Авијатичарот“, “Крвавиот Дијамант“... За мене се разбира и Титаник (шта ќеш кад сам емотивац:icon_mrgr: ) и одлично го глуми Ромео во “Ромео и Јулија“. Работи со големи имиња, затоа што големите имиња го сакаат и бараат него и од она што можам да забележам од неговите интервјуа (а речиси сите ги имам гледано:oops::icon_mrgr: ) прилично е скромен и благодарен на сите можности кои му се пружени и на многу места и многу луѓе сметаат дека е еден од подобрите глумци во последниве години и јас се согласувам со нив секако.:love:

П.С. Не сакам да се запознаам со него, пошто не дај Боже да ме запознае, ќе се заљуби на прв поглед, ќе батали и кариера и све и филмската индустрија ќе страда...:icon_lol:

П.П.С Уште подобро што не е новиот Бред Пит, пошто да беше така сигурно немаше да ми биде меѓу омилените актери...:ROFLMAO:
 
Органски не можам да го поднесам, а го видам во филм нервоза ме обзема. Ко лебот од маса да ми го зема, али ич не ми е по кеф.
 
young DiCaprio (This Boy's Life, Basketball D., Gilbert G.,....) >>>>>>>>>>>>>>>>old DiCaprio (не можам да издвојам филм во последниве може 15 години во кој ми оставил впечаток, ваљда ќе ме демантира у Џанго, Гетсби или новиот од Скорсезе).

Титаник, Ромео + Ј. ми се одбивни филмови, The Beach исто не ми е по мој вкус, па за овие не можам да коментирам...

Како што кажа Рокенрола, се изгуби чоеков...
Еве јас ќе го кажам мислењето на 90% од машката популација во светот:

Заради Титаник сите мислеа дека е некое лигле и дека е just another pretty face ама со тек на време стануваше се подобар и подобар т.е. имаше се позабележителни улоги. И така после пар мега-хитови во кој и те како се покажа може слободно да се каже дека Ди Каприо е неверојатен актер
да не мислиш на Бред Пит...? :D
 
Квалитетен актер е, никогаш не сум го гледал како само лепотан што треба да краси филмско платно најверојатно зашто првите филмови кои му ги имам гледано се

(This Boy's Life, Basketball D., Gilbert G.,....)

во кои ме воодушевил. На прсти се бројат актери како него кои уште од мала возраст пројавиле таков неверојатен талент. И баш ми се допаѓа во Ромео+Јулија, лесно филмче типично како за Лухрман, нема пеење ама ги има Кардиганс. Уживанции.
За Титаник немам што да кажам зашто до ден денес не ми е гледан, уште од кога 98/99 не ме пуштија во кино Манаки да го гледам и тоа со купена карта затоа што изобилувал со сцени кои не се погодни за млади гледачи и завршив на крај во Култура Сам Дома 3 да го гледам. Плажата и Фати Ме Ако Можеш му се доста квалитетни филмови а особено првиот ми е доста прилегнат за срце. По мое мислење најдобар филм на Бојл после Тренјспотинг. Последен филм во кој го гледав е Џ. Едгар ама апла се гледаше дека со сила се напрега за оскар да освои и не го уживав филмот. Како што кажа Влатко и ја ги чекам Гетсби и Џанго и се надевам нема да разочара.
 
Мислам дека Леонардо Дикаприо беше еден од оние кои спиеле во приколки и одвај врзувале крај со крај. Негде одамна читав ама не сум сигурен дали нешто од тоа беше вистина. Многу ми е мило кога ќе читам приказни за големи успеси и од ништо-нешто и ако беше така ( RocknRolaa , колку е веродостојна приказнава?) секоја чест за Дикаприо, многу квалитетен човек, негов омилен филм ми е What's eating Gilbert Grape, дури чепкањето нос го импровизирал сам, значи се работи за креативна личност исто така, надвор од шаблонот, пробува да се внесе сто процентно во улогата.
Иако филмов го гледав подоцна отколку неговите останати, ми прилегна при срце.

The Basketball Diaries е супер филмче, го гледав многу кога бев мал, се сеќавам дека го изнајмив од видеотека.
Многу потценет филм кој не знам поради таква актерска постава да е малку "запоставен" и ретко споменуван, Marvin's Room. Ми го препорача една професорка по македонски во прва година средно, била голем фан на Дикаприо, па така дознав за драмава. Тешка драма, напната, со прекрасна глума... интересно - од тогаш не сум го гледал филмов, само еднаш го имам гледано и точно се сеќавам на се од него.

После Гилберт Грејп, морам да спомнам дека најомилен филм кога бев дете ми беше The Man in the Iron Mask. Чудно колку се заљубив во филмов, па од тогаш ни еден друг од тој дел од историјата што го опишуваа - Луи 14ти (или 16ти :D) француската револуција, тројцата мускетари, не ми се допаднал толку. Па колку се плашев од таа маска, не можев да спијам со вечери откако го гледав првиот пат :D

Leonardo-Iron-Mask_610.jpg


The Departed, Blood Diamond, Catch me if you can... ми се свиѓаат онака, не ми се којзнае што ама пак не ми се ни лоши.
Gangs of New York вреди да се спомене, ама тука мислам дека Даниел Деј Луис го украде филмот со глумата.

Филмови кои ги мразам, The Beach и Shutter Island.
Првиот затоа што ми беше многу досаден, вториот затоа што Скорсезе сакаше да ни испенетрира анално со една реченица која ја вметна на крајот, за да не замисли што беше реално, а што не. А тука пак не ми сметаше Дикаприо ниту во двата филма, туку филмовите ми беа сами по себе глупи :D
 
џимеј, ноуп Џим Кери сврзувал крај со крај. Леонардо е дете на хипици кои се дружеле со така позначајни фаци, така да без гајле немал тешко детство или нешто слично.:)
 
џимеј, ноуп Џим Кери сврзувал крај со крај. Леонардо е дете на хипици кои се дружеле со така позначајни фаци, така да без гајле немал тешко детство или нешто слично.:)
Значи да не се секирам. :pos: Знам дека одамна го прочитав тоа негде и така сум го запаметил, нешто во врска со Ромео + Јулија кога читав. :)
Сега ќе го свртам муабетов од омилен во омразен... ко овај:
396484_2913730277349_1735938228_n.jpg
 
Значи да не се секирам. :pos: Знам дека одамна го прочитав тоа негде и така сум го запаметил, нешто во врска со Ромео + Јулија кога читав. :)
Сега ќе го свртам муабетов од омилен во омразен... ко овај:
396484_2913730277349_1735938228_n.jpg

Ама ич да не се секираш. :pos:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom