Филмови, режисери, актери: Генерална дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата tha CaspeR
  • Време на започнување Време на започнување
Наместо да прават два дела од Прометеј, можеа да направат еден подолг филм, без филувани глупави дијалози како што беа на почетокот. Навистина имаше делови што можеа да се скратат или минимизираат. И ако некои работи беа одговорени, помалку ќе беше хејтан филмот, вака и јас се изнервирав искрено. Од црната каша, па до забременувањето и труењето на дечкото на Shaw, до тоа зошто толку добар глумец како Guy Pierce да глуми старец (WTF?), ликот на Charlize Theron ми беше крајно нејасен итн. Дури последната третина од филмот пркна малку во акција и интерес. This all could have been avoided. Но како и да е, и со се ова, пак прилични ми се допадна филмот.
--- надополнето: 25 септември 2012 во 22:15 ---
знае ли некој дали ќе има по торентиве блуреј торент од Авенџерс со избришаните сцени и тој краткиот филм Item 47 ??

Ќе има, ама не сретнав фиксирана дата кога ќе биде. Speaking of the Avengers, дискутиран е до сега?
--- надополнето: 25 септември 2012 во 22:16 ---
Да, беше најавувано како нешто многу јако, и имаше потенцијал да биде еден од најдобрите филмови за годинава, ама пак истовремено тука имаше и еден друг фактор кој на некои луѓе им е познат по дупки во сценарио и ирационални постапки на ликовите. Talking 'bout this guy. Затоа и немав којзнае какви очекувања од филмот и на крај, кога заврши, бев задоволен.

Сега се ми е јасно околу недоследностите и глупостите во филмот. Фала, сега дури и помалку го хејтам, повеќе го сожалувам. Што му текнало на Скот да работи со овој шупак?
 
Единствено неизвесно во Прометеус беше прашањето кога азиецот што е во екипажот ќе почне да зборува :D. Мислам дека првиот збор го изусти негде 30 минути пред крајот... :D
 
Единствено неизвесно во Прометеус беше прашањето кога азиецот што е во екипажот ќе почне да зборува :D. Мислам дека првиот збор го изусти негде 30 минути пред крајот... :D

Грешка си, кога беа на debriefing почна да збори, нели се кладеа со колегата.

Иначе, што не ми се допадна?
Премногу рандом сцени, опасна работа е кога ќе сфатиш дека ти (како гледач) си попаметен од режисерот и сценаристите заедно.

Јас сакам добар sci-fi филм, ама каде што универзумот е добро размислен. Овде, од самиот почеток, преку сите постапки и сцени, филмов беше искрено за луѓе што го пуштиле мозокот на пасење. Не би ми сметало тоа, доколку на почеток не се поставеше дека "ја бараме смислата на животот" и имаше ефекти ала Трансформерс.

Ама вака, со толку споро дејство, ти оставаше време да мислиш за се. На пример, зашто Андроидот го уби Том Харди 2? Зашто му јадеше гомна цело време демек? Нели е робот...

Ова беше само едно рандом нешто што остана мистерија, а после LOST, Линденхоф може слободно матер да си ебе со нови мистерии на кои нема да дава одговори.
 
Мене Прометеј ми беше ОК, ваљда затоа што како што вика Mac)) го гледав со мозокот на пасење, а не ни мислам дека е филм од кој треба да бараме тешки филозофии.. .ама и покрај тоа, сакам да кажам дека ако Линделоф го удри шлепер, нема да ми биде жал, that's all...
 
Одамна не сум гледал толку непотребен филм како Cosmopolis. Клише приказна која не води никаде, главен лик кој во никој случај не може да те заинтересира, споредни ликови кои рандом улетуваат во дејството и одеднаш ги снемува, досадни дијалози кои немаат врска со ништо, неискористени добри актери (Жулиет Бинош, арна ли си?), предвидлив и неинвентивен крај. Глумата на Патинсон не ми се допадна, не знам дали е до него, или до сценариото. Оцената од 5.8 на IMDb е многу за ваква претенциозна досада.
 
Глумата на Патинсон не ми се допадна, не знам дали е до него, или до сценариото.
До тебе е. Што очекуваше од него, да се претвори во Едвард Нортон? :)
Го прекинав филмов после 20-25 минути и така спасив едно саат време од мојот живот.
 
До тебе е. Што очекуваше од него, да се претвори во Едвард Нортон? :)
Го прекинав филмов после 20-25 минути и така спасив едно саат време од мојот живот.
Не очекував којзнае што, ама прв пат го гледам на филм, а имаше коментари на форумот дека не е лош актер. Во Cosmopolis беше генерално лош, таму при крајот малку повеќе се разглуми, па затоа мислев да не е до сценариото. Арно кажа ти дека најдоброто нешто што излегло од Twilight е Ана Кендрик. И нормално дека ќе го прекинеш филмот после дваесетина минути, зашто уште од почетокот се виде дека не води никаде. Не знам зошто јас не го прекинав.
 
Првиот дел и јас го изгледав цел ... и тоа сам !

Bow before me bitches. :D
Кој прв дел?

Новиот Робокап како ке изгледа.

images
Kill me, kill me now...

И што им е на луѓево бе... толку не можат да измислат нови ликови?
 
Има тука фанови на корејски/јапонски филмови?
Јас имам гледано еден корејски филм ама од дамна баш и не ми текнува што се дешаваше.
Филмов почнува со еден човек како седи на песок под еден чадор.И си ужива човеков и од нигде никаде се појавува едно детенце и почнува да му игра тука пред него.
Не знам точно после што се дешаваше знам човеков се шеташе на една фарма за коњи после нешто бараше ама не најде па отиде накај плоштадот и таму најде неколку женски нешто вежбаа јога па му го одземаа вниманието.
Исто имаше и неколку акциони сцени знам имаше една сцена кога двајца старци експлодираа позади типот.
Исто како и во секој корејски филм имаше и некој sci-fi делови.
Знам се шеташе со две женски и од небото почна некој да свршава и све падна бело врз овој и женскиве.
После знам при крај на филм во метро сретна една женска и се заљубија таму ама овој мораше да се бори со еден у жолто облечен ама на крај се заврши хепи енд.
Исто мислам имаше и еден твист среде филмов овој заврши со еден дечко во лифт правеа некои чудни работи ама тоа беше дел од plot-от на филмот.Демек овој е геј цело време оди во сауни и такви места со голи мажи а на крај твистот испадна дека е стрејт кога ја запозна женскава во метрото.
Интересно филмче ама не ми текнува како се викаше.
 
Има тука фанови на корејски/јапонски филмови?

hermione-raising-hand.gif


Со Корејски филмови не сум толку многу запознает освен Old Boy ама од Јапонскиве на Куросава скоро сите ми се гледани освен неколку што се премногу тешки за наоѓање, филм од Такеши Китано не пропуштам, за Мијазаки исто така. Такеши Мике некако можев да го сварам со Ichi The Killer ама понатаму веќе не можам филмовите да му ги гледам. Horrible, horrible human being. За други режисери не ми текнува во моментов освен одредени филмови. Lone Wolf and Cub серијалот филмови ми е многу јак, особено првиот филм. Пред некое време бев загреан за филмови со јакузи и изнагледав бајаги од нив, некои добри некои лоши. Onibi е доста добар а Battles Without Honor and Humanity e ремек дело.
 
Има тука фанови на корејски/јапонски филмови?
Јас можам само еден филм да ти препорачам:
Kokuhaku (2010)
Ако не ти е гледан, пошто помина на дневен ред на форум. За тие што не им е гледан, ќе треба да се помачите да најдете саглам превод, зборуваат многу брзо преводот мора да е точен. Јас најдов од 4-5 обиди...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom