Најдобра слаткарница во Македонија?

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Темава ја отварам за секој да си каже која му е омилена слаткара во неговиот/нејзиниот град, а воедно и да ги упати другите или да им препорачате слаткарница која е популарна, квалитетна во вашиот град, за нареден пат кога некој член ќе оди да знае каде да се обрати. :)

Значи, која според вас е најдобра слаткарница?
По што е препознатлива?
На пример, Апче во Скопје е препознатлива по боза. Јас не пијам боза, но општо е познато дека најдобрата боза ја прават таму.
Значи кога ќе пишете некоја слаткарница, кажете и што препорачувате, односно што е најубаво таму.
Пожелно е и да додадете какви се услугата и цените. :)
 

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.206
Поени од реакции
34.442
Од темата за Апче:

„Јас стварно не можам да ги разберам луѓето кои сеуште јадат слатки кај Апче. Не, сериозно, треба да си ретардињо за да јадеш во таква дупка во која нема ни закачалка каде да си ја оставиш јакната.

Да правиш толкав промет и да не ја реновираш слаткарата пола век, треба да си стипса ипол. За нехигиената башка, гнасно. На секоја втора чаша има остатоци од "сјај". Можам да замислам колку бубашваби имаат во работилницата.

Апче е слаткарница која е долгогодишен белег на Скопје и која им значи на старите Скопјани, ама во денешно време Апче не претставува ништо освен белег на едно време кој е претворен во г'насотилук.

-

Критиката за слатките е на место.
Пофалбата за бозата е на место.
Критиката за хигиената е на место исто така...

И мене еднаш ми ставија боза во неизмиена чаша, полна со меурчиња од "Сјај"... И уште се накурчи таа дебелата теткица со бркови и бемка со влакна, откако ја дадов забелешката за чашата. Џабе добра боза кога Апче е вистинска дупка (шупа со неонско светло). Хигиената им е под секое ниво, услугата исто така... А слатките :гомце:

Боза стриктно во шише од дома.

Слатки и онака ретко јадам во слаткарници. Домашно си е домашно...
Од слаткарница единствено сладолед (и понекогаш боза) зимам.“

Апче излегува од секоја комбинација. Освен за боза.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
1.432
Поени од реакции
2.543
Тука во Скопје, Палма има најдобар сладолед според мене и многу пријатна атмосфера има за седење таму...А за цената - 35 денари е топче сладолед во чаша и 30 ден во корнет...Избор на сладоледи има огромен...Ова лето излегоа некои нови, а меѓу нив имаше ден што се вика Симба - од вишна и чоколадо, преубав...
Једина замерка ми е што никако од портокал не прават сладолед иако неколку пати им сугерирав..Порано имаа мислам...
Летово еднаш во Малага отидов во Центар и тоа на инсистирање од други и нарачав бајадери...Во едната од нив најдов огромно црно влакно...
Во слаткарницата во Веро имаш добри грчки баклави со црно и бело чоколадо и др...
 
L

.Lost Angel.

Гостин
Иако до пред некое време одев по слаткарнициве единствено со добра хигиена и онака слатки најдов во Скопје во Н.Лисиче мислам дека се викаше ла петит :D ако не се лажам. Мада според мене нема некоја супер слаткарница со екстра слатки и сл. :confused: или јас не сум сретнал :)
 
Член од
30 јануари 2010
Мислења
468
Поени од реакции
573
Мора слатките од Апче да се пробаат :icon_lol:, глушец ако не прошета датибам слаткарницата стерилна.
Чоколадната од Аида (помина булдожерот ги истурка дуќаните ама дома ја прават по порачка), после Киндер Торта од Дизниленд, ролатите и ребро слатко од Алфа и то.
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.915
Поени од реакции
41.878
Имам другарка која работи во слаткара и од кога слушнав како ги прават слатките и оние бомбиците им се смеса од се што останува неизедено од муштериите и веќе никогаш не одам во ниедна па макар и цел свет да купува од таму.
 

VLJ

Член од
14 ноември 2011
Мислења
2.277
Поени од реакции
4.314
Имам другарка која работи во слаткара и од кога слушнав како ги прават слатките и оние бомбиците им се смеса од се што останува неизедено од муштериите и веќе никогаш не одам во ниедна па макар и цел свет да купува од таму.
Кажи која слаткара, колку некој да не налета на таквите остаточни слатки.
 

AlternativeF

госпожата од втори
Член од
1 мај 2006
Мислења
4.830
Поени од реакции
7.575
Порано имаше многу добар марципан и гријаж торта во Моцарт, кај Универзална.
Златен стандард се тортите на Канела, папуцаките во Стела (ако постои се' уште) и сладоледот во Ескимо.
 

Воин без Коњ

краток и јасен
Член од
18 септември 2010
Мислења
850
Поени од реакции
1.213
У маало си иам Шехерзада и се незаменливи. Продавницата им е секогаш чиста, уредна, има чисти масички и столови за ако сакаш да си седнеш таму, квалитетна боза, слатки преубави... не сум имал замерка никогаш.

И имаат богами и избор најразличен. Највеќе јас си зиам оние шо се по 30-40 денари од парче. Тие се секс.

Баш у моментов јадам Шарлота-Јагода и Киндер :)
 

Violent Femme

I am as lovely as a dream in stone..
Член од
27 мај 2011
Мислења
725
Поени од реакции
525
Малага имаат најубав сладолед, да не заборавам Шехерезада најмногу поради чоколадните глувчиња иако не ги прават често како порано,омилен десерт од детството :D
 

Tegla

Interista
Член од
20 февруари 2012
Мислења
5.110
Поени од реакции
9.050
Туљумб и боза во Шехерезада <3
 

Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.738
Поени од реакции
18.484
Помина времето на слаткарниците, какви торти и благо има, нејќам да погледнам накај слаткарници т.е. оние класични слатки како што се Еклери, Тулумби и слично.
 

Олимпија

Македонија во срцето!!!
Член од
26 март 2008
Мислења
5.624
Поени од реакции
9.146
Во мојата маалска продавница носат слатки (тулумби, грклани, баклави, еклери) од Мики пром. Убаво се спакувани имаат солидна цена и квалитет.
За торти закон ми се Канела (иако услугата и не им е баш на ниво) а у последно време и Шарлота.
Супер им се во Шарлота тортите, големки, вкусни и со достава до дома.Вработените се љубезни и културни. :pipi:
Иако у последно време се испраксирав за торти, па си ги праам по дома за мерак :icon_lol:
Ситни колачи ретко купувам, пошо и тоа ми иде од рака. Си ги правам со мерак и постојано испробувам нови рецепти. Ако желудник не ги вари (а не ми се десило тоа до сеа) канта сигурно ќе ги јаде :pos:
Најубав сладолед и незаменлив за мој вкус има во Ескимо кај Беко.
Палма имаат супер сладолед, ама не се токму со цените. Се прецениле ептен.
--- надополнето: 20 септември 2012 во 14:41 ---
Малага имаат најубав сладолед, да не заборавам Шехерезада најмногу поради чоколадните глувчиња иако не ги прават често како порано,омилен десерт од детството :D
Ги има во Шехерезада чоколадните глувчиња? :vozbud:
--- надополнето: 20 септември 2012 во 14:47 ---
Иако до пред некое време одев по слаткарнициве единствено со добра хигиена и онака слатки најдов во Скопје во Н.Лисиче мислам дека се викаше ла петит :D ако не се лажам. Мада според мене нема некоја супер слаткарница со екстра слатки и сл. :confused: или јас не сум сретнал :)
Кај е оваа слаткарница поточно? :icon_lol:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom