Слатките на Апче

outcast

login: failed!
Член од
29 јануари 2007
Мислења
424
Поени од реакции
8
Јас стварно не можам да разберам како и покрај огромниот промет што го имаат, не земале некој добар слаткар да ги прави слатките попристојни. Квалитетот им е стварно под било каков стандард, не знам од каде да почнам – дали од тоа што вкусот на една слатка секогаш е различен, кога тестото им се погодило - кога скроз го за**але, шлагот многу често е згрутчен, чоколадниот прелив - прилично лош. А не можам да не ја споменам и хигиената: последниот пат кога видов како ја полнат лимонадата, решив повеќе да не ја пијам!
Зарем е толку многу тешко да направат сето тоа да изгледа попристојно, за атер на најдобрата боза која ја имаат? Што мислите вие?
 
Jane

Кајганџија
Член од
5 февруари 2006
Мислења
3.394
Поени од реакции
114
outcast напиша:

Види вака. Да не чинат слатките нема да имаат ОГРМОЕН ПРОМЕТ. Нели е така?:)
Иначе во Апче сум бил 2-3 пати и неам приметено тоа што тиго напиша за слатките.
 
outcast

login: failed!
Член од
29 јануари 2007
Мислења
424
Поени од реакции
8
Jane напиша:
Види вака. Да не чинат слатките нема да имаат ОГРМОЕН ПРОМЕТ. Нели е така?:)
Иначе во Апче сум бил 2-3 пати и неам приметено тоа што тиго напиша за слатките.
Ех, кога не би ја имале бозата, немаше да имаат ни 20% од тој ОГРОМЕН ПРОМЕТ :) Впрочем кога ќе се спомне Апче - одма се асоцира на бозата, а кога ќе седнеш на боза ќе земеш и нешто благо :helou: Јас редовно таму навраќам, само во последно време што ништо не земам за јадење, исклучиво боза.
 
doti4nata

Drama Queen
Член од
25 септември 2005
Мислења
3.390
Поени од реакции
35
У право си, малце им се тиња колачите...уствари кога како, ама што знам, баш тоа го прави Апче special :):):) Бозата ( легенда што се пие) и тиња колачите, башка ти не знаеш, таму туЉумба и еклер се јаде:smir: хехехехе
 
Мистичен

Човек
Член од
23 јануари 2005
Мислења
13.578
Поени од реакции
1.097
outcast напиша:
Јас стварно не можам да разберам како и покрај огромниот промет што го имаат, не земале некој добар слаткар да ги прави слатките попристојни. Квалитетот им е стварно под било каков стандард, не знам од каде да почнам – дали од тоа што вкусот на една слатка секогаш е различен, кога тестото им се погодило - кога скроз го за**але, шлагот многу често е згрутчен, чоколадниот прелив - прилично лош. А не можам да не ја споменам и хигиената: последниот пат кога видов како ја полнат лимонадата, решив повеќе да не ја пијам!
Зарем е толку многу тешко да направат сето тоа да изгледа попристојно, за атер на најдобрата боза која ја имаат? Што мислите вие?
А јас стварно не можам да ги разберам луѓето кои сеуште јадат слатки кај апче. Не, сериозно, треба да си ретардињо за да јадеш во таква дупка во која нема ни закачалка каде да си ја оставиш јакната.

Да правиш толкав промет и да не ја реновираш слаткарата пола век, треба да си стипса ипол. За нехигиената башка, гнасно. На секоја втора чаша има остатоци од "сјај". Можам да замислам колку бубашваби имаат во работилницата.

Апче е слаткарница која е долгогодишен белег на Скопје и која им значи на старите Скопјани, ама во денешно време Апче не претставува ништо освен белег на едно време кој е претворен во г'насотилук.
 
outcast

login: failed!
Член од
29 јануари 2007
Мислења
424
Поени од реакции
8
Мистичен напиша:
Да правиш толкав промет и да не ја реновираш слаткарата пола век, треба да си стипса ипол. За нехигиената башка, гнасно. На секоја втора чаша има остатоци од "сјај". Можам да замислам колку бубашваби имаат во работилницата.
Абе не стипса и пол. 2 стипси! Ставиле климатизер ама не го пуштаат ни под разно, исклучиво греат на кварцна греалица :zid: Ај тоа што не гледаме каква е работилницата, барем “одделот за прием“ да го средеа малку, аздисале по пари бре..А за лимонадата подобро ич да не кажувам, I couldn't beleive my eyes!
 
Тањушка

pretty mama
Член од
17 јануари 2006
Мислења
365
Поени од реакции
29
Ама воопшто не треба да се арчат зборови. Колачите во Апче се под секаков критериум, гадојна жива, сите со ист крем и тоа одвратен и смрдлив, се разликуваат само по името и преливот.

Ама затоа бозата!!! Леле, леле....Закон над законите! И тука завршува муабетот. Слаткарницата опстојува со години само поради легендата што се пие;)
 
Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.171
Поени од реакции
34.298
Критиката за слатките е на место.
Пофалбата за бозата е на место.
Критиката за хигиената е на место исто така...

И мене еднаш ми ставија боза во неизмиена чаша, полна со меурчиња од "Сјај"... И уште се накурчи таа дебелата теткица со бркови и бемка со влакна, откако ја дадов забелешката за чашата. Џабе добра боза кога Апче е вистинска дупка (шупа со неонско светло). Хигиената им е под секое ниво, услугата исто така... А слатките :pov:

Боза стриктно во шише од дома.

Слатки и онака ретко јадам во слаткарници. Домашно си е домашно...
Од слаткарница единствено сладолед (и понекогаш боза) зимам.
 
TpH_Bo_OkO

Трноризец
Член од
18 мај 2005
Мислења
11.537
Поени од реакции
878
Кога веќе знаете каква е состојбата со хигиената, луѓето кои работат, општиот хаос како што изгледа...Што ве тера да мислите дека бозата ја прават специјално во стерилизирана просторија? Што ве тера да мислите дека тоа што го пиете и покрај што е добро е и чисто?
 
Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.171
Поени од реакции
34.298
Добро е на вкус... Ама може тајната е во нехигиената.
Може заради бактериите кои ги имаат таму, бозата скиснува на посебен неодолив начин.
 
duffy_f

денес те сакам повеќе од вчера
Член од
29 јануари 2007
Мислења
353
Поени од реакции
13
За бозата пошто не ја пијам немам што да кажам ама за слатките мислам дека навистина треба да поработат на вкусот малку.Таму слатките им се сите од исто тесто и со ист фил само формата и името им се различни.
Е единственото нешто што се прашувам е како и покрај тоа што има многу повкусни слатки во други слаткарници Апче е стандард полно.Значи има луге на кои и овој идентичен вкус на слатките им се свига.Па кога е така тогаш нека си јадат и понатаму.На здравје и бозата!!:wink::kez:
 
Marchence

In love with Ssss
Член од
17 мај 2007
Мислења
483
Поени од реакции
1
samo koga ke pomines pokraj apce deluva grozno, a ne da vlezes vo takva dupka i da jades nesto!!!! bljakkk!
A za bozata nemam komentar posto ne pijam, ne za drugo gadna boja mi ima( ko karton rastvoren vo voda)
 
Medea

Облинеса
Член од
25 април 2007
Мислења
2.973
Поени од реакции
3.269
ако сакаш да јадеш 8 вида слатки со крајно некреативни имиња, и демек различен вкус, тогаш пробај, а вистината е дека сите слатки се со ист состав(густин, место ванила крем, маргарини и бош чоколада),се иде на квантитет,место квалитет, масите се сироти, и уште посирото стојат на кривиот тротоар, а згора на се,толку е гнасно внатре, што ти се одмилува секаква идеја за слатко, или боза, како и да е...Нека се среди под итно, зошто ужива стара слава,само не знам зошто луѓево уште јадат таму?
 
Член од
8 август 2007
Мислења
1.541
Поени од реакции
48
Штета што се на пат да го изгубат она што многу тешко се стекнува - традицијата и имиџот на брендот. Нема некој што не знае за бозата од Апче.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom