мкд владе
arch-enemy
- Член од
- 21 ноември 2009
- Мислења
- 18.865
- Поени од реакции
- 23.256
Ако ти воопшто го свати цел муабет тука што се прави јас ку.от ке си го сечам.Абе мкд владе ти по природа изглеа си стиснат малце и за тоа така скапо ти се чини се
Јас лани бев во германија (повеќе градови - шетање) и да кажеш дека во Минхен сокот ти е скап,или еден оброк (оброк ипол цел ден те држи) од 2 евра ти е скапо е греота. Патем со 200 евра бев 10 дена и купував што сакам да јадам, и останаа дури за патики и облека нешто. Значи со една плата од 2-3 илјади евра ти си цар (од нивна средна класа ).
Каде спомнав дека јас бев Минхен како прво и каде спомнав дека плаќав било што. Мислам во ред сакаш да се вклучиш во муабетот, да кажиш нешто паметно. Ама барем читни некој пост наназад онака од општа култура што би рекле.
И аман со детски маубети.
--- надополнето: 13 септември 2012 во 21:45 ---
Ете се е кажано, кој сака нека повели. Подобри услови од ова незнам кој би посакал. Само напред додека сте млади оти после жена деца фамилија никаде нема да мрдните. Па и да не успеете битно нема да ве грижи совеста дека не сте ни покушале.Оние кој завршуваат медицина кај нас им треба само положен б2 Германски јазик и желба за Германија. Значи аплицираш на 5 места, три ти плаќаат превоз и смештај до интервју, а две ти прават на скајп. Значи сите медицински лица во земјава очекувам да го научат Германскиот јазик и да заминат. Од медицински сетри, техничари, болничари, доктори, специјалисти, фармација, стоматологија и дополни ако нешто пропуштив. Исто и за инжињери, технолози, биотехнолози, физичари, хемичари итн.
Мислам сите потребни информации се дадени, изговори или пречки повеќе јас не гледам.
И запомните храбрите ги прати среќата.